Прејди на содржината

Ромул и Рем

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ромул)
Волчица со Ромул и Рем

Ромул (латински: Romulus) и Рем (латински: Remus) според римската митологија — браќа близанци, синови на богот на војната Марс и Реја Силвија. Се сметаа за основачи на Рим.

Ромул бил првиот Римски крал.

Митологија

[уреди | уреди извор]

Тројанскиот јунак Енеја по падот на Троја долго лутал по светот и на крај пристигнал во своето засолниште во Италија, во Лацио, каде го основал градот Албу Лонгу.

По смртта на Енеја, со Алба Лонга владееле неговите потомци, а кога на престол дошол потомокот на Енејев, Нумитор, од престол го свргнал братот Амулиј. По преземањето на престолот, Амулије го убил синот на Нумитор, а неговата ќерка Реја Силвија ја пратил во храмот на божицата на домашното огниште Веста. Амулиј Реја ја поставил Силвија за „весталка“ - свештеница Веста, зашто знаел дека „весталките“ не смеат да се мажат, со што Нумитор ќе останел без потомство.

Иако Реја Силвија била свештеничка, во неа се вљубил богот на војната Марс и таа наскоро му родила близанци - Ромул и Рем. Кога кралот Амулиј дознал што се случило, плашејќи се дека браќата ќе му ја одземат власта кога ќе пораснат му наредил на својот роб близнаците да ги фрли во реката Тибар. Ромул и Рем водата ги исфрлила на брегот, во подножјето на планината Палатина, на еден од седумте ридови. Во близина на брегот била волчицата Мартија - волчицата на богот Марс која денес претставува симбол на градот Рим. Таа ги нахранила децата со своето млеко и ги одгледала. По некое време децата и волчицата ги открил овчарот. Тој ги зел децата со помош на својата жена Аке Ларенција, ги одгледал без да знае кои се и која им е судбината.

Кога Ромул и Рем пораснале и ја дознале вистината го свргнале кралот Амулиј од власта, Ромул го убил кралот Амулиј и власта му ја вратил на својот дедо Нумитор.

По некое време браќата воочиле дека градот е мал и решиле да основат нов, поголем град. Се договориле основач на тој град да биде оној кој ќе здогледа повеќе птици. Ромул се искачил на ридот Палатин, а Рем на Авентин, Ромул здогледал дванаесет, а Рем шест птици, па така честа да основа нов град му припаднала на Ромул. Тој тогаш заорал бразда околу ридот Палатин.