Прејди на содржината

Цено Куртев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цено Куртев
Роден 1877
Златица, денес Бугарија
Починал 2 април 1905
Драмче, денес Република Македонија

Цено Куртев е бугарски подофицер, револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Првите години

[уреди | уреди извор]

Цено Куртев е роден во Златица во 1877 г. Служи како подофицер во 24-ти Црноморски полк во Бургас. Член е на ВМОРО од 1900 г. Активен член на Тајните македоно-одрински подофицерски братства. Во крајот на јануари 1903 г. Куртев влегува во четата на Михаил Герџиков, која што навлегува во Одринско да го подготви населението за претстоечкото востание.

Илинденско востание

[уреди | уреди извор]

Учествува на конгресот на Петрова нива во текот на јули 1903 г., на којшто е определен да го раководи востанието во Василикоска околија во реонот на село Резово.

Во тој реон востанието започнува на 3 август, кога четата на Цено Куртев напаѓа и убива тројца стражари во Резово, коишто се обидуваат преку насилие да ги соберат пушките на населението. На 4 август четите на Цено Куртев и Петар Ангелов ја напаѓаат турската војска во село Маџура.

Судирот продолжува 5 часа. Осумнаесет турски војници се убиени, а двајца – заробени. На 6 август четата на Цено Куртев го опсадува турскиот гарнизон во село Корфу Колиби . Судирот продолжува два дни и дури на 7 август вечерта преживеаните Турци успеваат да избегаат [1]. На 8 спроти 9 август Цено Куртев го срушува фарот кај Инеада, за да го отежно придвижувањето на турските војски по море. На 11 август четата на Цено Куртев го напаѓа село Лиман, а на 13 август влегува во град Ахтопол, којшто веќе е напуштен од турскиот гарнизон.

Војводата ги разбива државните солници и ја раздава солта на населението од Ахтопол и соседните села – Бродилово, Кости, Каланџа и Стефаново[2].

Подоцнежна дејност

[уреди | уреди извор]

После востанието Цено Куртев се прибира во Бугарија, но продолжува активно да учествува во дејноста на ВМОРО. Во текот на 1904 г. Цено Куртев е испратен како војвода на чета во Кочанско, Вардарска Македонија.

Таму дејствува под раководството на околискиот војвода Крстјо Б’лгаријата. На 1 март 1905 г. Цено Куртев влегува во Македонија во текот на Ќустендилскиот пункт на ВМОРО, на чело на чета од 14 души и се упатува кон Кочанскиот реон. Дел од четниците треба да пристапат како пополнување во четата на Крстјо Б’лгаријата.

Двајцата војводи и стари пријатели така и не успеваат да се сретнат. Војводата Цено Куртев загинува на 2 април 1905 г. со целата своја чета во судир со турската војска при село Драмче, Кочанско, уште на неполни 28 години.

  1. ТРАКИЙСКО ДРУЖЕСТВО “АНТИМ ПЪРВИ”, гр. БУРГАС
  2. Христо Силянов, „Спомени от Странджа. Бележки по Преображенското въстание в Одринско — 1903 г.“