Марит Бјорген
Марит Бјорген | ||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Марит Бјорген за време на Светскиот куп во скијачко трчање во Стокхолм во март 2013 | ||||||||||||||||||||||||||
Држава | Норвешка | |||||||||||||||||||||||||
Роден | 21 март 1980[1] Трондхејм, Норвешка | |||||||||||||||||||||||||
Spouse(s) | Фред Боре Љундберг | |||||||||||||||||||||||||
Скијачки клуб | Рогнес ИЛ | |||||||||||||||||||||||||
Кариера во Светскиот куп | ||||||||||||||||||||||||||
Сезони | 18 – (2000–2015, 2016-2018) | |||||||||||||||||||||||||
Поединечни победи | 114 | |||||||||||||||||||||||||
Екипни победи | 30 | |||||||||||||||||||||||||
Поед. подиуми | 184 | |||||||||||||||||||||||||
Екипни подиуми | 37 | |||||||||||||||||||||||||
Поед. тргнувања | 303 | |||||||||||||||||||||||||
Екипни тргнувања | 44 | |||||||||||||||||||||||||
Вкупно титули | 4 – (2005, 2006, 2012, 2015) | |||||||||||||||||||||||||
Титули по дисциплина | 8 – (3 далечински, 5 спринт) | |||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Марит Бјорген (норвешки: Marit Bjørgen; родена на 21 март 1980 година) е норвешка нордиска скијачка. На вечната листа од Светскиот куп во скијачко трчање таа е рангирана на првото место со 114 победи во поединечна конкуренција. Бјорген е и најуспешната спринтерка во историјата на Светскиот куп во скијачко трчање, со 29 победи. Таа освоила најмногу медали на Зимските олимписки игри во 2010 година; освоила пет медали од кои три златни. Како петкратна учесничка на Олимписки игри, освоила рекордни 15 медали, повеќе од било кој спортист во историјата на Зимските олимписки игри.[2]
На 6 април 2018 година, Бјорген објавила дека се повлекува од натпреварите во скијачко трчање по завршување на сезоната 2017-18. [3] Во мај 2020 година, Бјорген објавила дека ќе се врати на натпреварувањето, со цел да учествува на трката во Васалопет во март 2021 година.[4]
Светски куп
[уреди | уреди извор]Марит Бјорген на почетокот била одлична на спринтерските трки, а со седумте победи во тие трки биле доволни за да го освои второто место во генерален пласман во Светскиот куп во скијачко трчање во сезоната 2003–04. Но, од сезоната 2004-2005, Бјорген станала врвен скијач на долги патеки.
Светски првенства
[уреди | уреди извор]Бјорген има осумнаесет златни медали од Светските првенства во нордиско скијање, од кои дванаесет во поединечна конкуренција. Својот прв златен медал на Светските првенства го освоила спринтерската трка во Вал ди Фиеме во 2003 година, каде што исто така освоила сребро во трката 4 × 5 км. Таа освоила три медали во Оберстдорф во 2005 година во 30 км класично, тимски спринт и 4 × 5 км. Таа исто така освоила сребро во 7,5 км + 7,5 км двојна потера и бронза на 10 км слободно на истите игри. На првенството во 2007 година во Сапоро, Бјорген освоила две бронзени медали во екипен спринт (со Астрид Јакобсен) и во 4×5 км. Во Холменколен во 2011 година таа победила на спринтот во поединечна категорија, на 15 км потера, на 10 км класично, и на 4×5 км и освоила сребро на 30 км. На Светското првенство во Вал ди Фием во 2013 година, таа победила на спринтот во поединечна категорија, двоен потера, 4 x 5 км, 30 км и освоила сребро на 10 км слободен стил.
Олимписки игри
[уреди | уреди извор]На 21-годишна возраст, таа учествувала на Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити 2002 година, каде што освоила сребро во штафетата 4x5 километри. На Зимските олимписки игри 2006 во Торино, освоила сребрен медал на 10 километри слободно и завршила на четвртото место во штафетата 4x5 километри. На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, Бјорген освоила пет олимписки медали во сите дисциплини во кои учествувала: златен медал на 15 километри, класичен спринт и штафетна трка 4x5 километри, како и сребрен медал на 30 километри масовен старт и бронзен медал на 15 км.
