20 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2025 20 јуни — 171-виот ден во годината според грегоријанскиот календар (172-ри во престапна година). Остануваат 194 дена до крајот на годината.
Настани:
1936 | По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работници на Македонија. |
1963 | САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете велесили во критични ситуации. |
1979 | Во издание на НИП „Нова Македонија“, редакција „Вечер“, излезе првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“. |
1996 | Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка. |
Родени:
Починале:
1527 | Николо Макијавели — италијански политичар, дипломат, писател и воен стручњак. |
1888 | Јоханес Цукерторт — германски шаховски мајстор. |
1933 | Клара Цеткин — познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. |
1993 | Ѓерѓ Шароши — унгарски фудбалер. |
1995 | Емил Чоран — романски филозоф и есеист. |
2002 | Асен Групче — македонски правник. |
Празници:
* | Летна долгодневица на северната полутопка — започнува летото. Краткодневица на јужната — започнува зимата. |