Прејди на содржината

Бобан Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобан Трајковски
26.03.1973 – 28.04.2001 (28 г.)

Роден во:Куманово, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Вејце
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Водник
Единици: БСН Волци
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Бобан Трајковски (Куманово, 26 март 1973Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва

[уреди | уреди извор]

Бобан е роден на 26 март 1973 година во Куманово. Во Куманово завршил средно техничко училиште. Во услови кога речиси целото стопанство во Куманово згасна, немал можности да се вработи на струката. Повремено, кога имало потреба од сезонски работници, работел во млекарата на ЗИК „Куманово“. Таквото вработување не било егзистенцијално решение и Бобан го прифаќал како добро воспитано момче што не сака залудно да талка по кумановските улици.

Во 1996 година стапува во брак со жена му. За да дојдат до постабилни средства за живот, прифатил да работи како таксист. По свадбата, Бобан со жена му се вселуваат во недовршената куќа во населбата Карпош што почнал да ја гради со татко му. Во тоа време Бобан и се вработи во Армијата. Неговата сопруга велеше дека работата му била добра и дека за сериозноста кон поставените задачи и резултатите од ��нгажманот, добиваал највисоки оценки од старешините. Сето тоа требало да се круниса со заминување на Бобан во Франција на специјализација.

Од 23 февруари 2001 година Бобан бил постојано на некои задачи за кои речиси ништо не и кажувал на сопругата. Таа знаела само толку дека е во Танушевци, во Малино, во Тетовско, во Кумановско. Од февруари до крајот на април, Бобан само десетина пати дошол дома и никогаш не останал подолго од три до четири часа. Веднаш го барале по телефон и тој, да не му биде забележано, го прекинувал најавеното отсуство и се јавувал во единицата. Единствената реченица што знаел во такви прилики да ја каже била:

Не сакам да ги оставам другарите сами, да гинат. Морам да одам!

Така било и при последното заминување од дома. Тој пат заминал со повредена рака. Иако бил повреден, не помислувал на боледување.[2] На критичниот ден на 28 април 2001 година, сопругата го побарала телефонски околу 11 часот. Бобан одговорил дека има некоја работа и ја замолил да му се јави за пет минути. Потоа се слушнале во 11:30 часот. Рекол дека ќе оди во патрола, дека таму мобилниот нема сигнал, па да не му заѕвони, туку тој вечерта, по патролата, ќе и се јавел.

Според одредени сознанија, патролата не заминала во 14 часот како што се вели, туку во 17 часот, а околу 18 ласот, патролата составена од четири војници и четири полицајци, била фатена во заседна и сите осуммина биле убиени и масакрирани. Кога започнала заседата и грозоморниот масакр, Бобан бил во хамерот кои го управувал водникот Миле Јаневски - Џингар, кои исто така бил убиен. Во масакрот кај Вејце, на Бобан со кундак од пушка му е згмечена главата, има две прострелни рани, а со нож три рани му се отворени на градниот кош и во пределот на подлактницата. Смртта кај Бобан настанала како резултат на хеморалгичен шок поради огнострелен канал на срцето и загуба на поголемо количество крв. При обдукцијата на телото на Бобан се констатирани три убодни рани на десната страна од градниот кош, една прободна рана во пределот на подлактницата, една прострелна повреда во градниот кош, една прострелна рана на десната надлактница, како и нагмечување на главата со кундак.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-10.
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 109.