Парашкев Цветков
Парашкев Цветков | ||
Роден | 20 мај 1875 Плевен, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 21 мај 1903 Могила, Македонија |
Парашкев Цветков (бугарски: Парашкев Цветков), (името се среќава и како Параскев[1]), бил револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1875 година во Плевен, Бугарија. Завршил гимназија во Софија и потоа учителствувал три години. Во 1897 година заминал во Прага (Чешка), а потоа во Дрезден (Германија), каде што студирал музика. По враќањето станал професор во Битолската егзархиска гимназија (1902).
Учествувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) каде бил избран за еден од секретарите. Уште пред Илинденското востание раководел со една од револуционерните чети во Битолско.
На 21 мај 1903 година со четата бил откриен и опседнат во селото Могила, Битолско, од 300 турски војници. По 36-часовна борба, тешко ранет, војводата Цветков извршил самоубиство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия България, том 7, Академично издателство „Проф.Марин Дринов“, София, 1996.