Њујорк (град)
Најпознатите места во градот | |||
|
|||
Местоположба | |||
---|---|---|---|
Координати |
| ||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Њујорк New York City | ||
Прекари | - Големото јаболко - Готам - Градот што никогаш не спие - Главниот град на светот | ||
Повикувачки број | 212, 718, 917, 347, 646 | ||
Официјална страница | www.nyc.gov | ||
Управа | |||
Земја | САД | ||
Сојузна држава | Њујорк | ||
Урбани подрачја | Бронкс Бруклин Менхетн Квинс Островот Стејтн | ||
Градоначалник | Бил де Блазио | ||
Географија | |||
Површина - копно - вода |
1,214.4 км² 789.4 км2 428.8 км2 | ||
Надморска височина | 10 м | ||
Население | |||
Население | 8,336,697[1] (2012) | ||
Густина | 10,606 ж/км² |
Њујорк (англиски: New York City) е најгусто населениот град во САД, и центар на метрополитенската област Њујорк, која е едно од најгусто населените урбани области во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел. Во 2012 година градот Њујорк има население од околу 8.336.700 жители.
Сместен на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд. Проценетата населеност на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители,[1] и со површина од 790 км2,[2][3] Њујорк е најгусто населениот голем град во САД.[4] Населението во метрополитенската област Њујорк е исто така во најголем број во државата, со 18,8 милиони во област од 17.400 км2.[5] Исто така, и пошироката област на Њујорк, која во 2008 година била дом на 22.155 милиони. Њујорк е основан како трговски центар од страна на Холанѓаните во 1624 година. Тогашното гратче било именувано Нов Амстердам сè до 1664 година кога колонијата потпадна под контрола на Англија. Њујорк започнува да се смета за главен град на САД во периодот од 1785 сè до 1790 година. Градот, како најголем од сите градови во САД, почнува да важи како таков од 1790 година.
Многу области и културни знаменитости во градот се добро познати низ целиот свет. Статуата на слободата поздравувала милиони имигранти кои пристигнувале кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Волстрит во подолен Менхетн, е доминантен финансиски центар од периодот на Втората светска војна, и денес е седиште на Њујоршката берза. Градот е дом на некои од највисоките згради во светот.
Њујорк е град во кој се родиле многу културни движења, како што се Харлемската ренесанса во литературата и визуелната уметност, Апстрактниот експреонизам (исто познат како „Њујоршка школа“) во сликарството, хип-хопот, панкот, салсата, диското и Тин Пан Алеи во музиката, а претставува и дом на Бродвејскиот театар.
Њујорк е претпознатлив меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз, од кои поголемиот број функционираат 24 часови дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители. Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“ Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“.
Историја
[уреди | уреди извор]Регионот е населен со околу 5000 староседелци Ленапи во времето кога Европа за првпат ја открила територијата на денешен САД во 1524, со помошта на Џовани Верацано италијански истажувач во служба на француското кралство кој го нарекол „Novvelle Angoulame“. Населувањето на европските жители во овој регион започнува со основањето на холандскиот центар за трговија со крзно, подоцна именуван како Нов Амстердам, во јужниот дел од Менхетн во 1614. Питер Минуит главниот водач на холандската колонија, ја купил областа Менхетн од Ленапите во 1626 по цена од 1000 долари; една легенда којашто денес е побиена вели дека Менхетн бил купен за 24 долари.
Во 1664 амглиските трупи го освоиле градот, пошто тој бил преименуван во Њујорк, според англискиот војвода од Јорк и Албани. При крајот на Втората англо-холандска војна, Холанѓаните ја презеле контролата врз Ран (имот со бесценета вредност во тој период) во замена за англиската контрола врз Нов Амстердам (Њујорк) во Северна Америка. Многуте меѓуплеменски борби и бројните епидемии донесени со пристигнувањето на Европските народи причиниле огромни човечки загуби меѓу Ленапите во периодот помеѓу 1660 и 1670 година во 1700 година) популацијата на Ленапите се намалила и до 200. Во 1702 година градот загубил 10% од жителите поради жолта треска, која брзо се проширила. Во периодот од 1702 до 1800 Њујорк претрпел не помалку од седум удари на епидемии од жолта треска.
Њујорк се здобил со важност за време на владеење на Британија. Во градот се одржало судењето Џон Питер Зенгер во 1735, кое помогнало за основање на слободата на печатот во долниот дел на Менхетн. Во 1754, Универзитетот Колумбија е основан како колеџ на кралството во долниот дел на Менхетн, од страна на Џорџ II од Велика Британија. Конгресот се состанал во Њујорк во октомври 1765 година, а Синовите на Слободата го организирале градот, водејќи ги околу десет години британските трупи кои биле стационирани на тоа подрачје.
За време на Американската револуционерна војна, во областа на Њујорк се случиле неколку серии од поголеми битки, познати како Њујоршки војни. По Битката кај тврдината на Вашингтон, која се случила во 1776 година во горниот дел на Менхетн, градот се претворил во воена и политичка база на Британија во Северна Америка, дури и како засолниште на бегалците од редовите на лојалистите, сè до завршувањето на воената окупација во 1783. Пожар од огромни димензии довел до уништување на четвртина од градот за време на окупацијата. Собранието на Конгресот на Конфедерацијата го именува Њујорк за главен град кратко по завршувањето на војната. Уставот САД бил ратификуван и во 1789 бил инаугуриран првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон. За првпат во 1789 било одржано собранието на Конгресот и Врховниот суд на САД, биле разработени правата; сите заедно во федералниот дом на Волстрит. До 1790 година Њујорк го надминал најголемиот град во САД, Филаделфија.
Во 19 век градот бил трансформиран од многубројните миграции и развојот. Нацрт-планот на Комисионерите во 1811 ја проширил мрежата на улици низ цел Менхетн, а во 1819 бил отворен каналот Ери кој го поврзувал пристаништето на Атлантика со земјоделските пазари во внатрешноста на Северна Америка. Локалната политика потпаднала под влијание на Тамани политичко движење поддржано од ирски емигранти. членовите на старата трговска аристократија во 1857 се заложиле за изградувањето на Централ Парк, кој станал првиот национален парк во еден град во Соединетите Држави. Голем број на слободно црнечко население имало во Менхетн и Бруклин. Сè до 1827 постоеле робови во Њујорк, но за време на триесеттите години од 19 век Њујорк се претворил во центар на активистите кои се залагале за укинување на робството во Северот. Во 1840, црнечкото население надминувало 16 000. Големиот глад кој завлдеал во Ирска придонел за огромниот прилив на Ирски емигранти, и до 1860 година, еден од четири Њујорчани од преку 200 000 биле родени Ирци.
За време на Американската граѓанска војна (1861-1865) се случиле нередите од 1863 година, кои претставуваат едни од најлошите граѓански нереди до историјата на САД. Гневот кон военото регрутирање за време на оваа војна бил главната причина за настанатите нереди. Во 1898 беше основан модерниот град Њујорк, со здружување на Бруклин (дотогаш независен град), Њујорк (кој вклучувал тогаш делови од Бронкс), Ричмонд и западниот дел на Квинс. Отворањето на подземната железница во 1904 ги поврза деловите на новиот град. Веќе во првата половина од 20 век градот станал центар на индустријата, трговијата и комуникацијата. Меѓутоа, развојот не се случил без цена. Во 1904, паробродот Генерал Слокум бил уништен од пожар во реката Исток, притоа животот го загубиле 1021 човек. Во 1911, пожарот во фабриката за облека го одземал животот на 1 и 6 текстилни работници и со тоа бил поттикнат развојот на Унијата на текстилни работници и подобрувањето на безбедносните стандарди во фабриките. Катастрофата од 1911 година е најлошата индустриска нереќа која се случила на тлото на Њујорк.
