Настани во ноември
Изглед
1512 | Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за првпат ѝ е претставен на јавноста. |
1755 | Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе. |
1943 | Единици на бартаљонот „Мирче Ацев“ по двочасовни борби со германските единици и со балисти по вторпат го ослободуваат Кичево. |
1946 | Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ). |
1952 | Американците ја активираа првата пробна водородна бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан. |
1954 | Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир. |
1973 | Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија. |
1981 | Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија. |
1993 | Стапува во сила Мастришкиот договор, со што се создава Европската Унија. |
1998 | Создаден е Европскиот суд за човекови права. |
2002 | Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски. |
676 | Дон станал папа. |
1570 | Голем наплив од Северното Море ги разурнал бреговите од Холандија до Данска, при што загинале над 1000 лица. |
1687 | Од султанскиот престол на Отоманското Царство бил симнат Мехмед IV. |
1789 | Во Франција е национализиран голем дел од недвижниот имот на Католичката црква. |
1795 | Француска револуција: Почеток на Францускиот директорат. |
1914 | Русија му објавила војна на Отоманското Царство. |
1936 | Формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС). |
1936 | Пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација Би-би-си (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес. |
1943 | Кај селото Раштани (кичевско) единици на батаљонот „Мирче Ацев“ воделе тешка борба со балистите. Поради големите загуби балистите се повлекуваат кон селото Зајас. Утредента партизаните го ослободуваат и Зајас. |
1953 | Пакистанскиот парламент ја прогласил државата за Исламска Република Пакистан. |
1956 | Унгарија објавува дека излегува од Варшавскиот пакт. |
1965 | Албанскиот водач Енвер Хоџа објавува дека неговата земја влегува во сојузнички односи со Кина. |
1991 | Вартоломеј I станал Вселенски патријарх. |
1988 | За првпат на семрежјето се појавил вирус. |
1999 | Црна Гора ја вовела германската марка за своја валута. |
2004 | Џорџ Буш по вторпат станал претседател на САД. |
1903 | Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал. |
1906 | Германскиот психијатар Алојз Алцхајмер го објавил извештајот за болеста која подоцна била наречена по него. |
1918 | Во Падова, Италија, Австроунгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австроунгарија. |
1944 | На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донел решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид. |
1944 | Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје. |
1951 | Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година, Отсекот за правни науки се одвоил како посебна високообразовна институција. |
1965 | Излегол првиот број на весникот на Општина Прилеп „Народен глас“. |
1970 | Салвадор Аљенде ја презел должноста претседател на Чиле, како прв марксист во западната полутопка, избран на слободни избори. |
1992 | Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја известил Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон. |
1993 | Република Македонија добила статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи. |
2004 | Републиканецот Џорџ Буш, по вторпат е избран за претседател на САД. На должноста стапил на 20 јануари 2001 г. |
1814 | Прогласен е норвешкиот устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку личен сојуз. |
1893 | (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери. |
1944 | Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот. |
2004 | САД ја признаа Република Македонија под уставното име. |
1492 | Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката. |
1630 | Со мирот во Мадрид заврши Англиско-шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно. |
1854 | Се одиграла Битката кај Инкерман во Кримската војна |
1911 | Италија ги анектирала турските покраини Триполитанија и Киренајка (во денешна Либија), како и островот Родос. |
1912 | Вудро Вилсон бил избран за претседател на САД, како единствен претседател во историјата на САД кој на изборите победил двајца поранешни претседатели — Вилијам Тафт и Теодор Рузвелт. |
1914 | Франција и Велика Британија ѝ објавиле војна на Турција. |
1940 | Демократот Франклин Рузвелт го победил на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат бил избран за претседател на САД. |
1956 | Британските падобранци се спуштиле во Порт Саид за време на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет за контрола на Суецкиот Канал. Со енергична акција на Обединетите нации и САД, агресијата била запрена, но оставила политички последици врз целиот регион и врз светот. |
1968 | Во МНТ била одржана премиерата на операта „Цар Самуил“ на композиторот Кирил Македонски. |
1969 | САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех. |
1992 | Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победил на претседателските избори дури во 40 држави на САД. |
2009 | Садам Хусеин е осуден на смрт. |
2008 | Барак Обама станал претседател на САД. |
355 | Констанциј II го прогласил Јулијан Отпадникот за цар на Рим. |
1315 | Данте Алигиери е осуден на смрт. |
1512 | Фернандо Магелан пристигнал на Молучките Острови. |
1860 | Абрахам Линколн станал претседател на САД. |
1942 | Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“. |
1943 | Втора светска војна: Советската армија го ослободил градот Киев. |
1944 | Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово. |
1984 | Роналд Реган повторно е избран за претседател на САД. |
1996 | Хрватска била примена во Советот на Европа. |
680 | Започнал Шестиот вселенски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16 септември 681. година, била дека Исус има двојна природа — човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитите дека има само божја природа. |
1665 | Започнал да излегува најстариот опстанат весник, „Лондон газет“. |
1917 | (23 октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција. |
1944 | НОВ: Ослободен е Охрид |
1995 | Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. |
2004 | Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата. |
392 | Византискиот цар Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија. |
