Прејди на содржината

Гоно Јотов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоно Јотов
Роден 1880
Ениџе Вардар, Егејска Македонија
Починал 12 февруари 1911
Ниси, Егејска Македонија

Георги Јотов, наречен Гоно, познат како Гонос Јотас или Јоргос Јотас (грчки: Γκόνος Γιώτας, Γιώργος Γιώτας) — македонски гркоман и андартски капетан, учесник во грчката Борба за Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Гоно Јотов е роден 1880 година во Ениџе Вардар (Пазар). Татко му бил од патријаршиското село Кадиново [1]. Според некои извори, бил прв братучед на војводата Апостол Петков од Македонската револуционерна организација[2], во чија чета порано бил комита од 1900 до 1904 г.[3].

Четите на Гоно Јотов (седнат десно ) и Апостолис Матопулос (седнат лево). Втор од десно е Стефанос Папагалос.

Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда, Јотов застанал на чело на една андартска чета во реонот на Ениџевардарското Езеро. Гоно како месен жител ги координирал дејствијата на подоцна пристигнатите андартски чети под команда на Аграс (Телос Агапинос), Никифорос (Јоанис Деместихас) и Акритас (Константинос Мазаракис).

Овие чети биле првенствено составени од Грци и тие не ги познавале месните услови во Македонија ниту пак јазикот на Македонците.

Овие неколку андартски чети, сместени во околината на Негуш, ја започнале борбата за Ениџевардарско со војводата Апостол Петков од Македонската револуционерна организација.

Гробот на Гоно Јотов.

Четата на Гоно зедно со првата организирана грчка чета - таа на капетанот Петрилос (Константинос Буковалас), почнале да вршат притисок врз неколку егзархиски села да се откажат од Бугарската егзархија и да преминат кон Цариградската патријаршија Зорбатово (денес Микро Монастири), Кангалич (Врахија), Крџалиево (Адендро) и Постол (Пела).

Во март 1905 година Гоно со својата чета се сместил во колибите Чекрии, Али и Лака и заедно со штотуку пристигнатата андартска чета на капетан Аграс ги нападнал егзархиските села во областа СланицаСвета Марина (Агија Марина), Јанчишта (Агиос Георгиос), Агоре, Голо Село (Акролимни), Луковица (Палеа Ликојани), Бозец (Атира).

Плоштадот „Гоно Јотов“ во Ениџе Вардар, каде што се наоѓа неговиот споменик

На 14 ноември 1906 година четите на Гоно и капетан Аграс ја нападнале базата на Апостол Петков кај селото Жервохор (Палео Зервохори), но според Христо Силјанов тие биле одбиени и имале девет убиени и неколку ранети души, а меѓу нив бил и самиот Аргас [4] Грчки извори тврдат, дека ��ндартите постигнале голема победа.[5] .

Гоно со својата чета од 35 души ја продолжил борбата со Апостол Петков во текот на 1907 и 1908 година сè до Младотурската револуција.

По Хуриетот, Гоно продолжил да врши притисок врз егзархиските села во ениџевардарско и негушко за да преминат кон Цариградската патријаршија.

Кон крајот на 1908 година бил принуден да замине за Атина. Таму со собраните пари си купил хотел и се ставил на располагање на грчкиот генералштаб.

По враќањето во Македонија, Гоно бил предаден од докторот од Антонаки и капетан Апостолис Матопулос и на 12 февруари 1911 година кај селото Ниси во Урумлакот[6].

  1. Кадиново на сайта на Дем Александър Велики[мртва врска]
  2. "Ο εμφύλιος τον προτομών". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000
  3. Πηνελόπη Δέλτα. "Στα μυστικά του Βάλτου", 1937, σ.383-384
  4. „Христо Силянов. Борбите към Енидженското езеро, ч.2 (из „Освободителните борби на Македония", т.II)“. Архивирано од изворникот на 2012-12-13. Посетено на 2011-01-08.
  5. Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών
  6. Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΟ ΝΗΣΙ[мртва врска]