Не-белото население на Њујорк во 1890 година изнесувало 36,620. Во 1920 Њујорк бил одредиште за Афроамериканците за време на Големите Миграции од југот на државата. До 1916, Њујорк бил дом на најголемата урбана адриканска дијаспора во Северна Америка. Харлемската ренесана расцвета во ерата на забрана, заедно со економски бум кој во хоризонтот ги поканил најголемите облакодери, кои тогаш беа изградени. Градот Њујорк се претвори во најпопуларната урбана средина во светот во раните 1920-ти, и градот стана првиот мегаград во човечката историја. Подоцна се случиле и изборите, на кои Фиорело да Гвардија реформатор, бил именуван за градоначалник, со што завршило осумгодишното владеење на Тамани.
Ветераните од Втората светска војна во повоениот период создале економски бум и развојот на многу области-за изградба во источен Квинс. Од војната Њујорк излезе скоро без никакви штети и бил градот-водач на светот, со Волстрит на чело со превласта на САД кој станал доминантна економска сила, седиштето на ОН (комплетирано во 1950 година) го нагласува политичкото влијание на градот, а развојот на апстракниот експресионизам го постави Њујорк на местото на Париз, на местото како центар на светската уметност.
Во шеесеттите години од 20 век, Њујорк се соочи со некои економски проблеми, пораснале стапките на криминалот, кои го достигнале својот врв во седумдесеттите . Во 80-тите било поправено фискалното здравје на градот со помош на некои чекори во финансиската индустрија. До 90-тите, се намалиле стапките на криминалот, се забележале и нови емигратски бранови од Азија и Латинска Америка. Се појавиле нови битни сектори, како што е Силициумската Долина кој расцветале во економијата на градот, а популацијата достигнала невиден број.
Градот бил дел од терористички напади, а во тие што се случија на 11 септември 2001 година, околу 3000 луѓе го загубиле својот живот при рушењето на Светскиот трговски центар. Нов Светски Трговски Центар (преходно познат како „Кула на слободата“) заедно со мемориал и три други кули ќе биде изграден на местото, а изградбата се планира да заврши до 2013 година.
На 19 декември 2006 година, првите челични арматури беа поставени во темелите на зградата. Другите три кули се испланирани да се изградат во течението на улицата Гринич и ќе го опкружуваат Меморијалот на Светскиот трговски центар кој е сѐ уште во изградба. Во тоа подрачје ќе биде изграден и музеј посветен на историјата на градбата.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот Њујорк е сместен во североисточниот дел на САД во југоистокот од државата Њујорк, на половина помеѓу Вашингтон и Бостон. Местоположбатана устието од реката Хадсон која се спушта низ природно создадено пристаниште и потоа во Атлантскиот Океан, му помогна на градот да се здобие со значење на трговски град. Поголемиот дел од Њујорк е изграден на три острова-Менхетн, Стејтон Ајленд и Лонг Ајленд. Што овозможува голем простор за живеење.
Реката Хадсон тече низ долината Хадсон сè до заливот Њујорк. Помеѓу градот Њујорк и Трој, Њујорк, реката го има најширокото устие. Реката го одделува Њујорк од Њу Џерси. Реката Ист Ривер тече од Лонг Ајленд со што го дели Бронкс и Менхетн од Лонг Ајленд. Реката Харлем го дели Менхетн од Борнкс.
Градот е значително променет со интервенции од народите, со извесни променувања уште од времето на холандските колонијални епохи. Измените се најзначителни во долниот дел на Менхетн, со развојните процеси како што се градот Батери Парк во 70-тите и 80-тите.
Вкупната територија наградот е проценета на 1214 км2; од кои 425 км<sup>2</sup> се вода, а 789 км2 копно. Највисоката точката на градот е Тод Хил во Стејтн Ајленд, со надоморска височина од 124.9 m, покриен со шуми, кои се дел од Зелениот појас на Стејтн Ајленд.
Клима
[уреди | уреди извор]Според Кепеновата климатска класификација, Њујорк има влажна суптропска клима и ужива околу 234 сончеви дена. Њујорк е најсеверниот поголем град во Северна Америка кој се одликува со таква клима.
Летата се жешки и влажни со просечни високи температури од 26,1 до 28,9 °С, и просечни ниски температури од 17.2 °C до 20.6 °C. Сепак, на секои 4-6 години, во просек од 16 до 19 дена секое лето, температурите може да надминат и 38 °С. Зимите се ладни и ветровите кои дуваат низ подрачјето го намалуваат влијанието на Атлантскиот Океан. Сепак, Атлантскиот Океан го одржува градот потопол во зимата отколку градовите во внатрешноста на Северна Америка, како што се Чикаго, Питсбург и Синсинати. Просечната температура во најстудениот месец во Њујрок, јануари е 0 °С. Меѓутоа температурите во зимите може да падната и до -12 и -16 °С, и да се искачат и до 10 и 15 °С . Пролетта и есента се менливи, и температурите варираат, но најчесто се пријатно меки со мала влажност.
Њујорк прима околу 1,260 mm дожд годишно. Просечните врнежи од снег достигнуваат 62 cm, со мали ралики од година на година, а снежните покривки остануваат кратко. Ураганите и тропските бури се реткост, но не се исклучуваат како можност.
Климатски податоци за Њујорк, нормали за 1981–2010, крајности за 1869–денес | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 22 (72) |
24 (75) |
30 (86) |
36 (96) |
37 (99) |
38 (101) |
41 (106) |
40 (104) |
39 (102) |
34 (94) |
29 (84) |
24 (75) |
41 (106) |
Прос. висока °C (°F) | 3.5 (38.3) |
5.3 (41.6) |
9.8 (49.7) |
16.2 (61.2) |
21.6 (70.8) |
26.3 (79.3) |
28.9 (84.1) |
28.1 (82.6) |
24 (75.2) |
17.7 (63.8) |
12.1 (53.8) |
6.1 (43.0) |
16.7 (62.0) |
Сред. дневна °C (°F) | 0.3 (32.6) |
1.8 (35.3) |
5.8 (42.5) |
11.7 (53.0) |
16.9 (62.4) |
21.9 (71.4) |
24.7 (76.5) |
24 (75.2) |
20 (68.0) |
13.8 (56.9) |
8.7 (47.7) |
3.1 (37.5) |
12.7 (54.9) |
Прос. ниска °C (°F) | −2.8 (26.9) |
−1.7 (28.9) |
1.8 (35.2) |
7.1 (44.8) |
12.2 (54.0) |
17.6 (63.6) |
20.4 (68.8) |
19.9 (67.8) |
16 (60.8) |
10 (50.0) |
5.3 (41.6) |
0 (32.0) |
8.8 (47.9) |
Најниска забележана °C (°F) | −21 (−6) |
−26 (−15) |
−16 (3) |
−11 (12) |
0 (32) |
7 (44) |
11 (52) |
10 (50) |
4 (39) |
−2 (28) |
−14 (7) |
−25 (−13) |
−26 (−15) |
Прос. врнежи мм (ин) | 92.7 (3.65) |
78.5 (3.09) |
110.7 (4.36) |
114.3 (4.50) |
106.4 (4.19) |
112 (4.41) |
116.8 (4.60) |
112.8 (4.44) |
108.7 (4.28) |
111.8 (4.40) |
102.1 (4.02) |
101.6 (4.00) |
1.268,5 (49,94) |
Прос. снег см (ин) | 17.8 (7.0) |
23.4 (9.2) |
9.9 (3.9) |
1.5 (0.6) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0.8 (0.3) |
12.2 (4.8) |
65.5 (25.8) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,01 ин) | 10.4 | 9.2 | 10.9 | 11.5 | 11.1 | 11.2 | 10.4 | 9.5 | 8.7 | 8.9 | 9.6 | 10.6 | 122.0 |
Прос. бр. снежни денови (≥ 0,1 ин) | 4.0 | 2.8 | 1.8 | 0.3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0.2 | 2.3 | 11.4 |
Прос. релативна влажност (%) | 61.5 | 60.2 | 58.5 | 55.3 | 62.7 | 65.2 | 64.2 | 66.0 | 67.8 | 65.6 | 64.6 | 64.1 | 63.0 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 162.7 | 163.1 | 212.5 | 225.6 | 256.6 | 257.3 | 268.2 | 268.2 | 219.3 | 211.2 | 151.0 | 139.0 | 2.534,7 |
Можен удел на сончевост | 54 | 55 | 57 | 57 | 57 | 57 | 59 | 63 | 59 | 61 | 51 | 48 | 57 |
Извор: NOAA (рел. влажност и сончевост 1961–1990)
„NowData - NOAA Online Weather Data“. NOAA. Посетено на 2013-03-04.</ref>[6][7] |
Околина
[уреди | уреди извор]Масовниот јавен транспорт во градот Њујорк е со највисока стапка на употреба во САД, а потрошувачката на бензин во градот е на исто ниво како и националниот просек во 20-тите од 20 век. Високата стапка на употреба на средствата за масо��ен превоз заштеди 18 милијарда тони нафта во 2006 година. Густината на населението на слабата употреба на возила го прават Њујорк еден од нејефикасните градови во САД. Емисиите на гас во стаклената градина се 7.1 тон по жител во споредба со националниот просек од 24.5. жителите на Њујорк се одговорни на испуштање на 1% од стакленичките гасови иако сочинуваат 2.7% од вкупното население. Еден Њујорчанец користи помалку од половина електрична енергија од жител на Сан Франциско и околу една четвртина од потрошената енергија од жител на Далас.
