1988
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1988 MCMLXXXVIII |
Ab urbe condita | 2741 |
Ерменски календар | 1437 ԹՎ ՌՆԼԷ |
Асирски календар | 6738 |
Бахајски календар | 144–145 |
Балиски календар | 1909–1910 |
Бенгалски календар | 1395 |
Берберски календар | 2938 |
Будистички календар | 2532 |
Бурмански календар | 1350 |
Византиски календар | 7496–7497 |
Кинески календар | 丁卯年 (огн. зајак) 4684 или 4624 — до — 戊辰年 (зем. змеј) 4685 или 4625 |
Коптски календар | 1704–1705 |
Етиопски календар | 1980–1981 |
Еврејски календар | 5748–5749 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2044–2045 |
- Сачка ера | 1909–1910 |
- Кали-југа | 5088–5089 |
Холоценски календар | 11988 |
Игбоански календар | 988–989 |
Ирански календар | 1366–1367 |
Исламски календар | 1408–1409 |
Јапонски календар | Шова 63 (昭和63年) |
Јавански календар | 1920–1921 |
Џуче-календар | 77 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4321 |
Мингуо-календар | Тајван 77 民國77年 |
Нанакшахи | 520 |
Тајландски сончев календар | 2531 |
Тибетски календар | 阴火兔年 (женски оган-зајак) 2114 или 1733 или 961 — до — 阳土龙年 (машка земја-змеј) 2115 или 1734 или 962 |
Униксно време | 567993600 – 599615999 |
1988 (MCMLXXXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1988 година од новата ера, 988. од вториот милениум, 88. од XX век и деветта од 1980-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7496 и 7497 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6738 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5748 и 5749 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2741.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1988 година се протега во 4624 и 4625, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4684 и 4685 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2531. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1408 и 1409 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- 1 јануари - СССР започнува со својата програма на економски реформи позната како перестројка
- 13-28 февруари - Во Калгари, Канада, се одржуваат Зимските олимписки игри
- 15 мај - По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан.
- 3 јули - Во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија
- 8 август - Во Мјанмар започнува народно востание против воената диктатура во земјата
- 20 август - Завршува Иранско-ирачката војна
- 11 септември - Во Естонската ССР се одржуваат демонстрации за независност од СССР
- 17 септември - 2 октомври - Во Сеул, Јужна Кореја, се одржуваат Летните олимписки игри
- 5 октомври - Во Чиле на национален плебисцит е отфрлено продолжувањето на мандатот на Августо Пиноче
- 8 ноември - На американските претседателски избори републиканецот Џорџ Буш го победува демократот Мајкл Дукакис
- 2 декември - Беназир Буто станува премиер на Пакистан, како прва жена која застанува на чело на влада во една исламска земја
- 7 декември - Ерменската ССР ја погодува силен земјотрес од кој загинаа околу 25.000 луѓе
Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]- 7 јануари - Венко Марковски, македонски поет
- 14 јануари - Георги Маленков, советски политичар
- 9 март - Курт Георг Кисингер, германски канцелар
- 16 април - Абу Џихад, палестински водач
- 21 август - Реј Имс, американска дизајнерка и архитект
- 1 октомври - Павле Вуисиќ, српски глумец
- 6 декември - Рој Орбисон, американски пејач