Масакр во Бесвица
Масакр во Бесвица — масовно стрелање на селаните од страна на германските фашисти извршено на 6 октомври 1944 година.[1]
Настан
[уреди | уреди извор]Со цел да обезбедат посигурно минување по линијата Солун-Скопје-Белград, германските единици решиле да зададат удар кон народноослободителното движење во реоните каде поминувала железничката линија. На 6 октомври 1944 година навлегле во село Бесвица и ги стрелале селаните:[1]
- Абас Ахмедов
- Абрулазим Максудов
- Амед Авзиов
- Амед Беков
- Алил Браов
- Асан Нурединов
- Вели Максудов
- Ибраим Реџепов
- Ибраим Зејнелов
- Мемед Смаилов
- Мемед Јуруков
- Смаил Дураков
- Фаик Реџепов
- Феим Демиров
- Абас Мемедов
- Амед Максудов
- Али Шакиров
- Велим Мустафов
- Асан Селманов
- Вели Реџепов
- Ибраим Шарибегов
- Ибраим Ашимов
- Ибраим Аметов
- Мамут Башов
- Мустафа Алимов
- Назим Јуруков
- Рашид Асанов
- Хусеин Налпаров
- Сабри Неџипов
Според народната песна „Бесвичани ви селани“, стрелањето било извршено надвор од селото, во меснонста Лозача.
Песна посветена за жртвите
[уреди | уреди извор]Бесвичани ви селани[2]
Бесвичани ви селани,
штој сте толку замислени;
што сте толку замислени,
со главите наведнати.
-Как да не сме замислени,
замислени, ајде, зачудени;
чера застра ми дојдоја,
ми дојдоја, аман, Германците,
Германците, џанам, фашистите,
Не собраја, не собраја, аман,
не собраја на сред село,
не собраја и машко и женско.
И почнаа и почнаа
да се бират, аман, најарните,
најарните бесвичани,
најмладите, леле бесвичани;
ги собраја, ѝ построија, џанам,
ѝ построија, џанам еден до друг,
ѝ потеглија, џанам, надвор од село,
ѝ одвеоја, џанам у Лозача.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 М��нчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 83–84. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ Манчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 109–110. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Одбележани 73 години од стрелањето партизани и селани во Прждево и Бесвица
- 72 години од стрелањето на жители на селата Бесвица и Прждево
- ДЕМИР КАПИЈА / 75 ГОДИШНИНА ОД СТРЕЛАЊЕТО НА ЦИВИЛИ ВО СЕЛАТА БЕСВИЦА И ПРЖДЕВО И ОБЕСЕНИТЕ ПАРТИЗАНИ.
|