Во поблиското минато градот се фокусираше на намалувањето на своето влијание врз животната околина. Големата концентрација на штетни гасови во воздухот доведува до многу случаи на заболени од астма и други болести на распираторниот тракт. Владеачката гарнитура на градот е обврзана да ги купи само потребните опреми во канцелариите. Њујорк ги има најголемите единици на автобуски транспорт кои користат хибриден дизел и природен гас и некои од прците хибридни такси возила. Њујорк го покрена случајот, Мацаијсетс наспроти ЕПА (Massachusetts vs EPA) со што ЕПА беше присилена да ги регулира гасовите-загадувачи. Градот е исто така и водач во изградбата на стаклени згради како што е кулата Херест (Hearst Tower), помеѓу останатите. Њујорк се снабдува со вода за пиење од планините Кетскил чии вододелници се заштитени. Како резултат на интегритетот на вододелниците и процесите на недопрена природна филтрација на водата. Њујорк е еден од четирите града во САД чијашто вода за пиење е доволно чиста, што нема потреба од дополнителни филтрирања.
Градски пејзаж
[уреди | уреди извор]Архитектура
[уреди | уреди извор]Обликот на градба којшто најмногу потсетува на Њујорк е облакодерот (skyscraper) чиешто воведување во Њујорк доведе до промена на традиционалните ниски европски градби во високи вертикални бизнис центри. Во август 2008 година градот броеше околу 5,538 високи згради, со околу 50 облакодери повисоки од 200m. Ова е број поголем од било кој друг во останатите градови и го става Њујорк на второ место во светот, после Хон Конг .
Њујорк изобилува со згради од различен стил кои се од особено значење, за архитектурата. Тука е вклучена и зградата Волворт (Woolworth Building) (1913 година), облакодер од раниот период на враќање на готиката, на чијашто градба се забележани масивни готски детали кои можат да се прочитаат и од улицата неколку стотици метри подолу. Зонската Резолуција (Zoning Resolution) од 1916 година наложуваше правила за изградбата на новите згради, со што беше ограничена нивната височина, со цел да се овозможи сончевата светлина да допре до улиците. Арт Деко (Art Deco) дизајнот на зградата Крајспер (Chrysle Building) (1930) со својот конусен врв и челични кубиња се придржуваше кон овие правила. Според многу историчари и архитекти, зградата е една од најубавите во Њујорк, со орнаменти кои ја одвојуваат од останатите, како што се имитациите на орелски мотиви на аглите од 61-от кат (Крајслерот од 1928) и светлечки додатоци во В- израз при круната на Кулата. Зградата Сиграм (Seagram Building) (1957) е значаен пример за градба од меѓународен карактер, поради нејзината фасада на која има бронзени и-греди кои ја нагласуваат конструкцијата на зградата. Зградата Конд Наст (Conde Nast ) (2000) е важен пример за „зелениот дизајн“ (green desing) во американските облакодери.
Живеалиштата на Њујорк се опишани како елегантни, потоа куќи во колони (rowhouses) градски куќи (town houses) и бедни пансиони изградени во периодот на брз развој од 1870 до 1930 година. По несреќните пожари во Големиот пожар (Great Fire) во 1835 година, материјалот кој беше препорачан за изградба се состоеше единствено од камен и цигли. За разлика од Париз во кој со векови во изградбата се користеле камења од месните каменоломи, во Њујорк камените блокови се донесувани од далеку, и се одликуваат со различни бои и форми. Една од одликите на градбите во Њујорк водените кули (Water towers) со дрвен покрив. Во 1800 г. во градот имаше потреба од инсталирање на тие кули во градбите повисоки од шест ката за да се спречи преголемиот притисок на водата во пониските катови што би довело до пукање на градските цевки. Апартманите со градини (Garden apartments) стануваат популарни во 30-тите години од 20 век. Во оддалечените региони, вклучувајќи го Џексон Хајтс (Jackson Heights) во Квинс, што стана подостапен со развојот на подземната железница.
Паркови
[уреди | уреди извор]Околу 110 км2 земја се покриени со паркови, а 23 км со јавни плажи. Ова земјиште е надополнето со илјадници акри од Националната Рекреативна област Гејтвеи (Gateway National Recreation Area), дел од системот на национални паркови кои лежат во границите на градот. Резерватот на диви животни во заливот Јамајка е единствениот таков резерват во системот, и е сместен на 9000 акри (36 км2) во мочурливи остривчиња и вода, со што го зазема поголемиот дел од заливот Јамајка(Jamaica Bay).
Централ Парк (Central Park) во Менхетн, дизајниран од Фредерик Ло Олмстед (Frederick Low Olmsted) и Калверт Вокс (Calvert Voux) е најпосетениот градски парк со годишна посетеност од 30 милиони посетители. Паркот е природен, во него има неколку извори и езера со природен изглед, долги патеки за шетање, за јавање, две лизгалишта, од кои едното е базен во јули и август, потоа зоолошка градина (Central Park Zoo), област пошумена со природни дрва, резервоар голем 43 хектари со билиони галони вода и отворен амфитеатар наречен Театар Делакорте (Delacorte Theater) кој е домаќин на „Шекспир во паркот“ кој се одржува секое лето. Паркот има и замок-Белведере (Belvedere Castle) шведски театар со кукли (Swedish Cottage Marionette Theatre), и историскиот Кароусел (Carousel). Се забележуваат и огромни тревни површини кои служат за спортски настани, некои се сместени со цел да послужат како одморалишта и има многубројни занимални за деца.
Паркот е резерват за животни и служи како оаза за птици преселници на есен, што го прави привлечно место за набљудувачите на птици; можат да се забележат 200 различни видови на птици. 10 км од паркот се претворени во патеки за џогирање, возење со велосипед и скејтери, посебно во викендите, после 19 часот кога автомобилите се забранети.
