Прејди на содржината

23 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

23 мај — 143-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (144-и во престапна година). Остануваат 222 денови до крајот на годината.

Настани:

1514  Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен.
1805  Наполеон Бонапарт крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала
1877  Романија прогласува независност од Османлиското Царство
1905  Со ираде - указ на турскиот султан Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското Царство. Организациите на Власите на Балканот го слават овој ден како Национален ден на Власите.
1945  Главниот заповедник на Шуцштафел, Хајнрих Химлер се самоубива
1949  Создадена е Западна Германија
1962  Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.
1988  Мишел Платини се повлекува од фудбалот
1992 
1994  Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада.
1995  Република Македонија и Украина воспоставиле дипломатски односи.
1995  Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава.

Родени:

1883  Даглас Фербанкс — американски глумец.
1896  Калман Конрад — унгарски фудбалер.
1910  Арти Шо — американски џез-музичар.
1944  Џон Њуком — австралиски тенисер.
1951  Анатолиј Карпов — руски шаховски велемајстор и светски првак.
1954  Марвин Хаглер — американски боксер.
1956  Андони Гоикочеа — шпански фудбалер.
1961  Даниеле Масаро — италијански фудбалер.
1972  Рубенс Барикело — бразилски возач на „Формула 1“.
1982  Стевица Ристиќ — македонски фудбалер.
1997  Џо Гомес — англиски фудбалер.
1998  Салва Еид Насер — бахреинска атлетичарка.
2001  Бренан Џонсон — англиски фудбалер.

Починале:

1857  Огистен-Луј Коши — фрацуски математичар.
1883  Ципријан Норвид — полски поет, драматург, сликар и вајар.
1906  Хенрик Ибзен — норвешки писател и драматург.
1994  Џо Пас — американски џез-гитарист
2015  Џон Неш — американски математичар.

Празници:

Национален ден на Власите од Македонија