На Олимписките игри 2014 во Сочи, Русија, освоила три златни медали: 15 километри скиатлон, 30 километри масовен старт и екипен спринт. Со овие три олимписки медали, дотогаш имала освоено вкупно десет медали, со што го израмнила рекордот за најмногу освоени медали на зимските олимписки игри во женска конкуренција, заедно со Стефанија Белмондо и Раиса Сметанина; но од сите три наведени рекордери, Бјорген имала најмногу злата.[5]
На Олимпијадата во Пјонгчанг 2018 година, освоила злато на 30 км класично, 4х5 км штафетната трка, сребро на 15 километри скиатлон и бронза на 10 километри слободно и екипен спринт.
Бјорген учествувала на пет последователни Зимски олимпијади, од Солт Лејк Сити во 2002 година, каде што го освои својот прв сребрен медал, до Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг кога ги освоила последните пет олимписки медали, и со вкупно 15 освоени медали таа има освоенонајмногу медали во историјата на Зимските олимписки игри.[6]
Резултати од скијачко трчање
[уреди | уреди извор]Олимписки игри
[уреди | уреди извор]- 15 медали – (8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени)
година | Возраст | 10 км | 15 км | Потера | 30 км | Спринт | 4 × 5 км | Тим спринт |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2002 | 21 | - | 50 | - | 14 | - | Сребро | Н/П |
2006 | 25 | Сребро | Н/П | не заврши | - | 18 | 5 | 4 |
2010 | 29 | Бронза | Н/П | Злато | Сребро | Злато | Злато | - |
2014 | 33 | 5 | Н/П | Злато | Злато | 11 | 5 | Злато |
2018 | 37 | Бронза | Н/П | Сребро | Злато | - | Злато | Бронза |
Светски првенства
[уреди | уреди извор]- 26 медали – (18 златни, 5 сребрени, 3 бронзени)
година | Возраст | 10 км | 15 км | Потера | 30 км | Спринт | 4 × 5 км | Тим спринт |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2001 | 20 | 24 | - | 19 | CNX [a] | - | - | Н/П |
2003 | 22 | - | 24 | - | - | Злато | Сребро | Н/П |
2005 | 24 | Бронза | Н/П | Сребро | Злато | 16 | Злато | Злато |
2007 | 26 | 22 | 12 | 9 | 10 | Бронза | Бронза | |
2009 | 28 | 16 | Н/П | 19 | - | 9 | 4 | - |
2011 | 30 | Злато | Н/П | Злато | Сребро | Злато | Злато | - |
2013 | 32 | Сребро | Н/П | Злато | Злато | Злато | Злато | - |
2015 | 34 | 31 | Н/П | 6-ти | Сребро | Злато | Злато | - |
2017 | 36 | Злато | Н/П | Злато | Злато | 16 | Злато | - |
Светско првенство
[уреди | уреди извор]Сезонски титули
[уреди | уреди извор]- 12 титули – (4 севкупно, 3 далечински трки, 5 спринт)
Сезона | |
Дисциплина | |
2003 | Спринт |
2004 | Спринт |
2005 | Севкупно |
Далечински трки | |
Спринт | |
2006 | Севкупно |
Спринт | |
2012 | Севкупно |
Далечински трки | |
2015 | Севкупно |
Далечински трки | |
Спринт |
Сезонски пласман
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Norway Olympic Team and Media Guide Sochi 2014. Norway: Norwegian Olympic and Paralympic Committee and Confederation of Sports. 2014. стр. 46.
- ↑ „'Born with skis on': Norway celebrates Winter Olympics medal record“. www.theguardian.com. The Guardian. 2018-02-25. Посетено на 15 March 2018.
- ↑ „Norwegian Winter Olympics superstar Marit Bjørgen to retire“ (англиски). Local Norway. 6 April 2018. Посетено на 7 April 2018.
- ↑ Palmer, Dan (28 May 2020). „Bjørgen ends retirement to join skiing club Team Ragde Eiendom“. Inside the Games. Посетено на 28 November 2020.
- ↑ David Pace (22 February 2014). „Norwegian women back on top at Sochi Olympics“. AP. Yahoo News.
- ↑ „Winter Olympics: Marit Bjorgen becomes most decorated Winter Olympian as USA win gold“. BBC Sport. 21 February 2018. Посетено на 21 February 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2006
- Олимписки бронзени медалисти за Норвешка
- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018
- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2014
- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010
- Родени во 1980 година
- Освојувачи на сребрен медал на Олимписки игри за Норвешка
- Освојувачи на медали на Олимписки игри во скијачко трчање
- Шампиони на ФИС Светскиот куп во скијачко трчање
- Освојувачи на златен медал на Олимписки игри за Норвешка
- Норвешки нордиски скијачи на Олимписки игри
- Норвешки нордиски скијачки
- Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2006
- Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2014
- Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2010
- Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2002
- Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2018