Паркот Проспект (Prospect Park) во Бруклин, исто дизајниран од Олмстер и Воск, располага со ливада од 360 000 m2. Паркот Флашинг Медоус-Корона (Flushing Meadows-Corona Park) во Квинс, е третиот по големина и беше домаќин на Светскиот Саем (World Fair) во 1939 и 1964 година.Околу една петтина од Бронкс (28 км2) е покриена со паркови како што се Паркот Ван Кортланд (Van Cortland Park), Пелхам Беј (Pelham Bay Park), зоолошката градина(Bronx Zoo) и ботаничките градини на Њујорк(New York Botanical Gardens).
Градски области
[уреди | уреди извор]Градот Њујорк е составен од пет градски области (booroughs) што е необичен начин на водење на еден град. Низ секоја од областите има стотици маалски покраија секое со своја историја и приказна. Ако секоја од областите претставуваше независен трак. И од нив ќе беа најнаселените градови во САД.
- Бронкс (население: 1 391 903 ж) е најсеверната област, тука се наоѓа стадионот Јенки, домаќин на Њујоршките Јенки и дом на најголемиот кооперативен комплекс на куќи, Ко-оп Сити. Тука се наоѓа зоолошката градина Бронкс, најголемата метрополитска зоолошка во САД која се простира на површина од 1,07 км2 и е дом на повеќе од 6000 животни. Бронкс е татковината на рап и хип-хоп културата.
- Менхетн (население 1.620 867) е најгусто населената област и дом на поголемиот дел од облакодерите,како и на Централ Парк. Менхетн е финансискиот центар на градот во кој се сместени поголемите корпорации Обединетите Нации како и многу важни универзитети и културни атракции вклучувајќи многу музеи, Бродвејскиот театар, Гранвии Вилиџ и Медисон Сквер Гарден. Менхетн е поделен на три региони: долен, среден и горен. Централ Парк го дели горниот дел од Менхетн на источен и западен (Upper East Side и Upper West Side), а над паркот се наоѓа Харлем.
- Бруклин (население 2.528.050 ж) е областа со најмногу жители и беше независен град сè до 1898. Бруклин е познат по својата културна, социјална и етничка разновидност, независна уметничка сцена, разни маалски подрачја и уникатно архитектонско наследство. Областа се одликува со долга плажа и остров Кони (Coney Island) прифатени во 1870 како едни од најпрвите забавни подрачја во земјата.
- Квинс (население 2.270 338 ж) е географски најголемата област и се одликува со најголема етничка разновидност во САД и се стреми да го надмине Бруклин во поглед на процент на населеност. Гледано од историски аспект, Квинс на почетокот бил само склоп на помали гратчиња и сега основани од Холанѓаните, а денес е област населена со претежно богата и средна класа. Квинс е единствената област во која црнечкото население заработува повеќе од белците на годишно ниво (52.000 долари). Квинс е дом на њујоршките Метси и на Опен Тенис Турнирот во САД. Во областа се наоѓаат и два поголеми аеродроми - Ла Гуардиа, Џон Ф Кенеди Интернешнел (John F. Kennedy International). Третиот поголем аеродром е во Њу Џерси (Newark Liberty International Airport).
- Стејтон Ајленд (481,613 ж) е нај урбаната област од петте. Стејтон Ајленд е поврзан со Бруклин преку мостот Верацано-Нароус (Verrazano-Narrows Bridge), а со Менхетн преку слободен воден сообраќај (Stater Island Ferry). Овој сообраќај е една од најпопуларните туристички атракции во градо Њујорк. Бидејќи овозможува одличен поглед на Статуата на Слободата, островот Елис (Ellis Island) и долниот дел од Менхетн. Тука се наоѓа Гринбелт (Greenbelt), сместен во центарот на Стејтон Ајленд, површина од 25 км2, од кои 35 км се претставени како патеки за прошетка, а останатиот дел претставува недопрсна шумска површина. Гринбелт е заштитен со закон и се состои од седум градски парка. ФДР Боардвок (FDR Boarodwalk) долж Јужната Плажа се карактерисира со должина од 4 км, со што се сместува на четвртото место на светско ниво.
Култура и современ живот
[уреди | уреди извор]Писателот Том Вулф (Tom Wolfe) рекол за Њујорк: Културата можеме да ја почувствуваме во воздухот, како дел од времеските услови. Многу културни движења започнале во градот,меѓу кои и ренесансата Харлем, која беше темелот на афроамериканската литература во САД. Њујорк бил центарот на џезот во 40-тите години на 20 век, на апстрактниот експресионизам во 50-тите и татковина на хип-хопот во 70-тите и 80-тите, градот бил сцена на панк и хардот, а долго време во градот цветала еврејската литература. Многу важни бендови потекнуваат од Њујорк, како што се Д. Строукс (The Strokes), Интерпол (Interpol), Д. Брејвери (The Brawery), Сизос Систерс (Scissor Sisters) и Деи Мајт Бе Џајантс (They Might Be Giants).
Забава и уметнички изведби
[уреди | уреди извор]Градот игра клучна улога во американската филмска продукција. Менхета (Manhatta) од 1920, авангарден филм од почетоците на филмската индустрија, е снимен токму во Њујорк. Денес, градот е вториот по големина град во областа на филмската индустрија во САД. Во градот има околу 2000 уметнички и културни организации околу 500 галерии од различна големина. Градските власти ја финансираат уметноста со годишни надоместоци. Богати индустријалци изградиле мрежа на големи културни институции во 19 век, како што се Карнеги Хол и Метрополитскиот музеј на уметноста (Carnegie Hall, Metropolitan Museum of Art), кои подоцна се признаени интернационално. Со предностите на електричното осветлување беа подобрени театарските продукции и во 90-тите години од 19 век помалите бродвејски театри итеатрите во 42-та улица (42nd street) ја негува новата театарската култура која стана позната како Броквејски Мјузикал (Broadway musical).
Под силното влијание на градските имигранти, продукциите како што се Хариган и Харт (Harrigan and Hart), Џорџ М. Кохан (George M. Cohan) и многу други често вклучуваа песни во говорите кои често рефлектираа теми како што се надежта и амбицијата. Денес овие продукции се поткрепа на њујоршката театарска сцена. Најголемите театри во градот на број околу 39 (со повеќе од 500 седишта) колективно се познати како Бродвеј (Brodway), според голениот сообраќаен премин кој ја сече театарската област во Тајмс Сквер (Times Square). Оваа област е нарекувана Меин Стем (The Main Stem), Грејт Ваит Веи (The Great White Way) или Реанто (The Reatto). Центарот Линколн за уметнички изведби, кој го вклучува Jazz at Linoln Center, Метрополитан Опера (Metropolitan Opera), њујоршката градска опера (Ny City Opera), филхармонијата (My Philharmonie), Балетот (My City Ballet), Вивијан Бјумонт Театарот (Vivian Beaumont Theatre), Школата Џулијард (Julliard School) и Алис Тули Хол (Allice Tully Hall) е најголемиот центар за уметнички изведби во САД. Самерстејџ во Централ Парк овозможува изведби на драми и музика во паркот и 1200 слободни концерти, танци и театарски настани низ сите пет области во летниот период.
Туризам
[уреди | уреди извор]Туризмот е доста развиен и важен за градот Њујорк, со околу 47 милиони странски и домашни посетители годишно. Најчесто посетени одредишта се Емпајер Стејт Билдинг (Емпире Стате Буилдинг),островот Елис, Бродвеј, Метрополитскиот Музеј на уметност и други туристички атракции како што се Централ Парк, Вашингтон Сквер Парк (Washington Square Park), центарот Рокфелер (Rockefeller Center), Тајмс Сквер, зоолошката градина во Бронкс, ботаничката градина на Њујорк, шопинг-атракциите во петтата авенија и авенијата Медисон (Medison Avenue), и настани како што се парадата за Ноќта на Вештерките во Гринич филм фестивал (Tribeca Film Festival) и слободните настапи во летниот период одржани во Централ Парк. Статуата на слободата е најголемата туристичка атракција и е најприфатената икона на САД. Џексон Хајтс, Флашинг и Брајтон Бич (Jackson Heights, Flushing, Brighton Beach) се најголемите шопинг-центри за Американците од првата и втората генерација долж источниот брег (East Coast).
