Прејди на содржината

Сеслово

Координати: 40°58′N 22°56′E / 40.967° СГШ; 22.933° ИГД / 40.967; 22.933
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сеслово
Σεβαστό
Сеслово is located in Грција
Сеслово
Сеслово
Местоположба во областа
Сеслово во рамките на Кукуш (општина)
Сеслово
Местоположба на Сеслово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°56′E / 40.967° СГШ; 22.933° ИГД / 40.967; 22.933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000225000000225 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно150
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сеслово (грчки: Σεβαστό, Севасто, до 1927 Σέσλοβο, Сеслово)[2] — село во Оп��тина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 225 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сеслово се состоело од 25 семејства со 108 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сеслово имало 50 Роми 200 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 93 жители, додека во 1920 година 107 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[7]. Во 1926 година, селото било преименувано во Севасто.[8]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 257 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 470 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 248 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 181 жител, во 1981 година имало 197 жители, додека во 1991 година имало 143 жител[10]. Денеска, населението на селото е 150 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 470 248 219 181 197 143 150
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. 7,0 7,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 115.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-08.