Сарајли
Сарајли Παλατιανό | |
---|---|
Координати: 41°8′N 22°55′E / 41.133° СГШ; 22.917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 416 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 111 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Сарајли (грчки: Παλατιανό, Палатијано, до 1926 Σαραϊλή, Сарајли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 416 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарајли се состоело од 5 семејства со 16 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сарајли имало 80 жители муслимани[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 59 жители, додека во 1920 година 49 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било преименувано во Палатијано.[6]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 65 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 234 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 229 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 247 жители, во 1971 година имало 185 жители, во 1981 година имало 138 жители, додека во 1991 година имало 111 жители[8]. Денеска, населението на селото е 140 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 234 | 229 | 247 | 185 | 138 | 127 | 111 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παλατιανό
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-04.
|