Прејди на содржината

Новоселци (Воденско)

Координати: 41°02′N 22°12′E / 41.033° СГШ; 22.200° ИГД / 41.033; 22.200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Новоселци
Νερόμυλοι
Црквата во селото Новоселци
Црквата во селото Новоселци
Новоселци is located in Грција
Новоселци
Новоселци
Местоположба во областа
Новоселци во рамките на Меглен
Новоселци
Местоположба на Новоселци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°02′N 22°12′E / 41.033° СГШ; 22.200° ИГД / 41.033; 22.200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000230000000230 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно59
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Новоселци (грчки: Νερόμυλοι, Неромили; до 1926 година: Νοβοσέλτσι, Новоселци[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на западните падини на планината Пајак, североисточно од градот С’ботско и 5 километри јужно од селото Фуштани, на надморска височина од 230 метри.[3]

Сместено е во областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 6 километри североисточно од селото Капињани.

Историја

[уреди | уреди извор]

На ридот Горица близу селото, откриен е утврдениот град Горица од III п.н.е. и веројатно станува збор за градот Европ, споменат од Клавдиј Птоломеј и Плиниј Постариот.[4]

До 1924 година, селото било населено исклучително со македонско население, кое во немирните години поради поголема лична и имотна сигурност, ја сменило верата и се исламизирало.[3]

Во 1924 година, муслиманското население од селото Новоселци, во согласност со Лозанскиот договор, принудено да се исели во Турција, а на негово место грчките власти населиле бегалски семејства од Понд и Источна Тракија.[3][4] Според пописот од 1928 година, селото било чисто бегалско со 54 бегалски семејства со вкупно 229 жители.[5]

Во 1926 година било преименувано во Неромили (Νερόμυλοι), што во превод означува воденици.

За време на Граѓанската војна, во зимата 1947 година неговите жители принудно биле преселени од грчките монархистички власти во селата Фуштани и С’ботско, а по нормализирањето на ситуацијата, повеќето од нив не се вратиле во селото.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Новоселчани произведуваат жито, тутун, овошје, детелина и други земјоделски производи.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Новоселци живееле 300 Македонци христијани и 250 Македонци-муслимани.[3][6]

Во 1920 година, Новоселци е посочено со 84 муслимански куќи.[3][7]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 452, а во 1920 година со 377 жители. По 1924 година се случила размена на населението, па така муслиманското население принудно било иселено во Турција, а на негово место биле доселени грчки бегалци од Понд и Источна Тракија. Според пописот од 1928 година, селото како чисто бегалско имало 273 жители, во 1940 година 335, во 1951 година било забележано со намален број на жители, односно 164, во 1961 година со 178, во 1971 година со 146, во 1981 година со 113, а во 1991 година со 111 жители. Намалувањето на бројката на жители се должи пред сè на Граѓанската војна, кога во зимата 1947 година неговите жители принудно биле преселени од грчките монархистички власти во селата Фуштани и С’ботско, а по нормализирањето на ситуацијата, повеќето од нив не се вратиле во селото.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 123 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 78 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 335 164 178 146 113 111 123 78
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, во чиј состав влегувало и селото Продром, а атарот на општината опфаќал површина од 10 квадратни километри.[3] Во 1997 година, општината Новоселци била припоена кон поранешната општина Капињани.[8] Во 2011 година, општината Капињани станала дел од поголемата општина Меглен.

Денес, селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Новоселци, во кој покрај селото Новоселци влегува и селото Продром.

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νοβοσέλτσι -- Νερόμυλοι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 94–95.
  4. 4,0 4,1 „Γνωριμία με το Δήμο Εξαπλατάνου“ (грчки). Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 21 март 2016.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  7. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.
  8. Περίκλεια.