Кујна
[уреди | уреди извор]Културата на исхрана во Њујорк е под влијание на многу емигранти и голем број на куварски патрони и се разликува со голема разнообразност. Источните Европејци и Италијанските емигранти го направија Њујорк препознатлив по тортичките со сирење (Cheesecake) и пицата во Њујорк стил Градот лиценцирал околу 4000 мобилни продавачи на храна, поголемиот дел поседувани од емигранти, ги претставуваат специјалитетите од Средниот Исток,како што се ќебапите, на стојалишта долж улиците во Њујорк, иако продавачите кои продаваат хот-дог се најчесто бараните улични производи. Во градот се наоѓаат најфините ресторани од вкупната територија на САД. Во Њујорк се застапени кујни и специјалитетите од целиот свет. Тука спаѓаат италијанската, француската, шпанската, германската, руската, англиската, грчката,мароланската, кинеската, индиската и јапонската кујна.
Медиуми
[уреди | уреди извор]Њујорк е глобалниот центар за телевизија, огласување, музика, весници и индустрии за издавање книги и е најголемиот пазар на медиуми во Северна Америка (следуваат Лос Анџелес, Чикаго, и Торонто).
Некои од големите медиски конгломерати се Тајм Варнер(Time Warner), Њус Корпорејшн (News Corporation), Харст Корпорејшн (Hearst Corporation) и Виаком (Viacom). Седум од осумте познати агенции за огласување имаат свои претставништа во Њујорк. Три од Големата четворка на продукции за снимање се стационирани во Њујорк.
Една третина од Американските филмови се произведени во Њујорк. Повеќе од 200 весници и 350 магазини имаат своја канцеларија во градот, додека индустријата за издавање книги вработува 25 000 луѓе.
Два од трите национални весници во САД се весници од Њујорк. журналот Волстрит (The Wall Sreet Journal) и Њујорк Тајмс (The New York Times). Њујорк има и свои таблоидни списанија, како што се Њујорк Дејли Њус (The New York Times) и Њујорк Пост (The New York Post), основани во 1801 г. Александар Хамилтон (Alexander Hamilton).
Во Њујорк просперираа и етичкиот печат, со околу 270 весници и списанија издадени на повеќе од 40 јазици. Ел Диарио ла Поенса е најголемиот дневен весник на шпански јазик во Њујорк и е најстар во нацијата. Њујорк Амстердам Њус (The New York Amsterdam News), е афроамерикански весник кој се издава во Харлем.
Вилиџ Војс (The Village Voice) е најголемиот алтернативен весник.
Телевизиската индустрија е доста развиена во Њујорк и претставува значаен работодавец во економијата на градот. четирите најголеми телевизиски куќи Еј-Би-Си (ABC), Си-Би-Ес (CBS), Фокс (FOX) и Ен-Би-Си (NBS) имаат свои претставништа во Њујорк.
Во Њујорк постојат и повеќе кабловски телевизии, како Ем-Ти-Ви (MTV), фокс Њус (Fox News), Ха-Бе-О (HBO) и Комеди Централ (Comedy Central). Во 2005 година повеќе од 100 телевизиски емисии се прикажани во градот Њујорк.
Њујорк е исто така центар на некомерцијални медиуми. Најстариот телевизиски канал во САД е Менхетн Нејборхуд Нетворк (The Manhattan Neighboehood Network), основан во 1971. WNET е најголемата јавна телевизиска станица и првиот издавач во PBS-програмите.
WNYC е најголемата радиот-станица, во сопственост од 1997, и ја има најбројната радиот-публика во САД. Њујорк оперира со јавен сервис за емитување, NYCTV, на кој се прикажуваат емисии кои добиваат многу ЕМИ-награди, а се занимаваат со теми од музиката, културата и градските власти.
Дијалект
[уреди | уреди извор]Градот Њујорк негува посебен регионален говор, познат како њујоршки или бруклински. Тоа е најчесто употребуваниот дијалект во рамките на Американскиот англиски јазик. Класичната верзија на овој дијалект е употребувана од средната и работничката класа на европските потоми, а приливот на не-европски емигранти во последните неколку децении доведе до промени во дијалектите.
Спорт
[уреди | уреди извор]Градот Њујорк има свои спортски екипи во четирите поголеми северноамерикански професионални спортски лиги.
Постојат четиринаесет Светски Серии во сериите од првенството помеѓу екипите од Њујорк, во мечеви наречени Подземни серии (Submay Senes). Њујорк е една од петте области (другите се чикаго, Вашингтон-Балтимор, Лос Анџелес и заливот Сан Франциско) кој има два безбол-тима, Њујорк Јенките (NY Yankees) и Метсите (NY Mets), која се натпреваруваа во шест игри секоја сезона. Јенките освоиле 27 шампионата, додека Метсите победиле двапати во Светските серии. Градот бил дом и на Џиновите (NY Giants, сега San Francisco Giants) и Доџерсите од Бруклин (Brooklyn Odpers, сега LA Dodrers). И двата тима се преселиле во Калифорнија во 1958 година. Постојат и две помали бејзбол тимови, Јенките од Стејтон Ајленд (Statem Jsland Yankees) и Циклоните од Бруклин (Brooklyn Cycloness). New York Iets и New York Football Giants го претставуваат градот во националната рагби лига (National Foodbal Lengue), и ако и двата тима ги одиграат своите натпревари во Џајантс Стадиум (Giants Stadium) во Њу Џерси.
Националната хокеј-лига е претставена од Ренџерсите (NY Ranpers). Постојат и два други тима, Ѓаволите (New Jersey Devils) и Островјаните (Ny Jslanders), кои се натпреваруваат во Лонг Ајленд (Long Jsland). Ова е единствен случај еден град да има три тима во рамките на една од четирите големи северноамерикански професионални спортски лиги.
Тимот кој е од нациналната асоцијација за кошарка се Никсите (NY Knicks), додека женската кошаркаска екипа ја претсвуваат Либертите (NY Liberty).
Тука спаѓаат и Нитсите, кои се NBA тим (New Jersey Nets). Првиот кошаркарско првенство на универзитетското ниво, турнирот Нешнел Унвитејнш (National Jnvitation Tournament), е одржан за првпат во 1938. Рукер Парк (Rucker Park) во Харлем е дом на професионални атлетичари кои се активни во летната лига. Во фудбалот, Њујорк е претставен од Ред Бул (Red Bull New York). И овој тим ги одигрува своите натпревари во Џајантс Стадиум (Giants Stadium) во Њу Џерси.
Како глобален град, Њујорк е дом на многу спортски настани надвор од овие спортови-Квинс е домаќин на Тенис Опен-от (US Tennis Open), еден од четирите Гранд Слем Турнири (Grand Slam Tournaments). Маратонот од Њујорк е најголемиот во светот. А маратоните од 2004 до 2006 година ги држат првите три места успешно на натпреварот, со 37,866 натпреварувачи во 2006 година. Боксот е важен дел од спортската сцена, со настани како Златните Ракавици во аматерско боксување, кои се одржуваат во Медисон Сквер Гарден секоја година.
Многу спортови се поврзуваат со емигратските заедници од Њујорк Стикбол (Stickball) е улична верзија на кошарка, и е популаризиран од младината на италијанските, германските и ирските маала во 30-тите години од 20 век. Во Бронкс постои улица наречена Стикбол Булевар (Stickball Blvd), како симбол за најприфатениот уличен спорт во Њујорк. Со доаѓањето на емигранти од Јужна Азија и Карибите, се појавил крикетот. На улиците на Њујорк се игра и уличен хокеј, рагби и кошарка. Њујорк е нарекуван најголемото светско игралиште. бидејќи уличните спортови се практикувани од спортисти од различ��и возрасти.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Градот Њујорк е глобалното јадро на меѓународен бизнис и трговија и е еден од трите „командни центри“во светската економија (заедно со Лондон и Токио). Градот е центар за финансии, осигурување, недвижен имот, медиум и уметност.
Вкупната територија на Њујорк во 2005 година имаше бруто метрополитски производ (gross metropolitan product) со износ од 1,13 трилиони долари, со што стана најголемиот економски центар во САД и според ИТ ВИК (Jt Week), вториот по големина економски град во светот. Според Синко Диас (Cinco Dias), до крајот на 2008 година Њујорк управувал со 40% од светските финансии, со што бил најголемиот финансиски центар во светот.
Многу големи компании се сместени во Њујорк. Њујорк е единствен помеѓу градовите во САД, според огромниот број на странски корпорации. Една од десет компании во градот е странска.
Њујорк е дом на некои од највредните национални и светски недвижни имоти. 450 Парк Авенју (450 Park Avenue) е продадена на 2 јули 2007 за 510 милиони долари, со околу 17,104 долари за 1m2 , со што го сруши рекордот за цената платена месец претходно за зграда со канцеларии, која изнесува 15,887 долари за 1м2, на 660 Медисон Авенју (660 Madison Avenue).
Во 2001 слободниот деловен простор во Менхетн изнесувал 32,860 000 м2.
Средниот дел од Менхетн е најголемиот деловен округ во САД и регионот со највисока концентрација на облакодери во САД. Долниот дел од Менхетн е третиот по големина деловен округ во САД, и е дом на њујоршката берза на акции (The Ny Stock Exchange), сместена на Волотрит и NASDAQ, што претставуваат првата и втората светска берза на акции, според дневниот износ и капитализација на пазарот. Финансиските услуги изнесуваат 35% од градскиот приход. Недвижниот имот е најголемата сила во економијата на градот, а вкупната вредност на целосниот имот на Њујорк изнесува 802 билиони во 2006 година.
Филмската и телевизиската индустрија е втората по големина во Земјата, веднаш по Холивуд. Креативните индустрии како што се огласување, мода, дизајн и архитектура ја зголемуваат стапката на вработеност, најмногу поради конкурентската софтверска индустрија, дизајн на игри и интернет услуги, се во постојан пораст. Други поважни сектори вклучуваат медицински истражувања и технологија, непрофитни институции и универзитети.
Облека, хемикалии, метали, преработена храна и мебел се некои од основните производи на фабриките, кои земаат голем удел, но се во опаѓање. Индустријата з преработка на храна е најстабилна во градот. Производството на храна е индустрија вредна 5 билиони долари и вработува повеќе од 19.000 граѓани. Чоколадата е најизвезуваниот производ, со вредност на извозот од 234 милиони долари годишно.
Петте најголеми етнички групи во 2005 се: Порториканци, Италијанци, Западно-Индијанци, Доминиканци и Кинези. Порториканската заедница е најголемата надвор од Порторико. Италијанците емигрирале во голем број во раниот 20 век. Ирците, шестата по големина етничка група, бележат големо присуство, еден од 50 Њујорчани со европско потекло имаат значаен потпис на y-хромозомите, наследен од Ниал од Деветте Заложници (Niall of the Nine Hostages), ирски крал од петтиот век А.О.
Њујорк има висок степен на разновидност на приходи. Во 2005 највисокиот приход во домаќинствата беше 188.697 долари, додека најнискиот 9.320 долари. Во Менхетн се случува Бејби-бум (baby boom) кој е уникатен помеѓу градовите во САД. Од 2000 година, бројот на деца помали од 5 години порасна повеќе од 32%.
Влада
[уреди | уреди извор]Од својата консолидација во 1898, Њујорк претставува метрополитска општина со силна форма на владеење, составена од градоначалник и совет. Владата на Њујорк е поцентрализирана од било кој друг град во САД. Во градот Њујорк, централистичкото владеење е одговорно за јавното образование, поправните институции, библиотеките, јавната безбедност, рекреативните центри, болниците, водоснабдувањето и социјалните услуги. Градоначалникот и советниците имаат мандат од четири години. Советот на градот Њујорк е составен од 51 советник и областите се дефинирани според географските граници на населението. Градоначалникот и советниците се ограничени на три последователни четиригодишни мандати, но можат да бидат повторно избрани по пауза од четири години.
Сегашен гадоначалник е Мајкл Блумберг (Michael Bloomberg), поранешен демократ, поранешен републиканец (2001-2008) и сегашен независен политичар е избран според гласовите на Републиканците и Партијата на независните (Independence Party) наспроти опозицијата претставена од Демократите и Партиите на вработените семејства (Working Families Parties) во 2001 година (50,3% вкупните гласови гласале со 47,9%), во 2005 година (58,4% со 39%) и 2009 година (50,6% со 46%). Тој е познат по преземањето на контролата врз образовниот систем на градот од државата, резонирањето и економскиот развој, фискалната политика и гресивната политика во здравството. Во својот втор мандат приоритети на неговото управување се училишните реформи, намалувањето на сиромаштијата и контрола на оружјето. Заедно со градоначалникот на Бостон, Томас Менино (Thomas Menino) во 2006 година ја основаа Коалицијата на градоначалници против нелегалната употреба на оружје (Mayors Againts Guns Coalition), и организацијата чија цел е да ја направи јавноста побезбедна со тргнувањето на нелегалното оружје од улиците. Партијата на демократите управува со јавните управи. Во ноември 2008 година, 67% од регистрираните гласачи во градот се определиле за Демократите. Градот Њујорк не е управуван од Републиканец на локалните и претседателските избори од 1924 година. Целите на партијата во домаќинствата, развојот на економијата и образованието, а трудовата политика е од големо значење на градот.
Њујорк е најважниот извор на помагањето во политичките фондови, а четири од петте најголеми помошници на политиката (ZIP codes – поштенски фахови) се во Менхетн. Горниот дел од источниот брег (Уппер Еаст Сиде 10021) собра најголем дел од парите за кампањите на Џорџ Буш и Џон Кери во 2004 година. Градот има голема нееднаквост на исплатите со националната и државната управа. Њујорк прима 83 центи за секој долар што го испраќа до федералната управа за даноци (годишно испраќа 11.4 билиони долари повеќе отколку што прима назад). Градот исто така испраќа дополнителни 11 билиони долари секоја година до државата Њујорк повеќе отколку што добила назад.
Секоја област е поврзана со судска гранка од Врховниот суд на Њујорк, меѓутоа во градот се наоѓаат и други државни и градски судови. Во Менхетн се наоѓаат првиот апелациски погранок на врховниот суд (Supreme Court Appellate Division First Department), а во Бруклин вториот (Appelate Division Second Department) федералните судови се сместени в близина на градскиот совет (United States District for the Southern District od New York, the United States Court of Appeals for the Second Circuit and the Court of International trade).
Криминал
[уреди | уреди извор]Од 2005 година градот ја има најниската стапка на криминал помеѓу 25 најголеми градови во САД, и сега е значително побезбеден, по постигнатиот врв во 80-тите и 90-тите години од 20 век, поради епидемијата на крек која зафати многу области. До 2002 година, градот ја имаше истата стапка на криминал како Прово (Provo) во Јута (Utah) и беше рангиран како 197-ми од 216-те градови во САД со број на жители поголем од 100 000. насилството во Њујорк е намалено за 75% од 1993 година до 2005 година, со што намалувањето продолжува и во периодите кога целата нација забележува пораст. Во 2005 година бројот на убиства е најмал. Во периодот од 1966 година, а во 2007 година градот забележа помалку од 500 убиства, што е најмал број во статистиката која за првпат е објавена во 1903 година.
Социолозите и криминолозите не можат да го објаснат драматичниот пад на криминалните дејства во градот. Некои мислат дека тоа се должи на новите тактики на полицијата (NYC Police Deportment), како што се употребата на КомпСтат ( CompStat) и теоријата на скршен прозорец (broken windows theory). Други мислат дека тоа е поради крајот на епидемијата на крек и демографските промени.
Долго време организираниот криминал се поврзува со Њујорк. Во 20 век забележан е пораст во пограноците на Мафијата, управувана од Петте Семејства. Порасна и бројот на улични банди при крајот на 20 век. Најпознатите банди се Крвавите (Bloods), Латинските кралеви (Latin Kings) МС-13 (MS-13) и Крипсите (Crips).
Образование
[уреди | уреди извор]Системот за образование на градот, управуван од Министерството за образование на Њујорк (NYC Department of Education), е најголем во САД. Околу 1,1 милиони ученици се образуваат во повеќе од 1200 одделни основни единици. Исто така, постојат и околу 900 дополнителни приватни и религиозни училишта. Иако Њујорк не се смета за град на универзитетите сепак во него студираат околу 594 000 студенти, што е поголем број од било кој друг град во САД. Во 2005 година, тројца од пет жители на Менхетн дипломирале, а еден од четворица постигнал напредно ниво, со што концентрацијата на високообразувани луѓе била меѓу највисоките од сите градови на САД. Њујорк е дом на познати приватни универзитети како што се Колеџот Бернард (Barnard College), Универзитетот Колумбија (Columbia University), Купер Јунион (Cooper Uman), универзитетот Фордехем (Fordam Univetsity), Њујоршкиот Универзитет (NY University), Њускул (The New School) и универзитетот Јешива (Yeshiva Univetsity). Во градот се наоѓаат и многу други религиозни институции и снституции со посебна цел, како универзитетот Св Џон (St. John Univrsity), училиштето Џулијард (Јуллиард Схоол), Колеџот од Маунт Сент Винсет (The Sollege of Mant Saint Vincent) и училиштето за визуелна уметност (The School of Visual Arts).
Во градот се спроведени многу научни истражувања ос сферата на медицината. Во Њујорк има околу 40 000 лиценцирани Соизичари и 127 Нобелови лауреати. Градот прима повеќе годишни надоместоци од Националните Институти за здравје (National Jastitutis od Neallh) од било кој друг град во САД. Институции во кои се спроведуваат биомедицински истражувања се Меморијалниот центар за истражување на рак и тумур (Memorial Sloon-Kettering Cancer Center), универзитетот Рокфелер (Rock efeller Univerity), Медицинскиот центар САНИ (SUNY Downstate Medical Center), Колеџот за медицина Алберт Ајнштајн (Albert Ernstein College of Medicine), Медицинскотот училиште Мајнт Синаи (Mount Sinai Shool od Medicine), и медицинскиот колеџ Беил Корнел (Weill Cornell Medical College).
Јавната библиотека во Њујорк, која ја има најголемата колекција на книги од било која друга земја, ја употребуваат членови од Менхетн, Бронкс и Стејсон Ајленд. членовите од Квинс ја употребуваат библиотеката на Квинс (Queens Borouqh Public Library), која е втора по големина, додека жителите на Бруклин ја посетуваат Бруклинската библиотека (Brooklyn Public Library). Јавната библиотека на Њујорк содржи повеќе библиотеки кои спроведуваат повеќе истражувања како што е истражувањето на Црнечката култура (Schomburg Center for Researd in Black Culture).
Меѓу попознатите приватни училишта се вбројуваат училиштата Брерли (Brearly School), Далтон (Dalton School), Спенс (Spence School), Брајнинг (Browning School), чапин (The Chapin School), Најтинтел-Вемфорд (Nightingall-Bamfond School) во горната источна страна од Менхетн (Upper East Side of Manhattan), Колегиејт и Тринити (Collegiate and Trinity School) во горната западна страна (Eapper West Side) на Менхетн.
Во Бронк се наоѓаат училиштата Хорасмен (Horase Mann School), училиштето за етичка култура (Ethnical Culture Fieldston School) и Ривердеил (Riverdall Country Shool bo Rivordale). Во Бруклин се наоѓаат ?акер (The Packer Collegiate Jnstitute) и Св. Ана ( Saint Ann's Schoool) во Бруклин Хајтс (Brooklyn Heights).
Средни училишта во Њујорк се: Бард (Bard Higt School Early Collage), средното училиште за наука во Бронкс (Bronx Higt School of Science), Бруклинското техничко училиште (Brooklyn Technical Higt School), Хантер (Hanter College Higt School), Ла Гуардиа (La Guardia Higt School), Стуивсент (Stuivesant High School) и Таунценд Харис
( Townsend Harris High Schoool). Њујорк е дом на најголемото католичко средно училиште (Roman Catholic High School) во САД, Св. Френсис (St. Francis Preparatory School) во фреш Медојс (Fresh Meadous) во Квинс и единственото италијанскот училиште во земјата, Ла Скуола ди Италија (La Scuola d' Italia) во горната источна страна на Менхетн (Upper East Siola).
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Њујорк е збратимен со десет градови признаени од „Систер Ситис Интернешнел“ (Sister Cities International): Токио, Пекинг, Каиро, Мадрид, Санто Доминго, Будимпешта, Рим, Ерусалим, Лондон и Јоханесбург.
