Алп Арслан
Алп Арслан | |
---|---|
Султан на Големата Селџучка Империја | |
На престол | 4 септември 1063 – 15 декември 1072 |
Претходник | Тугри |
Наследник | Малик-Шах I |
Роден(а) | 20 јануари 1029[1] |
Починал(а) | 15 декември 1072 | (возр. 43)
Почивалиште | |
Сопружник | Ака Кутан Сафарија Катун Шах Катун |
Династија | Селџучка династија |
Татко | Чагри Бег |
Мајка | непознато |
Вероисповед | ислам |
Aлп Арслан (турски: Alp Arslan, „херојски лав“) или реално име Дија ад Дуња ва ад Дин Абуд ад-Давлах Абу Шуџа Мухамед Алп Арслан ибн Давуд (ابو شجاع محمد آلپ ارسلان ابن داود)—султан на Турците од Селџук (1063-1072) и внук на Тугрил бег (1037-1063). Тој владеел со територијата на денешен Иран, Ирак, Сирија и делови од Турција. Со победата на византиската војска во Битка кај Манцикерт во 1071 година, тој ја вовел Византија во нова граѓанска војна, по што Турците се прошириле на Мала Азија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Арслан е роден околу 1030 година, а во 1063 година станал султан на Селџуците. Во 1064 година го окупирал градот Ани во Ерменија, по што следело масовен масакр на месното население,[2] а во 1067 година, и од Кајсери. Византискиот цар Роман IV Диоген (1068-1071) започнал неколку воени походи против Селџуците во обид да ги потисне од источните делови на Византија. Тие завршиле без голема воена победа, бидејќи одредите на Селџуците избегнувале директна борба со Византијците, но во 1070 година успеале да склучат мировен договор со Арслан за да го спречат грабежот.
Користејќи го мирот со Византија, Арслан почнал да го напаѓа Алеп со армијата во 1071 година, но за време на кампањата добил известување дека Роман ја предводел Големата армија во Манцикерт, кој брзо го зазел. Селџучкиот султан потоа го запрел понатамошниот напредок и брзо се упатил кон централната Анадолија и езерото Ван. Во близина, имало битка меѓу Селџуците и визан��иската војска. Силите на Арслан ги поразиле Византијците и ги заробиле самите Римјани.
Во самата битка биле пресудни голем број фактори. Од поделбата на византиската војска на два дела, непосредно пред битката, така што само дел од неа се судриле со Селџуците, до предавството на еден византиски командант. Андроник Дука, кој бил политички противник на Роман, заповедал со резервниот состав, и во клучен момент одбил да ја заштитат позадината на византискиот центар, и се повлекол од битката, ширејќи дезинформации дека Роман погинал.[2] Брзите селџучки коњаници лесно го опколиле византискиот центар и го уништиле десното крило, додека делови од левото крило успеале да го пробијат обрачот. Дополнителен фактор во битката била тактиката на Селџуците да ја избегнуваат директната конфронтација со силно вооружената пешадија и коњаница на Византијците.
По битката, царот Роман IV бил заробен и донесен пред Алп Арслан. Откако завршил ритуалот на понижување, Арслан се однесувал со него со почит,[3] а откако биле утврдени условите за мир, Арслан склучил мир со него. Но, по поразот кај Манцикерт, во Цариград дошло до преврат и нови борби за власт во кои Роман бил поразен и убиен, односно бил ослепен на 29 јуни, а веќе на 4 август 1072 година починал од последиците на ослепувањето. Самиот Арслан по смртта на Роман продолжил да го почитува мирот што го склопил со него, но локалните емири не се чувствувале обврзани да ги почитуваат одредбите на мирот[4] и започнале со упади во Византија.
Арлсан починал на 15 декември истата година во Туркистан, а го наследил неговиот син Малик-Шах I (1072—1092).
Наследство
[уреди | уреди извор]Се семта дека Алп Арслан го започнал анатолианизмот, односно идејата дека главниот извор за турската култура треба да биде Анадолија. Неговата победа кај Манзикерт често се смета за почеток на крајот на византиската моќ во Анадолија, и почеток на турското владеење во таа област.
Освојувањето на Анадолија исто така се смета за една од клучните причини за започнување на крстоносните војни.
Од 2002 година до јули 2008 година за време на реформата на календарот на Туркменистан, месецот август е наречен по Алп Арслан.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Soviet Historical Encyclopedia. Volume I. Page 415.
- ↑ 2,0 2,1 Kazhdan 1991
- ↑ R. Scott Peoples (2007). Crusade of Kings. Wildside Press LLC. стр. 13. ISBN 978-0-8095-7221-2.
- ↑ Острогорски, Георгије (1993). Историја Византије (II фототипско издање 1959). Београд.
Литература
[уреди | уреди извор]„Алп Арслан“ на Ризницата ? |
- Bosworth, C. E. (1968). „The Political and Dynastic History of the Iranian World (A.D. 1000–1217)“. Во Frye, R. N. (уред.). The Cambridge History of Iran, Volume 5 The Saljuq and Mongol periods. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 1–202. ISBN 0-521-06936-X.
- Minorsky, Vladimir (1958). A History of Sharvān and Darband in the 10th–11th Centuries. University of Michigan. стр. 1–219. ISBN 978-1-84511-645-3.