Филипинско Море (тагалски: Dagat Pilipinas) — рабно море во источниот и североисточниот дел на Тихиот Океан кое се наоѓа помеѓу Филипините и Тајван на запад, Јапонија на север, Маријанските острови на исток, и островите Палау на југ. Дното на Филипинското Море го сочинува Филипинското плато кое на западот поминува под Евроазиското плато и ги формира Филипинските острови.
Помеѓу двете платоа се наоѓа филипинскиот гребен кој има максимална длабочина од 10.540 метри. На исток тихоокеанското плато поминува под филипинското, и помеѓу нив се наоѓа маријанскиот гребен кој има максимална длабочина од 11.190 метри. Во Втората светска војна, од 19 до 20 јуни1944. на него се одиграла поморската и воздушната битка помеѓу Јапонија и САД.