Њујорк како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Њујорк се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Њујорк како тема во џезот
[уреди | уреди извор]- „Харлемско ноктурно“ (англиски: Harlem Nocturne) — композиција на американскиот џез-музичар Ерл Хејен (Earle Hagen).[8]
- „Се сеќавам на Кони Ајланд“ (англиски: I Remember Coney Island ) — композиција на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1981 година.[8]
Њујорк како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Њујоршки кукли“ (англиски: New York Dolls) - американска рок-група.[9]
- „Нема спиење до Бруклин“ (англиски: No Sleep till Brooklyn) - песна на американската рап-група Бисти Бојс од 1986 година.[10]
- „Јужен Бронкс“ (англиски: South Bronx) - песна на американската рап-група Буги Даун продакшнс (Boogie Down Productions) од 1987 година.[11]
- „Ќе одам во Њујорк“ (англиски: I'll Take New York) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[12]
- „Њујорк, Њујорк“ (англиски: New York, New York) - песна на американската хип-хоп група Grandmaster Flash and the Furious Five од 1983 година.[13]
- „Статуа на Слободата“ (англиски: Statue of Liberty) - песна на американската Хардкор панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[14]
- „Бродвеј“ (англиски: Broadway) - песна на канадскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1989 година.[15]
- „Бродвеј“ (англиски: Broadway) - песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.[16]
- „Галичник виа Њујорк“ - песна на македонската група Љубојна од 2017 година.[17]
- „Бронксово навивање“ (англиски: Bronx Cheer) - песна на американската рок-група Меркјури Рев (Mercury Rev) од 1993 година.[18]
- „Њујорк“ — песна на српската пејачка Слаѓана Милошевиќ од 1984 година.[19]
- „Њујорк, Њујорк“ (англиски: New York, New York) - песна на американскиот музичар Моби (Moby).[20]
- „Под харлемската месечина“ (англиски: Underneath The Harlem Moon) - песна на американскиот поп-рок пејач Ренди Њумен (Elvis Presley) од 1970 година.[21]
- „Зоолошката градина во Бруклин“ (англиски: Brooklyn Zoo) — песна на американскиот рапер Ol' Dirty Bastard од 1995 година.[22]
- „Харлемскиот свет“ (англиски: Harlem World) — песна на американскиот рапер Ol' Dirty Bastard од 1995 година.[22]
- „Бајка за Њујорк“ (англиски: Fairytale Of New York) — песна на ирско-британската рок-група Поугс (The Pogues) од 1988 година.[23]
- „Њујорк“ (англиски: New York) - албум на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1989 година.[24]
- „Човек од Њујорк“ (англиски: NYC Man) - песна на Лу Рид од 1996 година.[25]
- „Човек од Њујорк“ (англиски: NYC Man) - албум на Лу Рид од 2003 година.[26]
- „Телефонски разговор во Њујорк“ (New York Telephone Conversation) - песна на Лу Рид од 1972 година.[27]
- „Единственото живо момче во Њујорк“ (англиски: The only living boy in New York) - песна на американското дуо Пол Сајмон и Арт Гарфанкел од 1970 година.[28]
- „Њујорк“ (англиски: New York) - песна на британската панк-рок група Секс пистолс (Sex Pistols) од 1977 година.[29]
- „Њујорк, Њујорк“ (англиски: New York, New York) - песна на американскиот пејач Френк Синатра.[30]
- „Харлем“ — песна на американската музичка група Suicide од 1977 година.[31]
- „Тато не живее во таквиот Њујорк повеќе“ (англиски: Daddy Don't Live In That New York City No More) - песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1975 година.[32]
- „Бруклин, Квинс“ (англиски: Brooklyn, Queens) — песна на американската хип-хоп група 3rd Bass од 1989 година.[33]
- „Њујорк е добар ако сакаш саксофони“ (англиски: New York's Alright If You Like Saxophones) — песна на американската панк-рок група Fear од 1982 година.[34]
- „Облакодерите на Менхетн“ (англиски: Manhattan Skyline) - песна на американскиот музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[35]
Њујорк како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Њујорк, Њујорк“ (англиски: New York, New York) - филм на американскиот режисер Мартин Скорсезе од 1977 година.[36]
- „Њујоршки приказни“ (англиски: New York Stories) — омнибус-филм од 1989 година.[37]
- „Мистеријата на убиството на Менхетен“ (англиски: Manhattan Murder Mystery) - американски филм од 1993 година, во режија на Вуди Ален.[38][39]
- „Менхетен“ — американски игран филм, во режија на Вуди Ален.[40]
- „Есен во Њујорк“ (англиски: Autumn in New York) - американски филм од 2000 година, во режија на Џоан Чен.[41]
- „Бандите на Њујорк“ (Gangs of New York) - филм на американскиот режисер Мартин Скорсезе од 2002 година.[42]
- „Њујорк, те сакам“ - филм на 10 режисери.[43]
Њујорк како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Куќа на Менхетн“ - песна на руската поетеса Лидија Алексеева.[44]
- „Поетот во Њујорк“ (Poeta en Nueva York) - поетска збирка на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[45]
- „Ода за кралот на Харлем“ (Oda al rey de Harlem) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[46]
- „Бродвеј“ (Бродвеҋ) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 6 август 1925 година.[47]
- „Бруклинскиот мост“ (Бруклинскиҋ мост) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1925 година.[48]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место
- Фотографии од Њујорк Архивирано на 4 мај 2007 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Vintage 2008 Population Estimates: Incorporated Places and Minor Civil Divisions over 100,000“. United States Census Bureau, Population Division. Посетено на 2009-07-02.
- ↑ „NYC Profile“ (PDF). New York City Department of City Planning. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-08-24. Посетено на 2008-05-22.
- ↑ Roberts, Sam. „It's Still a Big City, Just Not Quite So Big“. The New York Times]] (22 мај 2008). Посетено на 2008-05-22. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „2000 Census: US Municipalities Over 50,000: Ranked by 2000 Density“. Demographia. Посетено на 2008-09-01.
- ↑ „Annual Estimates of the Population of Metropolitan Statistical Areas: 1 април 2000 to 1 јули 2007“. U.S. Census Bureau. Посетено на 2008-12-30.
- ↑ „Station Name: NY NEW YORK CNTRL PK TWR“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на 2014-03-13.
- ↑ „New York Central Park, NY Climate Normals 1961−1990“. NOAA.
- ↑ 8,0 8,1 YouTube, The Lounge Lizards - The Lounge Lizards (1981) full album (пристапено на 5.4.2023)
- ↑ Stephen Thomas Erlewine, New York Dolls (посетена на 18.1.2017)
- ↑ The Beastie Boys - No Sleep Till Brooklyn - YouTube (посетена на 6.11.2016)
- ↑ YouTube, Boogie Down Productions- South Bronx (пристапено на 4.4.2018)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ YouTube, Grandmaster Flash and the Furious Five - New York, New York (посетена на 28.9.2019)
- ↑ YouTube, Descendents - Milo Goes to College (Full Album)(пристапено на 31.5.2017)
- ↑ YouTube, Neil Young - Broadway (пристапено на 3.11.2017)
- ↑ DISCOGS, The Clash – Sandinista! (пристапено на 10.6.2020)
- ↑ Соња Алексоска Неделковска, „Со енергијата ќе ги дигнеме сите на нозе“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
- ↑ Discogs, Mercury Rev – Boces (пристапено на 20.1.2021)
- ↑ Alexandra Sladjana Milosevic - New York (посетена на 29.3.2024)
- ↑ YouTube, New York, New York (feat. Debbie Harry) (Extended) (пристапено на 17.1.2020)
- ↑ DISCOGS, Randy Newman – 12 Songs (пристапено на 19.12.2017)
- ↑ 22,0 22,1 Ol' Dirty Bastard – Return To The 36 Chambers: The Dirty Version (пристапено на 22.5.2023)
- ↑ The Pogues – If I Should Fall From Grace With God (пристапено на 18.9.2023)
- ↑ LOU REED - NEW YORK [FULL ALBUM] 1989 - YouTube (посетена на 6.11.2016)
- ↑ Lou Reed NYC Man (HQ) - YouTube (посетена на 6.11.2016)
- ↑ Amazon, NYC Man: The Collection (посетена на 6.11.2016)
- ↑ Lou Reed - New York Telephone Conversation - YouTube (посетена на 6.11.2016)
- ↑ YouTube, "The Only Living Boy in New York" Simon & Garfunkel (пристапено на 4.3.2018)
- ↑ Discogs, Sex Pistols – Never Mind The Bollocks Here's The Sex Pistols (пристапено на 29.7.2020)
- ↑ Frank Sinatra - New York, New York. - YouTube (посетена на 6.11.2016)
- ↑ Discogs, Suicide – Suicide (пристапено на 4.5.2021)
- ↑ DISCOGS, Steely Dan – Katy Lied (пристапено на 10.3.2018)
- ↑ 3rd Bass – The Cactus Album (пристапено на 14.4.2024)
- ↑ Discogs, Fear (3) – The Record (пристапено на 25.10.2022)
- ↑ Discogs, Various – Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (пристапено на 31.3.2019)
- ↑ IMBd, New York, New York (1977) (посетена на 6.11.2016)
- ↑ Retrospektiva Woodyja Allena: Newyorške priče, američki film (пристапено на 24.10.2023)
- ↑ IMBb, Manhattan Murder Mystery (1993) (пристапено на 13.12.2014)
- ↑ Manhattan Murder Mystery (1993), Awards (пристапено на 13.12.2014)
- ↑ Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 10.
- ↑ IMDB, Autumn in New York (2000) (пристапено на 23.1.2019)
- ↑ IMBd, Gangs of New York (2002) (посетена на 18.1.2017)
- ↑ Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 45.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 224.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 111-117.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 140-142.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 143-147.
|
|