Масакр кај Градево
Масакр во Градево — масакр извршен врз македонското население на 13-14 јули, 1925 година, од страна на четници на ВМРО (Автономистичка), а по наредба на Иван Ванчо Михајлов.[1]
Настан
[уреди | уреди извор]Во своите "Спомени" и низ разни други пишувања, Ванчо Михајлов се трудел да ја сокрие вистината за масакрите извршени низ Пиринска Македонија и Бугарија. Но, масовните гробници и многу други докази го покажуваат токму спротивното. Од таму се согледува дека Дабница не бил единствениот злостор и масакр, туку постојат и масовни гробници во Обесеник, Градево и други места.[1]
Во јули 1925 година во Градево била спроведена истрага, после која на 8 јули некои комунисти биле осудени на смрт.[2] Измачувани 30-тина луѓе, а од нив одвоени десетмина. А, според други извори убиени биле 11 луѓе.[3]
Список на убиените:
[уреди | уреди извор]На 13 јули по лично потврдена казна од Ванчо Михајлов, во месноста Мадана бил стрелан Петар Маревски, додека на 14 јули во месноста Обесеник крај селото Градево биле стрелани:[2][4]
- Асен Пазов од Радомир,
- Борис Георгиев Туфекчиски од Марулево
- Јане Стојанов Маламов од Ораново
- Иван Трајков Христов од Градево
- Јордан Велев Цицков од Градево
- Стоица Атанасов Цицков од Градево
- Максим Јанев Миразчијски од Градево
- Благо Петков Мазнеов од Градево
- Петар Ангелов Мазнеов од Градево.
Со овие убиства и мачења михајловистите успевале да создадат страв и да ги потиснат прогресивните групи. На местото на егзекуцијата денес постои спомен-плоча.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Тихов, Бојко (2009). „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2023-12-01.
- ↑ 2,0 2,1 Пирински, Јан (2011). „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2023-12-01.
- ↑ Тихов, Бојко. „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2023-12-01.
- ↑ 4,0 4,1 Б. Тасев; Г. Радулов (2011). Булетин No.1. Благоевград: Македонски академичен клуб при дружеството за бугаро-македонска дружба. стр. 34–35.