Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.840 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Статуа на Шри Кришна во храмот Шри Маријаман во Сингапур
Статуа на Шри Кришна во храмот Шри Маријаман во Сингапур

Кришна — најголемо божество во хиндуизмот. Тој се обожува како осмиот аватар на богот Вишну и исто така како врховен Бог сам по себе. Тој е бог на сочувство, нежност, љубов и е еден од најпопуларните и нашироко почитуван меѓу индиските божества. Роденденот на Кришна секоја година го слават хиндусите на Кришна Јанмаштами според месечево-сончевиот хиндуистички календар, кој паѓа кон крајот на август или почетокот на септември од грегоријанскиот календар. Кришна обично е прикажан со кавал во раката.

Анегдотите и наративите од животот на Кришна обично се насловени како Кришна Лела. Тој е централен лик во Махабахарата, Багаватам Пурана и Багавад Гита и се споменува во многу хинду филозофски, теолошки и митолошки текстови. Тие го прикажуваат од различни перспективи: бог-дете, шегобиец, божествен херој и како универзално врховно суштество. Неговата иконографија ги рефлектира овие легенди и го прикажува во различни фази од неговиот живот, како новороденче како јаде путер, младо момче што свири на кавал, младо момче со Рада или опкружено со приврзаници жени или пријателски кочијаш кој му дава совет на Арџуна (главниот протагонист во Махабхарата).

Синонимите за Кришна се пронајдени во литература од првиот милениум пред нашата ера. Во некои суб-традиции, Кришна се обожува како Свајам-Багаван, а ова понекогаш се нарекува и Кришнаизам. Овие суб-традиции се појавиле во контекст на Бакти движењето од средновековната ера. Литературата поврзана со Кришна инспирирала бројни перформансни уметности како што се Баратанатијам, Катакали, Кучипуди, Одиси и Манипури танцот. Тој е пан-хиндуистички бог, но е особено почитуван на некои локации како што се Вриндавана во Утар Прадеш, Дварка и Јунагад во Гуџарат; аспектот Јаганата во Одиша, Мајапур во Западен Бенгал; во форма на Витоба во Пандарпур, Махараштра, Натдвара во Раџастан; Удупи Кришна во Карнатака, Партасаратија во Тамил Наду и Гурувајоаропан во Гурувајур во Керала. Од 1960-тите години, обожавањето на Кришна се проширило и во западниот свет и во Африка, најмногу заради работата на Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ИСКОН). (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Гривест орел (Nisaetus cirrhatus cirrhatus) со гуштер. Национален парк Сатпура, Мадја Прадеш, Индија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Беседа на гората (1877) од Карл Блох
Беседа на гората (1877) од Карл Блох
На денешен ден…

Денес е 4 февруари 2025 г.

Настани:

211  По смртта на царот Септимиј Север, властапреоѓа на неговите двајца раскарани синови Каракала и Гета.
1789  Џорџ Вашингтон е избран за претседател на САД.
1859  Во манастирот „Св. Катерина“ на Синајската Гора во Египет, германскиот теолог Константин фон Тишендорф го открил Синајскиот кодекс — грчки ракопис на Библијата од IV век.
1944  Во селото Никодин (прилепско) бугарската полиција и единиците од прилепскиот гарнизон ја нападнале Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада која марширала кон областа Азот. Бригадата со противнапад го повратила селото нанесувајќи му на непријателот губитоци од околу 20 мртви.

Родени:

1495  Франческо II Сфорца — милански војвода.
1761  Блазиус Мерем — германски зоолог.
1815  Јосип Јурај Штросмајер — римокатолички епископ, добродетел и политичар од Хрватска.
1820  Божена Немцова — чешка писателка.
1872  Гоце Делчев — македонски револуционер и македонски национален јунак, идеолог на Македонското народноослободително револуционерно движење.
1873  Радое Домановиќ — српски писател.
1900  Жак Преверфранцуски поет и сценарист (†1977).
1908  Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател.
1913  Роза Паркс — афроамериканска активистка.
1918  Ида Лупино — англиско-американска глумица, режисерка и продуцентка.
1926  Ѓула Грошич — унгарски фудбалер.
1930  Борислав Пекиќ — српски писател.
1931  Благоја Иванов — македонски писател.
1947  Велија Рамковски — македонски стопанственик и политичар.
1948  Алис Купер — американски рок-пејач.
1956  Џудит Батлер — американска теоретичарка.
1963  Пирмин Цурбриген — швајцарски скијач.
1975 . Натали Имбруљаавстралиска кантавторка, модел и глумица.
1981  Јохан Вансумерен — белгиски велосипедист.
1989  Јон Изагире — шпански велосипедист.
1990  Наиро Кинтана — колумбиски велосипедист.

Починале:

211  Септимиј Север — римски цар.
708  Сисиниј — римски папа.
1894  Адолф Сакс — белгиски зработувач на инструменти, „татко“ на саксофонот.
1980  Стојан Аралица — српски и југословенски сликар.
2001  Џ. Џ. Џонсон — американски џез-музичар.
2004  Стево Црвенковски — македонски политичар.
2016  Морис Вајт — американски музичар.
2018  Џон Махони — британско-американски глумец.
2022  Марко Брецељ — словенечки глумец, продуцент и музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич