Блашко Толев
Блашко Толев | |
---|---|
30.03.1981 – † 01.07.2001 (20 г.) | |
Роден во: | Марена, Кавадарци, СР Македонија |
Починал во: | Тетовско Кале |
Служба во: | Македонија |
Период на служба: | 2000 г. — 2001 г. |
Чин: | Војник во АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Блашко Толев (Марена, Кавадарци, 30 март 1981 – Тетовско кале, Тетовско, 1 јули 2001) бил македонски бранител, војник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 1 јули 2001 година на тетовското кале од минофрлачка граната, испукана од страна на албанските терористи.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот и војната 2001 година
[уреди | уреди извор]Блашко Толев е роден на 30 март 1981 година во кавадаречкото село Марена. Блашко е израснат како селско дете. Требаше да ја продолжи вековната семејна традиција - сточарството. Завршува само осмо одделение. Во последните две години од неговиот живот работеше во Битола. Во шумското работеше со коњи. Од Пелистер влечеше дрва. Во октомври 2000 година заминува дд Тиквешијата да го изврши долгот и го одслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип. Кога започна воениот конфликт 2001 година, тој активно зима учество во борбите во Тетовско и Кумановско. Откако замина војник, само еднаш дојде на два дена, за Велигден. Не користеше редовно отсуство, очекувајќи порано да го пуштат. Во петокот, на 29 јуни 2001 ��одина, бил кај командантите и побарал да го пуштат, бидејќи рокот си го ослужил. Му кажале дека треба да остане до вторникот, додека да дојде смената од нови војници. Блашко не го дочека вторникот и загинува на 1 јули 2001 година на Тетовското Кале во минофрлачки напад.[2]
Блашко Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија, на само 20 години го жртвува својот живот за одбраната на Македонија. Вечен останува споменот како и паметникот над неговиот гроб во кавадаречкото село Марена.
За загинатиот Блашко Толев постои и споменик во селото Долна Бошава.
Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Илија Тренчев, посочи дека наскоро на седница на Совет на општина Кавадарци ќе биде донесена одлука за преименување на улица во Кавадарци со името на Блашко Толев.[3] Блашко Толев посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Терористите се притаија“. Вест. 3 јули 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-04-10.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 161 – 162
- ↑ „11 години од смртта на Блашко Толев“. Kavadar4e.com. 2 јули 2012. Посетено на 2015-04-10.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.