Бизово
Бизово Μεγαπλάτανος | |
---|---|
Координати: 40°56′N 21°59′E / 40.933° СГШ; 21.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботск�� |
Надм. вис. | 215 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 311 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Бизово (грчки: Μεγαπλάτανος, Мегаплатанос; до 1926 година: Μπίζοβο, Бизово[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 11 километри југозападно од градот С’ботско, на надморска височина од 215 метри.[3]
Бизово е сместено во западниот дел на котлината Меглен, во источното подножје на планината Мала Ниџе.
Историја
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Бизово било село во Воденската каза на Отоманското Царство.
Селото Бизово до 1924 година било населено исклучиво со македонско население, но во немирните години поголемиот дел од неговите жители, за да го зачувааат својот имот, како и заради поголема сигурност, ја смениле својата христијанска вера и станале муслимани. На тој начин селото станала населба во која живееле еднородни браќа со две религии: православна христијанска и муслиманска.[3]
Во 1920-тите години, Македонците-муслимани биле принудени да се иселат од селото и да се преселат во Турција, како последица на стапувањето на сила на Лозанскиот договор, а во меѓувреме грчките власти одлучиле во селото да населат бегалци од Мала Азија (понтски Грци), со што селото станало мешана населба.[3]
Во 1926 година, селото било преименувано во Мегаплатанос (Μεγαπλάτανος).
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото е прилично богато, а целокупната обработлива површина се наводнува. Главни производи на селото се индустриските пиперки, тутунот, житото, гравот и овошјето.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бизево (Bizevo) е село во Воденската каза со 184 куќи и 300 жители Македонци и 450 Македонци-муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Бизово живееле 150 христијански и 650 муслимански жители.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бизево (Bizevo) имало 120 христијани и 750 Македонци-муслимани и во селото работело бугарско училиште.[6]
Во 1920 година, Бизово е посочено со 30 христијански и 100 муслимански куќи.[3]
Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 771 жител, а во 1920 година со 796 жители. Со донесувањето на Лозанската конвенција, сите Македонци-муслимани морале да го напуштат селото и да се преселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле бегалски семејства од Мала Азија (вкупно 316 бегалци). На тој начин, селото станало мешана населба, која во 1928 година имала 501, а во 1940 година 623 жители, од кои 188 Македонци и 435 бегалци. Селото прилично настрадало за време на Граѓанс��ата војна, поради што неколку семејства и поединци побарале засолниште во Македонија, а другите се засолниле на други места. Некои од нив дури и по смирувањето на состојба, не се вратиле во селото. Поради тоа, Бизово во 1951 година имало само 312 жители. Во 1961 година имало 394 жители, во 1971 година 369, во 1981 година 382, а во 1991 година 351 жител.[3]
Според извештај од 1993 година се вели дека во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[7]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 310 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 378 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 623 | 312 | 394 | 369 | 382 | 351 | 310 | 378 | 311 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 16 квадратни километри.[3] Општината Бизово била приклучена во општината С’ботско во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Меглен.
Селото припаѓа на општинската единица С’ботско со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бизово, во кој влегува и селото Манастир.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште
- Градинка
- Библиотека
- Општински оддел „Бизово“
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπίζοβο -- Μεγαπλάτανος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 83–84.
- ↑ „Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.“ Македонски научен институт, Софија, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 150.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Белешки
[уреди | уреди извор]- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница (грчки) (англиски)
|