Георги Пешков
Изглед
Георги Пешков | ||
Роден | ? Прилеп, Република Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1913 Сер, Егејска Македонија |
Георги Пешков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој е роден во Прилеп, во трговско семејство,во кое и самиот се занимавал со трговија. Со посредство на Даме Груев и Пере Тошев успеал да влезе во редовите на Организацијата. Дејствувал во Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и други места. Пешков бил член на Битолскиот окружен комитет и во тоа учествувал на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание дејствувал во раководното тело на Кичевскиот реон. Во мај 1904 учествувал и на Прилепскиот конгрес. Загинал за време на Втората балканска војна во 1913 година во градот Сер во Егејска Македонија [1][2].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 276.
- ↑ Кратка биография на Георги Пешков