Карадере Пазарско
Карадере Пазарско Μαυρόλακκος Γενιτσών | |
---|---|
Координати: 40°54.9′N 22°7.23′E / 40.9150° СГШ; 22.12050° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Меглен |
Општ. единица | С’ботско |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Карадере Пазарско или Карадере Ениџевардарско (грчки: Μαυρόλακκος Γενιτσών, Мавролакос Јеницон; до 1925 г. Καρά Δερέ Γενιτσών, Кара дере Јеницон[1][2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци и јужно од Слатина и Рудино. Лежело на десниот брег на реката Мегленица, спроти истоименото Карадере Воденско сместено на левиот.[1][3]
Историја
[уреди | уреди извор]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере живееле 80 Македонци-христијани и 165 Македонци-муслимани.[4] Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.[1][3]
Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. ги води двете села како македонски муслимански, што според Симовски е погрешно, и според него населението било сочиенето од Турци Јуруци.[1] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Пазарска Карадере имало 30 турски куќи.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 184 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 139 лица.[1]
Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и целото село останало напуштенјо.[3] Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 90. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 91. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 25.
|