Салишко Море
Салишкото Море (/ seɪlɪʃ / SAY-lish) е комплексна мрежа на крајбрежни водени патишта, во кое спаѓаат југозападниот дел од канадската провинција Британска Колумбија и северозападниот дел од државата Вашингтон, САД. Негови главни водни тела се теснецот Џорџија, теснецот Хуан де Фука и Паџет Саунд. Се протега од Десолејш Саунд на северниот крај од теснецот Џорџија до заливот Оукланд на врвот на влезот Хамерс на јужниот крај на Паџет Саунд. Внатрешните водени патишта на Салишкото Море се делумно одвоени од Тихиот Океан од Островот Ванкувер и Полуостровот Олимпик, и на тој начин се делумно заштитени од бури кој доаѓаат од Тихиот Океан. Во големите пристанишни градови на Салишкото Море се вбројуваат Ванкувер, Сиетл, Такома, Белингем, Порт Енџелес и Викторија. Голем дел од брегот е дел од мегаполисот кој се протега од Западен Ванкувер, Британска Колумбија, до Олимпија, Вашингтон.
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Во Салишкото море спаѓаат теснецот Хуан де Фука, теснецот Џорџија, Паџет Саунд и сите нивни канали за поврзување, како и соседните води, како што се теснецот Херо, теснецот Розерио, Белингем Беј, Каналот Худ и водите околу и помеѓу островите Сан Хуан во државата Вашингтон, САД и островите Галф во Британска Колумбија, Канада. Западната граница е влезот во теснецот Хуан де Фука, дефиниран како линија меѓу Кејп Флетери и Карменах Поинт. Јужната граница е јужниот крај на Паџет Саунд. Северната граница се наоѓа веднаш зад северниот крај на теснецот Џорџија, за да ги вклучи водите што го среќаваат поплавувачкиот или плимниот бран од југ: Преминот Дискавери јужно од Сејмур Нароус, каналот Сутил јужно од островите Пен, каналот Луис (помеѓу Кортес и островот Западна Редонда), каналот Ведингтон (помеѓу островот Западна Редонда и Источна Редонда) и Пендрел Саунд, Дисолејшн Саунд и јужниот дел на Каналот Хомфреј (помеѓу островот Источна Редонда и копното). Овие граници биле специфицирани во извештајот од 2002 година "Извештај за Екосистемските Индикатори на Басенот Џорџија-Паџет Саунд". Вкупната големина на Салишкото Море е околу 18.000 квадратни километри (6.900 квадратни милји).
Име
[уреди | уреди извор]Потекло на терминот
[уреди | уреди извор]Првата позната употреба на терминот Салишко Море била во 1988 година, кога морскиот биолог Берт Вебер од Белингем, Вашингтон, го создал името на комбинираните води во регионот, со цел да ги придружи имињата за теснецот Џорџија, Паџет Саунд и теснецот Хуан де Фука, а не да ги замени. Усвојувањето на овој термин, рекол, ќе ја подигне свеста за грижата за водите во регионот и екосистемите. Напорите на Вебер се заслужни за официјалното признавање на терминот во Канада и САД.
Луѓето од брегот на Салишкото море
[уреди | уреди извор]Брегот на Салиш е дом на домородните народи, кои живеат во југозападна Британска Колумбија и северозападниот дел на Вашингтон по должина на Салишкото Море, и имаат заедничко јазично и културно потекло. Брегот на Салиш се смета за една од главните културни и јазични гранки, на една поголема група позната како Салишан или Салиш. Признати се пет групи на Салиш семејства, од кои примарни две се Коуст Салиш и Интериор Салиш. Семејството Салиш се состои од 23 одделни јазици. Европските и американските истражувачи, луѓето од Салишан, најпрво ги сретнале, по должината на брегот на северозападниот дел на Тихиот Океан, на крајот на 18 век. Првите детални информации, биле добиени од страна на експедиција на Луис и Кларк од 1804-1806 година. Терминот "Салиш" најпрво се применувал за племето Салиш Флетхед, кое живеело во регионот на езерото Флетхед, Монтана. До средината на 20 век, тој бил проширен за да ги покрие сите луѓе кои зборувале на сличен јазик. Терминот за Народот Флетхед продолжил да се однесува на нивниот јазик, а култура како Салиш. Варијанта на името за езерото Флетхед е "Езерото Салиш". Името Салишко Море било измислено на крајот на 20 век. Не постои сеопфатен назив за ова подрачје, па дури и најчесто споделено име, за било кое од езерата, на било кој од јазиците на крајбрежјето Салиш.
