WR 137
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 14м [1] | 31,76754с
Деклинација | 36° 39′ [1] | 39,6010″
Прив. величина (V) | 7.91[2] (7.86 - 7.93[3]) |
Особености | |
Развојна фаза | Волф-Рајеова |
Спектрален тип | WC7pd + O9[4] |
U−B Боен показател | −0,40[2] |
B−V Боен показател | +0,29[2] |
Променлив тип | WR[5] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −2,722[6] млс/г Дек.: −5,663[6] млс/г |
Паралакса (π) | 0.4442 ± 0.0296[6] млс |
Оддалеченост | 7.300 ± 500 сг (2.300 ± 200 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −5,7[7] (−4.52 + −5.25) |
Орбита[7] | |
Период (P) | 4,766 ± 66 |
Голема полуоска (a) | 16 ае |
Занесеност (e) | 0,178 ± 0,042 |
Наклон (i) | 67° |
Полузамав (K1) (главна) | 27,9 ± 1,2 км/с |
Полузамав (K2) (споредна) | 6,1 ± 1,3 км/с |
Податоци [7] | |
WR | |
Маса | 4,4 ± 1,5 M☉ |
Полупречник | 10[4] R☉ |
Сјајност | 537.000[4] L☉ |
Температура | 56.000[4] K |
O | |
Маса | 20 ± 2 M☉ |
Старост | 4,5[8] Мг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
WR 137 — променлива Волф-Рајеова ѕвезда која се наоѓа околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието Лебед .
WR 137, заедно со WR 134 и WR 135, е една од трите ѕвезди во Лебед забележана во 1867 година кои имаат невообичаени спектри коисе состојат од изразени оддавни линии, наместо нормални непрекинати линии на и линии на впивање. Ова се првите членови на класата на ѕвезди наречени Волф-Рајеови (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои го забележале нивниот необичен изглед.[9] Таа е ч��ен на јаглеродната секвенца на WR ѕвезди, што укажува на недостаток на азотни линии и изразена оддавноср на јаглеродот. WR 137 има спектар со оддавност C III послаба од C IV и O V, што доведува до определување на спектрален тип WC7. Во спектарот, исто така, се забележани оддавни линии на He II и O IV .[10]
WR 137 е двоен систем, со придружник од главната низа од спектрален тип О9 или џиновски придружник. Двете ѕвезди орбитираат со орбитален период од тринаесет години во благозанесена орбита, и постои изразено создавање на прашина во близина на периастронот. Наклоноста на орбитата е непозната, најверојатно близу 67 °, но некои анализи укажуваат на вредности од околу 23 °. Ѕвездата од спектрален тип О е визуелно посветла и помасивна, но WR ѕвездата доминира во спектарот и има повисока болометриска сјајност.
WR 137 е на околу еден степен подалеку од WR 135 и се верува дека двете ѕвезди се наоѓаат на приближно исто растојание од Земјата во рамките на ѕвезденото здружение Лебед OB3.[11] Нејзините особини се непознати поради присуството на топол прозрачен придружник. Псевдо-комбинираниот спектар дава температура од 56.000 К, сјајност од 537,000 L☉, и полупречник од 10 R☉. Потипичен полупречник за WC7 ѕвезда би бил 4.5 R☉, што укажува на повисока температура.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Van Leeuwen, F. (2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ Alfonso-Garzón, J.; Domingo, A.; Mas-Hesse, J. M.; Giménez, A. (2012). „The first INTEGRAL-OMC catalogue of optically variable sources“. Astronomy & Astrophysics. 548: A79. arXiv:1210.0821. Bibcode:2012A&A...548A..79A. doi:10.1051/0004-6361/201220095.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Sander, A.; Hamann, W.-R.; Todt, H. (2012). „The Galactic WC stars. Stellar parameters from spectral analyses indicate a new evolutionary sequence“. Astronomy & Astrophysics. 540: A144. arXiv:1201.6354. Bibcode:2012A&A...540A.144S. doi:10.1051/0004-6361/201117830.
- ↑ Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Lefèvre, L.; Marchenko, S. V.; Lépine, S.; Moffat, A. F. J.; Acker, A.; Harries, T. J.; Annuk, K.; Bohlender, D. A.; Demers, H.; Grosdidier, Y.; Hill, G. M.; Morrison, N. D.; Knauth, D. C.; Skalkowski, G.; Viti, S. (2005). „Spectroscopic study of the long-period dust-producing WC7pd+O9 binary HD192641“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 360: 141. arXiv:astro-ph/0504475. Bibcode:2005MNRAS.360..141L. doi:10.1111/j.1365-2966.2005.09017.x.
- ↑ Smith, L. F.; Meynet, G.; Mermilliod, J.-C. (1994). „Improved bolometric corrections for WR stars from cluster membership and evolutionary models“. Astronomy and Astrophysics. 287: 835. Bibcode:1994A&A...287..835S.
- ↑ Murdin, P. (2001). „Wolf, Charles J E (1827-1918)“. The Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. стр. 4101. Bibcode:2000eaa..bookE4101.. doi:10.1888/0333750888/4101. ISBN 0333750888.
- ↑ Hiltner, W. A.; Schild, R. E. (1966). „Spectral Classification of Wolf-Rayet Stars“. Astrophysical Journal. 143: 770. Bibcode:1966ApJ...143..770H. doi:10.1086/148556.
- ↑ Gervais, Simon; St-Louis, Nicole (1999). „A Large H I Shell surrounding the Wolf-Rayet Star HD 191765“. The Astronomical Journal. 118 (5): 2394. Bibcode:1999AJ....118.2394G. doi:10.1086/301065.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Wolf-Rayet shells showing a spectrum of WR 135
- WR134 Ring Nebula with WR 135 visible in the top left corner