Цене Марков
Цене Марков бил српски војвода на Српскиот комитет на четничката акција [1].
Животопис
Тој е роден во 1864 година во околината на Тетово. До своите 15 години живеел во родното место. Потоа заминал на печалба во Бугарија и Русија. Во Русија завршил подофицерска школа и бил војни, а потоа повторно заминал за Бугарија по што се вратил во родниот крај. По враќањето во Македонија како деец на Македонската револуционерна организација земал учество во борбата против Османлиското Царство.
Со навлегувањето на првите српски чети во Македонија, преминал на страната на Српскиот комитет на четничката акција и како српски војвода на левата стран на реката Вардар војувал против четите на Македонската револуционерна организација.
Во почетокот на Првата балканска војна бил претходница на српската војска и ги нападнал туските караули. Во почетокот на Првата светска војна во Белград учествувал во борбата против војската на Австроунгарија, а потоа бил испратен за Македонија за да се спротивстави на ВМРО.
По крахот на Србија во 1915 година, дејците на ВМРО го нападнале кај Тетово, меѓутоа останал жив и заминал за Албанија.
Бил на Солунскиот фронт, а при минубвањето низ Битола се оженил, меѓутоа морал да ја напушти и со српската војска да замине на север. По враќањето во родното село Јелошник затекнал пустош, неговата куќа и дел од селото биле запалени.