1946
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1946 MCMXLVI |
Ab urbe condita | 2699 |
Ерменски календар | 1395 ԹՎ ՌՅՂԵ |
Асирски календар | 6696 |
Бахајски календар | 102–103 |
Балиски календар | 1867–1868 |
Бенгалски календар | 1353 |
Берберски календар | 2896 |
Будистички календар | 2490 |
Бурмански календар | 1308 |
Византиски календар | 7454–7455 |
Кинески календар | 乙酉年 (дрв. петел) 4642 или 4582 — до — 丙戌年 (огн. куче) 4643 или 4583 |
Коптски календар | 1662–1663 |
Етиопски календар | 1938–1939 |
Еврејски календар | 5706–5707 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2002–2003 |
- Сачка ера | 1867–1868 |
- Кали-југа | 5046–5047 |
Холоценски календар | 11946 |
Игбоански календар | 946–947 |
Ирански календар | 1324–1325 |
Исламски календар | 1365–1366 |
Јапонски календар | Шова 21 (昭和21年) |
Јавански календар | 1876–1878 |
Џуче-календар | 35 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4279 |
Мингуо-календар | Р. Кина 35 民國35年 |
Нанакшахи | 478 |
Тајландски сончев календар | 2489 |
Тибетски календар | 阴木鸡年 (женско дрво-петел) 2072 или 1691 или 919 — до — 阳火狗年 (машки оган-куче) 2073 или 1692 или 920 |
1946 (MCMXLVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1946 година од новата ера, 946. од вториот милениум, 46. од XX век и седма од 1940-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7454 и 7455 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6696 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5706 и 5707 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2699.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1946 година се протега во 4582 и 4583, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4642 и 4643 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2489. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1365 и 1366 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 2 јануари – Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција упатија апел до владите на СССР, Велика Британија и САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“
- 11 јануари – Енвер Хоџа ја прогласува Народна Република Албанија.
- 24 јануари – Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор бил професорот Круме Кепески.
- 26 јануари – Од печат излезе првиот македонски буквар.
- 31 јануари – Донесен е Уставот на Федеративна Народна Република Југославија.
февруари
[уреди | уреди извор]- 2 февруари – Унгарија станува република.
- 24 февруари – Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
март
[уреди | уреди извор]- 5 март – Во својот говор во Фултон, Мисури, Винстон Черчил првпат ја споменува „Железната завеса“.
- 6 март – Во Романија е формирана влада на чело со Петру Гроза и со доминација на комунистите.
- 8 март – Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.
- 14 март - Методија Андонов - Ченто поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.
- 22 март – Британија му дава независност на Трансјорданија.
април
[уреди | уреди извор]- 7 април – Франција официјално ја признава независноста на Сирија.
- 18 април – САД ја признава владата на Јосип Броз Тито во Југославија.
мај
[уреди | уреди извор]- 25 мај - Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
- 31 мај – Грција на референдум го поддржува враќањето на монархијата.
јуни
[уреди | уреди извор]- 2 јуни – Италија на референдум решава да стане република, по што италијанскиот крал е принуден да ја напушти земјата.
јули
[уреди | уреди извор]- 14 јули – Полицијата го апси Методија Андонов - Ченто пред неговата куќа во Прилеп.
август
[уреди | уреди извор]- 2 – 3 август – Во Скопје се одржува Првиот конгрес на Народниот фронт на Македонија.
- 18 - 21 август – Во Скопје се одржува Првиот конгрес на единствените синдикати на Македонија. За претседател на Земскиот одбор е избран Страхил Гигов.
септември
[уреди | уреди извор]- 8 септември – Бугарија е прогласена за народна република.
- 22 септември – Се одржуваат избори за Уставотворното собрание на НР Македонија. Гласаат 94,6% од запишаните избирачи.
октомври
[уреди | уреди извор]- 11 октомври - Во Скопје се пренесени ��оштите на Гоце Делчев.
- 11 октомври – Велес е преименуван во Титов Велес.
ноември
[уреди | уреди извор]- 15 ноември – Холандија ја признава Индонезија.
- 21 ноември - По дводневно судење Методија Андонов - Ченто е осуден на 11 години затвор.
декември
[уреди | уреди извор]- 11 декември - Основан е УНИЦЕФ.
- 31 декември – Уставотворното собрание на НР Македонија го усвојува првиот Устав на НР Македонија.
- 31 декември – Избрана е нова влада на НР Македонија, повторно на чело со Лазар Колишевски.
Родени
[уреди | уреди извор]- 19 јануари – Доли Партон, американска пејачка и глумица
- 20 јануари - Дејвид Линч, американски режисер
- 28 февруари – Робин Кук, британски политичар
- 20 мај – Шер, американска глумица и пејачка
- 1 јуни - Славе Димитров, македонски композитор, пејач и аранжер
- 20 јуни – Ханана Гусмао, претседател на Источен Тимор
- 6 јули – Џорџ В. Буш, американски претседател
- 6 јули – Силвестер Сталоне, американски глумец
- 19 август – Бил Клинтон, американски претседател
- 5 септември – Фреди Меркури, британски пејач („Квин“)
- 15 септември – Оливер Стоун, американски режисер
- 1 октомври - Васил Пујовски, македонски драмски писател
- 5 декември – Хосе Карерас, шпански оперски пејач
- 9 декември – Соња Ганди, индиска политичарка
- 18 декември – Стивен Спилберг, американски режисер
Починале
[уреди | уреди извор]- 21 април – Џон Мајнард Кејнз, британски економист
- 1 јуни – Јон Антоанеску, романски диктатор
- 17 јули - Дража Михајловиќ, српски четнички водач
- 26 јули – Мирка Гинова, македонска партизанка
- 13 август – Х. Џ. Велс, британски писател
- 15 октомври – Херман Геринг, германски нацистички водач