1620 | Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светото Римско Царство. |
1793 | Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј. |
1889 | Монтана станала 41-ва држава на САД. |
1895 | Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил икс-зраците. |
1932 | Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД. |
1941 | Основана е Комунистичката партија на Албанија. |
1944 | НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга. |
1960 | Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД. |
1977 | Грчкиот археолог Манолис Андроникос тврди дека го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. |
1995 | Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет. |
1995 | Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа. |
2016 | Доналд Трамп е избран за претседател на САД. |
1494 | Семејството Медичи завладеало со Фиренца. |
1799 | Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт. |
1918 | Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт. |
1921 | Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект. |
1938 | Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите. |
1944 | НОВ: Ослободен е Велес. |
1971 | Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации. |
1985 | Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов. |
1989 | Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид. |
1993 | На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање. |
1993 | Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г. |
1444 | Во Битката кај Варна, крстоносците доживеале голем пораз од страна на Османлиите. |
1605 | Улис Алдрованди, италијански научник |
1871 | Хенри Мортон Стенли го пронаоѓа исчезнатиот истражувач и мисионер, Д-р Дејвид Ливингстон во близината на езерото Тангањика (тогаш ја изговорил позната реченица: Доктор Ливингстон, претпоставувам?) |
1926 | Хирохито станува цар на Јапонија |
1944 | Во Прилеп било основано Здружението на ликовните уметници при што за прв претседател бил избран Никола Мартиновски. |
1961 | Сталинград бил преименуван во Волгоград. |
1994 | Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации „Еурека 94“, на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост. |
1675 | Готфрид Лајбниц за првпат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн. |
1855 | Токио го зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале 106.000 луѓе. |
1887 | Погубени се анархистите наречени „Хејмаркетски маченици“: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел. |
1889 | Вашингтон е примен како 42. сојузна држава на САД. |
1918 | Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава. |
1943 | Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна. |
1944 | Втора светска војна: Ослободено е Куманово. |
1944 | Во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски - Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески. |
1963 | Во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“. |
1965 | Белото малцинство ја прогласило Родезија за независна држава. |
1973 | На 101-от километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално завршиле воените операции во „Октомвриската војна“ на Блискиот Исток. |
1990 | Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори. |
1995 | Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27. потписничка на програмата „Партнерство за мир“. |
2006 | Во Малме, Шведска, е устоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија. |
1933 | Хитлеровата Националсоцијалистичка германска работничка партија доаѓа на власт во Германија со мнозинска победа во собранието. |
1941 | Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва. |
1992 | Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана. |
2001 | Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови" загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош. |
1944 | НОВ: Ослободено е Скопје |
1945 | Францускиот генерал Шарл де Гол е избран од 555 пратеници за претседател на привремената влада на Франција. Во новата коалициска влада, влегуваат и петмина комунисти. |
1970 | Во катастрофално невреме во Бангладеш загинале 300.000 луѓе. |
1994 | Швеѓаните на референдум одлучиле дека нивната земја може да се приклучи на Европската унија. |
1997 | Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите. |
2006 | Европската Унија одобри преговори за визни олеснувања за Западен Балкан. |
1944 | Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија. |
1492 | Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје. |
1577 | Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. |
1920 | Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена. |
1944 | Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. |
1988 | Палестина е прогласена за независна држава. |
1994 | Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители. |
1995 | Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир. |
2001 | Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор. |
2002 | Заврши пописот на населението. |
2003 | Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија. |
2004 | Премиерот Хари Костов поднесе оставка. |
2012 | Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. |
2022 | Според проценката на ООН, светското население достигнало 8 милијарди. |
534 | Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот кодекс. |
1912 | Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили. |
1918 | Унгарија објавува независност од Австрија. |
1940 | Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители - Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во 1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори. |
1945 | Операција „Спојувалка“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија. |
1945 | Основан е УНЕСКО. |
1962 | Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава. |
2001 | Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето. |
1558 | На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите. |
1913 | Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година. |
1984 | Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада. |
1989 | Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција. |
1991 | Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност. |
1991 | Основана Европската ракометна федерација (ЕХФ). |
2006 | Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО. |
2008 | Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995. |
