Прејди на содржината

Марко Секулички

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Секулички
Роден 16 ноември 1848
Секулица, Кратовско, Македонија
Починал 1928
Ќустендил, Бугарија
Yellow cartouche
Red cartouche
Писмо од Задграничното претставништво на ТМОРО до Секулички како пунктов началник на Ќустендил, за собирање оружје и финансиски средства за Внатрешната организација.

Марко Стојанов, познат како Секулички — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Стојанов е роден во 1848 година во с. Секулица, Кратовско. Завршува IV одделение. Заедно со својот брат Никола станува ајдутин и застанува на чело на чета која го обиколува Кратовско, Кумановско и Велешко од 1870 до 1876 година. При избувнувањето на Српско-бугарската војна во 1885 година е доброволец во бугарската армија. Се населил во Ќустендил, каде што се занимава со трговија. Потоа Стојанов Влегува во ВМОРО. Од мај 1904 до мај 1905 година е на чело на граничниот пункт на ВМОРО во Ќустендил. Бил во родниска врска со официјалниот фотограф на ВМОРО во тоа време, Анастас Новев.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 1 чета при VII Кумановска дружина. Во 1923 година е уапсен од страна на власта на БЗНС поради конфликтот со ВМРО [1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр.134