Алборанско Море
36°0′N 3°0′W / 36.000° СГШ; 3.000° ЗГД
Алборанско Море (шпански: Mar de Alborán) — најзападниот дел на Средоземното Море, сместен помеѓу Шпанија на север и Мароко и Алжир на југ. На западниот крај на Алборанското Море се наоѓа Гибралтарскиот Проток и го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан.
Просечната длабочина на морето изнесува 445 м, а максималната длабочина е 1.500 м.
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Алборанското Море се следниве:[1]
На запад. Источната граница на Гибралтарскиот Проток [линија од ’ртот Европа до полуостровот Алмина (35°54′N 5°18′W / 35.900° СГШ; 5.300° ЗГД)].
На исток. Линија од ’ртот Гата (Шпанија) до ’ртот Фегало (Африка) (35°36′N 1°12′W / 35.600° СГШ; 1.200° ЗГД).
Во морето се расположени неколку мали острови, вклучувајќи го островот Алборан. Највеќето се под управа на Шпанија, вклучувајќи ги оние близу мароканското крајбрежје.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Граници на океаните и морињата. III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)