Прејди на содржината

Роберт Петковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Петковски
27.08.1974 – 28.04.2001 (26 г.)

Роден во:Бунарџик, Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Вејце
Служба во:Македонија Македонија
Период на служба:1995 г. — 2001 г.
Чин:Постар водник
Единици: БСН Волци
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Роберт Петковски (прв од лево).

Роберт Петковски (Бунарџик, Скопско, 27 август 1974Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Споменик посветен за Роберт Петковски во родното село Бунарџик.

Живот, војната 2001 и смрт

[уреди | уреди извор]

Роберт Петковски е роден на 27 август 1974 година во Бунарџик, скопско. Тој е професионален војник од 1995 година. Неколку години пред војната 2001 година, тој бил на четиримесечна специјална обука во Турција. За време на војната 2001 година постојано бил на терен.[2] Доаѓал дома многу ретко и само по два - три часа кои најчесто ги минувал во игра и прошетки со неговата ќерка.

Зад себе ја оставил својата сопруга и неговата ќерка. Родителите починаа еден месец по масакрот. Роберт Петковски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-10.
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 106.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.