Саксонија-Анхалт
Саксонија-Анхалт (на германски Sachsen-Anhalt) — една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија. Главен град на покраината е Магдебург и е опколена со германските покраини Долна Саксонија, Бранденбург, Саксонија и Тирингија.
Саксонија-Анхалт Sachsen-Anhalt | |||
---|---|---|---|
Сојузна покраина | |||
Координати: 51°58′16″N 11°28′12″E / 51.97111° СГШ; 11.47000° ИГД | |||
Држава | Германија | ||
Главен град | Магдебург | ||
Управа | |||
• Премиер | Рајнер Хазелоф (ДХС) | ||
• Владејачки партии | ДХС / СДП / СлДП | ||
• Гласови во Бундесратот | 4 (од 69) | ||
Површина | |||
• Вкупно | 20.447,7 км2 (7,894,9 ми2) | ||
Население (2022-12-31)[1] | |||
• Вкупно | 2.186.643 | ||
• Густина | 110/км2 (280/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | DE-ST | ||
БДП | € 48 млрд. (2005) | ||
NUTS-регион | DEE | ||
Мреж. место | sachsen-anhalt.de |
Саксонија-Анхалт покрива површина од 20.447,4 км2.[2] Има население од 2,34 милиони (повеќе од 2,8 милиони во 1990).[3]
Саксонија-Анхалт не треба да се поврзува со Саксонија или Долна Саксонија, исто така, германски покраини.
Географија
уредиСаксонија-Анхалт е една од 16-те покраини на Германија. Се наоѓа во западниот дел на источна Германија. По големина е осма најголема покраина во Германија, додека по население е десетта.
На север, во Саксонија-Анхалт доминираат рамнините (Северна германска низина). Во ретко населениот Алтмарк се наоѓаат старите ханзини градови како што се Залцведел, Гарделеген, Штендал или Тангерминде. Транзицијата од регионот Алтмарк во регионот Елба-Берде-Хит со неговата плодност, ретко пошумениот крај Магдебуршко Берде се остварува од страна на Колбиц-Лецлинген Хит и Дремлинг во близина на Волфсбург. Познати градови во Магдебуршко Берде се Халденслебен, Ошерсле��ен (Боде), Ванцлебен, Шенебек (Елба), Ашерслебен и Магдебург, од кој го добил и името.
На југозападот, се наоѓаат планините Харц, се состојат од националниот парк Харц, подножјето на Харц и Мансфелд Ланд. Највисоката планина во Харц е Брокен, со висина од 1.141 метар, која во исто време е и највисоката висина во Северна Германија. Во оваа област, можат да се најдат следниве градови Халберштат, Вернигероде, Тале, Ајслебен и Кведлинбург.
Сместена на реките Зале и Унштрут на југот на покраината, го формира делот на Средна Германија, таму е винската област Зале-Унштрут и градовите Цајц, Наумбург (Зале), Вајсенфелс и Фрајбург (Унштрут).
Метрополитенската област Хале (Зале) формира агломерација со Лајпциг во Саксонија. Оваа област е позната по нејзината високо развиена хемиска индустрија (Chemiedreieck - хемиски триаголник), со главни производствени погони во Лојна, Шкопау (Buna-Werke) и Битерфелд. На крај, на истокот, се наоѓа Десау-Рослау на реката Елба (како и главниот град Магдебург) среде регионот Анхалт-Витенберг.
Административна поделба
уредиГлавен град на Саксонија-Анхалт е Магдебург. Исто така, е и најголем град во покраината, во трка со Хале.
Саксонија-Анхалт е поделана на 11 рурални окрузи и три урбани окрузи. Моменталната состојба била создадена по двете окружни реформи. Со првата од 1994, 37-те окрузи биле реформирани на нови 21 округ. Последната реформа се случи на 1 јануари 2004, кога 21 округ биле реорганизирани во сегашните 11 окрузи.[4]
Од 1994 до 2003, Саксонија-Анхалт била поделна на 21 рурален округ („Landkreise“). Над овој степен, се наоѓале трите административни окрузи (Regierungsbezirke): Десау, Хале и Магдебург. На 1 јануари 2004 овие три административни окрузи биле укинати.
