Прејди на содржината

Постол

Координати: 40°48′N 22°31′E / 40.800° СГШ; 22.517° ИГД / 40.800; 22.517
Од Википедија — слободната енциклопедија
Постол
Πέλλα
Чешма во центарот на Постол
Чешма во центарот на Постол
Постол is located in Грција
Постол
Постол
Координати: 40°48′N 22°31′E / 40.800° СГШ; 22.517° ИГД / 40.800; 22.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
Управа
 • ГрадоначалникВасилиос Ксирос
Површина
 • Вкупна3 км2 (1 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003600000036 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.450
 • Густина820/км2 (2,100/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.580 05
Повик. бр.23820
Рег. таб.ΕΕ
Древниот град Пела

Постол (грчки: Πέλλα, Пела, до 1926 г. Άγιοι Απόστολοι, Агии Апостоли; до 1975 г. Παλαιά Πέλλα, Палеја Пела, турски: Alaklise, Алаклисе) — гратче во централниот дел дел на Егејска Македонија, на местото на некогашниот град Пела — престолнина на древна Македонија. Градот е административен центар на истоимената Општина Постол и се наоѓа во Постолскиот округ.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Постол се наоѓана 10 километри југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар) 40 километри северозападно од Солун, сместено на надморска височина од 60 метри[2]. Сместено е во плодната рамнина на големата низина на Солунското Поле. Блиску до него минува главниот пат од Солун за Ениџе Вардар, а атарот зафаќа површина од 30 квадратни илометри. Постол е прилично богато село, бидејќи располага со многу плодно земјиште, при што главните производи се жито, памук, овошје и сточарски преработки[2]. Под самото село крај главниот пат постојат извори од кои со вода се снабдувал античкиот град Пела, престолнината на Александар Македонски која се наоѓала токму тука, за што сведочат ископините во чии рамки постои и музеј[2].

Историја и население

[уреди | уреди извор]

Пела во древноста била голем град, по Ајга била престолнина на античко македонското царство каде е роден Александар Македонски. До XIX век, Постол зафаќал наоѓалиште близу до горниот град, а долниот град се протегал до мочуриштата на Црна Река (денес Мавронери).[3] Селото е исто така родно место на Крсте Мисирков. До 1924 селото било населено исклучиво населено со македонско население и според К’нчов имало 520 жители, според Бранков 720, а според Милоевиќ се состоело од 80 македонски куќи[2]. Бројната состојба на населението според пописите се движела: 1913 - 560, 1920 - 737 жители. Во 1924 во Бугарија принудно биле иселени 99 Македонци на чие место биле населени бегалски семејства од Источна Тракија со вкупно 675 бегалци, со што така станало мешано село[2]. Понатаму бројноста на населението се движела 1.437 жители во 1928 година, 1.673 во 1940 година, 1.852 жители во 1951 година, 2.146 во 1961, 2.111 во 1971, 2.272 во 1981 и 2.374 жители во 1991[2]. Соодносот на македонското население спрема бегалците е 50-50%, а според статистиката на НОФ од 1947 година во селото живееле 750 Македонци, 750 бегалци и 50 Власи[2]. Во текот на Втората светска војна и Граѓанската војна селото, посебно Македонците било подложено на терор, поради што неколку семејства и поединци побарале засолниште во Република Македонија[2].

За време на византискиот и отоманскиот период, на словенските јазици градот бил познат под името Свети Апостол или Постол[4], и на отомански турски како Allah Kilise/Алах Килише 'Господова Црква'.[3] Името Пела заживеало повторно во 1936 г.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта
  • Пела — древна престолнина на македонската држава
Цркви

Св. Петар и Павле“ од 1867 г

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Х. Тодор. Населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1998. I дел, стр. 77
  3. 3,0 3,1 Grande Encyclopedie, s.v. Pella
  4. Тодор Христов Симовски, Населените места на Егејска Македонија (Скопје 1998), ISBN 9989-9819-4-9, стр. 77.