Масакр во Гуменџе
Масакр во Гуменџе ― масакр извршен врз 52-ца македонски и грчки борци, во мај/јуни, 1944 година.[1]
Хронологија на настаните
[уреди | уреди извор]Во мај 1944 година германските окупаторски војски започнале воени операции против единиците на ЕЛАС на планината Пајак. Воените операции биле неуспешни и германските сили претрпеле околу 10 жртви, меѓу кои загинал и еден грчки командант. По овој настан следела одмазда врз мирното население. Најпрво било запалено селото Голема Ливада, ограбени биле и други села, а уапсени повеќе од 100 патриоти - Македонци и Грци од Гуменџе и околината. Сите биле членови на КПГ и ЕАМ, додека Гоно Маслинчев и Танасис Александропулос биле кадри на КПГ во Гуменичко. На 8 мај бил обесен еден од уапсените лица, Г. Георгопулос, додека другите биле испратени во логорот во Солун „Павлос Мелас“.[1]
По еден месец, 52 од уапсените повторно биле префрлени во Гуменџе и биле застрелани во месноста позната како „Чкрчишта“, на еден километар од градот. Уапсените биле стрелани по петмина, а потоа фрлани во еден необележан гроб.[1]
Нивните последни зборови биле: „Да живее ЕЛАС! „Да живее КПГ!“ „Да живее слободата!“[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Повеќе автори - Хр. Менчев (2009). For Sacred National Freedom (PDF). Австралија: Pollitecon Publications. стр. 97. ISBN 978-0-9804763-3-0.[мртва врска]