Планиница
Планиница Φύσκα | |
---|---|
Координати: 41°6′N 22°59′E / 41.100° СГШ; 22.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 369 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 152 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Планиница или Липлак (грчки: Φύσκα, Фиска, до 1927 Πλανίτσα, Планица)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 19 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 369 метри.
Арбур опфаќа површина од 23 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Планиница се состоело од 100 семејства со 84 муслимани и 395 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Планиница имало 500 жители Македонци и 250 Турци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 640 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско и муслиманско население било принудено да побегне од своите домови.[7]. Во Бугарија се иселиле 30 семејства и околу 150 жители во Горни Воден, Асеновград[8]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 234 жител.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Фиска.[9]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 318 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 619 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 387 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 501 жител, во 1971 година имало 303 жители, во 1981 година имало 304 жители, додека во 1991 година имало 299 жители[11]. Денеска, населението на селото е 289 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 619 | 387 | 501 | 303 | 304 | 299 | 289 | 152 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Илија“ од 1854 г., прогласена за споменик на културата
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Планиница
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 106.
- ↑ Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.94
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-04.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 420.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 421.
|