Пловните патишта на Салишкото Море биле важни трговски патишта за крајбрежјето Салиш, и тие остануваат извор на храна и други ресурси за домородните народи. Басенот ја опфаќа територијата на не само крајбрежните Салиш народи, туку и на Северниот Вакашан Кваквака’вакв и Јужниот Вакашан народ (Nuu-chah-nulth, Makah и Ditidaht), а порано и на Чимакум (народот Чимакуан е поврзан со Куилеути, кој не постои повеќе како препознатлива група, откако бил избришан од Сукуамиш и другите, во 19 век).
Официјално признавање
[уреди | уреди извор]Во Март 2008 година, Првиот Народ Чемаинус предложил преименување на теснецот "Салишко Море", идеја која, наводно, наишла на одобрување од Министерот за односи со абориџините, Мајк де Јонг, Б.К., кој ветил дека идејата ќе ја стави пред кабинетот на Б.К. за разгледување. Создавањето на името "Салишко Море" официјално барало формална апликација до Одборот за Географски Имиња на Канада. Паралелно американско движење кое го промовирало името имало поинаква дефиниција, комбинирање на теснецот Хуан де Фука и Паџет Саунд, како и теснецот Џорџија и поврзаните води, под името Салишко Море.
Во Август 2009 година, Канцеларијата на Британска Колумбија за Географски Имиња ја одобрила резолуцијата препорачувајќи дека Одборот за Географски Имиња на Канада го прифатил името Салишко море, по предлогот за промена одобрен од страна на Одборот на САД за Географски Имиња. Името било одобрено од Одборот на државата Вашингтон за Географски Имиња кон крајот на октомври 2009 година. Името било одобрено од страна на Одборот на САД за Географски Имиња на 12 ноември 2009 година, како и од страна на Канцеларијата на Британската Колумбија за Географски Имиња во февруари 2010 година. Француското име Мер дес Салиш е исто така официјално име во Канада.
Опозиција
[уреди | уреди извор]Противниците на означувањето на Салишкото Море, тврдат дека тоа е навистина серија од меѓусебно поврзани теснеци, саунди и влезови. Други се противат на тоа од историски причини и ја доведуваат во прашање валидноста на терминот "Салиш". И покрај овие забелешки, географските одбори, и на Канада и на САД, официјално го признале името од 2010 година.
Други имиња
[уреди | уреди извор]Регионот што ги опфаќа овие водни патишта е или бил познат поинаку како Џорџија-Паџет или Паџет-Џорџија, или во еднина како Депресијата Џорџија, Басенот Џорџија или Паџет Саунд и др. Канадската половина од регионот била најпрво именувана во 1792 година од страна на Џорџ Ванкувер, и често се нарекува како Заливот Џорџија, термин кој ги опфаќа теснецот Џорџија и сите други водени површини кон него, како и заедниците кои се поставени покрај неговите брегови или на неговите острови. Како и терминот "Паџет Саунд", така и термините "Теснецот Џорџија" и "Заливот Џорџија" се однесуваат на заедничкиот регион, како и водената површина.
Фауна
[уреди | уреди извор]Риби
[уреди | уреди извор]Научниците идентификувале 253 видови на риби, забележани во морските или соленкастите води на екосистемот на Салишкото Море. Овие 253 видови, кои опфаќаат еден миксинид, два петромизонтиди, 18 хондрихтијани, два хондростеани и 230 телеости, се содржани во 78 семејства и 31 ред.
Намалувањето на популацијата на орка, вклучувајќи ги и Јужните Резидентни Китови Убијци, страдаат од токсини и намален број на Чинок лососи.