1903 | САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал. |
1991 | Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада. |
1997 | Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција. |
2012 | Теодор III избран за патријарх на Коптската православна црква. |
1493 | На своето второ патување за Америка, на кое тргнал со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристофер Колумбо го открил островот Порторико. |
1497 | Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го открил патот за Индија, околу ’Ртот на Добра Надеж. |
1902 | Прва балканска војна: Крај на Битолската битка со победа на српските над турските единици. |
1944 | Тетово е ослободено во Втората светска војна, како последен ослободен град на територијата на Македонија. |
1991 | Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донеле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава. |
2008 | Џон Ки станува премиер на Нов Зеланд. |
1959 | Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. |
1959 | Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА). |
1970 | Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада. |
1991 | Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година. |
1993 | Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица . |
1995 | Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната хелсиншка федерација. |
2001 | Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа. |
1992 | Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија. |
1994 | Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија. |
1908 | Во Битола е усвоена албанската азбука. |
1943 | Либан стекнува независност од Франција. |
1963 | Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди. |
1974 | Генералното собрание на Обединетите нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација. |
1986 | Победувајќи го актуелниот првак Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил првачката титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот првак во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс. |
1991 | Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција. |
1831 | Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција. |
1944 | По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. |
1971 | Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина. |
1995 | Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа трите главни странки на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ. |
2003 | Грузискиот претседател Едуард Шеварнаѕе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама |
1859 | Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден. |
1936 | Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“. |
1944 | Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ. |
1986 | Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година. |
1994 | Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација. |
1867 | Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда. |
1918 | Поранешната австроунгарска покраина Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија. |
1920 | Во Скопје избувнал штрајк на 120 кројачки работници, кои барале осумчасовен работен ден и зголемување на платата за 10%. Штрајкот завршил со делумен успех. |
1936 | Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт |
1939 | Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија. |
1965 | Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу. |
1973 | Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство. |
1976 | Суринам стекнува независност од Холандија |
1977 | Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор. |
1990 | ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место. |
1917 | Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната хокеарска лига (НХЛ). |
1918 | Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија. |
1922 | Хауард Картер и Лорд Карнарвон го откриле гробот на Тутанкамон, стар преку 3000 години и целосно зачуван. |
1942 | Втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ. |
1986 | Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ - „ЛИК“. |
1991 | Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско. |
1095 | На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан II ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година. |
1895 | Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум. |
1919 | По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС. |
1926 | Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија. |
1942 | Втора светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите. |
1946 | Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови. |
1982 | водачите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и јадрена соработка со Јужноафриканската Република“. |
1997 | Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија. |
1520 | Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име. |
1821 | Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија. |
1905 | Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“. |
1943 | Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември. |
1981 | Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски. |
1995 | Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). |
1997 | Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија. |
1913 | Во Париз основан Меѓународниот мечувалски сојуз (ФИЕ). |
1926 | Во Тетово е пуштена во редовна работа ХЕЦ „Пена“ — прв хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор било Тетовското индустриско акционерско друштво основано на иницијатива на Г-дин Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово. |
1943 | Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија. |
1947 | Генералното собрание на Обединетите нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел. |
1958 | Скопје и некои други градови од Македонија добиваат добар прием на италијанската телевизија. |
1962 | Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на надзвучен авион од типот „Конкорд“. |
1973 | Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија. |
1894 | Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО. |
1966 | Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност. |
1998 | Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски. |
2001 | Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски. |
2005 | Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција. |