Прејди на содржината

Холоценски календар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Холоценски календар (холоценска ера,ХЕ или човекова ера) — систем за означување на годините кои додава точно 10.000 години на моментално употребуваните системи како наша ера (н.е.) или христијанска ера, чија прва година е на почетокот од холоценот и Неолитската револуција. Поддржувачите на овој систем тврдат дека со употреба на овој календар се олеснува одредувањето на раните геолошки, археолошки, дендрохронолошки и историски периоди, а воедно истиот се заснова на ера која е позначителна од раѓањето на Исус. Моменталната година од нашата ера е 2024 истата може да се претвори во холоценска година со додавање на бројот „1“ пред годината при што се добива 12024 од н.е. Човековата ера за првпат била предложена од научникот Чезаре Емилијани во 1993 г.[1][2][3]

Предлогот на Чезаре Емилијани за реформа на календарот се водеше од потребата за решавање на бројните наводни проблеми со моменталниот систем „наша ера“, кои ги одбројува годините според општо прифатениот светски календар. Проблемите со моменталниот календар се:

  • Нашата ера се заснова на огромна претпоставка т.е. годината на раѓање на Исус Христос. Оваа ера го сместува раѓањето на Исус 1 година пред христа, но современите научници сметаат дека истиот се родил пред 4 п.н.е. Емилихани сметал дека заменувањето со приближниот почеток на холоценот е пологичен чекор.
  • Емилијани сметал дека раѓањето на Исус Христос е помалку важно од една епоха како што е холоценот.
  • Годините пред нашата ера се одбројуваат наназад броејќи од минатото кон иднината, со што се отежнува пресметката на временските периоди.
  • Нашата ера нама нулта година, зашто по 1 п.н.е веднаш следи 1 н.е., со што се усложнува понатамошното пресметување на временските периоди.

За да не се случува ова, Човековата ера својот почеток го има во 10.000 година п.н.е. Ова е груба претпоставка за почетокот на моменталаната геолошка епоха, Холоцен. Поттикот за овој календар е тврдењето дека започнува човековата цивилизација (на пример, се појавуваат населби, земјоделствотоитн.). Сите значајни дати од човековата историја можат да се подредат со користење на едноставно со скала на зголемување на датите со тоа што помалите дати секогаш се случуваат пред поголемите дати.

Претворување

[уреди | уреди извор]

Conversion to the Human Era from Julian or Gregorian AD years can be achieved by adding 10,000. BC years are converted by subtracting the BC year from 10,001.

A useful validity check is that the last single digits of BC and HE equivalent pairs must add up to 1 or 11.

Грегоријански години ISO 8601 Човекова ера
Холоценска епоха
30001 п.н.е. −30000 20000 п.х.е.
10001 п.н.е. −10000 0 х.е.
10000 п.н.е. −9999 1 х.е.
9001 п.н.е. −9000 1000 х.е.
1000 п.н.е. −0999 9001 х.е.
100 п.н.е. −0099 9901 х.е.
2 п.н.е. −0001 9999 х.е.
1 п.н.е. +0000 10000 х.е.
1 н.е. +0001 10001 х.е.
2 н.е. +0002 10002 х.е.
2024 н.е. +2024 12024 х.е.
10000 н.е. +10000 20000 х.е.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Cesare Emiliani, "Calendar Reform", Nature 366 (1993) 716.
  2. The Holocene Calendar at Meerkat Meade.
  3. Human Era Calendar by Harry Weseman.