Прејди на содржината

Оливер Петрушевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оливер Петрушевски
1978 – 11.11.2001 (23 г.)

Прекар:«Оки»
Роден во:Куманово, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Требош
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Специјалец во МВР
Единици: Лавови
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Оливер Петрушевски (Куманово, 1978Требош, Тетовско, 11 ноември 2001) бил македонски бранител, припадник на единицата „Лавови“ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 11 ноември 2001 во заседата Требош.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и заседата „Требош“

[уреди | уреди извор]

Оливер е роден 1978 година во Куманово. Бил неженет. Тој на почетокот од воените дејствија во Македонија 2001 бил повикан во резервниот состав на полицијата. Како резервист покажал изворедни резултати по што е примен во посебната единица како редовен полицаец. Загинува со само 23 години во заседата кај тетовското село Требош.

Заседата се случила кога албанските терористи на 11 ноември 2001 година во околу 19 часот, од заседа поставена на двете страни на патот кон селото Требош, отвориле оган врз возила на МВР. Од едниот бункер терористите пукале со автоматски пушки, додека од фортификациското утв��дување од спротивната страна стрелале со рачен фрлач за гранати и со „зоља“. Во првото возило од колоната, џип „лада нива“, во кое се наоѓал еден од загинатите полицајци, терористите пукале со автоматско оружје. Во исто време, од бункерот од другата страна на патот, албанските бандити со по една граната од „зоља“ и од рачен фрлач го погодиле второто возило од колоната, оклопниот транспортер „БТР“. Во транспортерот загинале двајцата полицајци.

Улогата на Оливер и останатите убиени во заседата во Требош беше да извршат обезбедување на просторот каде што требаше да почнат активностите за ексхумација на киднапирани и убиен Македонци. Оливер загинува на 23 годишна возраст заедно со Драго Маневски и Бобан Трпков.[2] Оливер Петрушевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Загинаа тројца „Лавови". А1. 11 ноември 2001. Посетено на 2016-10-06.
  2. „Тројца загинаа без потреба“. Вест. 11 ноември 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-10-06.
  3. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-29.