Рурални окрузи се:
- Алтмарк Залцведел
- Анхалт-Битерфелд
- Берде
- Бургенланд
- Харц
- Јерихов
- Мансфелд-Јужен Харц
- Зале
- Залцланд
- Штендал
- Витенберг
и три урбани окрузи:
Историја
уредиВо април 1945 американската армија го ослободила поголемиот дел од западниот и северниот дел од идната Саксонија-Анхалт. Американски совет за контрола, Германија (скратеница од ОМГУС) го назначил првиот ненацистички функционер на водечко место во областа. Така Ерхард Хибенер, отфрлен од нацистите, бил повторно назначен за саксонски Landeshauptmann (гувернер). До почетокот на јули, американската армија се повлекла, со цел да ѝ се дозволи на црвената армија да ја заземе пруска Саксонија, како дел од советската окупациска зона, како што било договорено со Лондонскиот протокол во 1944.
На 9 јули советската воена администрација во Германија (СВАГ) наредила да се припојат Слободна држава Анхалт, Хале-Мерзебург, гувернат Магдебург (во тогашните граници), Алштет (пред Тирингија) и некои брауншвајшки источни енклави (Калферде и источниот дел од поранешниот округ Бланкенбург[5]) во пруската Провинција Саксонија.[6] Во меѓувреме, првично саксонскиот гувернат Ерфурт станал дел од Тирингија.
За поранешната историја, видете ги соодветните статии на овие ентитети пред 1945. На Анхалт името му потекнува од замокот Анхалт во близина на Харцгероде; потеклото на името на замокот останува непознато.
СВАГ го назначила Хибенер како претседател на провинциската саксонска администрација, новосоздадена функција. Администрација била со седиште во Хале на Зале, со што станал главен град, исто така и на подоцнежната Саксонија-Анхалт, сè до 1952. На 3 септември 1945, новата администрација инспирирана од Советите, донела одлука за масовна експропријација, најмногу погодувајќи ги носителите на голем недвижен имот, најмногу благородниците.
По повод првите, како и единствените избори во Советската зона, дозволувајќи им на партиите навистина да се натпреваруваат за местата во провинцискиот и покраинските парламенти, на 20 октомври 1946, Провинцијата Саксонија била преименувана во Провинција Саксонија-Анхалт (Provinz Sachsen-Anhalt), сметајќи го првичното спојување.[6] На 3 декември 1946, членовите на новиот провинциски парламент го избрале Хибенер како прв министер-претседател на Саксонија-Анхалт со гласовите на ДХС и Либерално-демократската партија на Германија (ЛДПД). Така, станал единствениот гувернер во Советската зона, кој не бил член на комунистичката партија за социјалистичкото единство на Германија (СЕД). Тој бил невообичаен гувернер за советските власти.
По официјалната сојузничка одлука за распуштање на слободната држава Прусија, која останала во агонија по прускиот удар во 1932, нејзините поранешни провинции, кои сè уште постоело, добиле државност, така што провинциите се здружиле во Држава Саксонија-Анхалт на 6 октомври 1947.[6] Станала дел од Германската демократска република (Источна Германија) во 1949. Од 1952 до 1990 источногерманските покраини биле распуштени и територијата на Саксонија-Анхалт била поделена во два источногермански окрузи Хале и Магдебург. Во 1990, поради германското реобединување, окрузите бил повторно припоени како покраина.
Политика
уредиПокраински избори на 20 март 2011
уредиПоранешниот министер-претседател Волфганг Бемер (CDU) не учествувал на изборите.
Ова биле службените изборни резултати (второ гласање):[7]
Партија | Освоени гласови | Процент во гласовите | Вкупно места | Процент од местата |
---|---|---|---|---|
Демохристијански сојуз (ДХС) | 322.897 | 32,5% | 41 | 39,0 |
Лева Партија (Die LINKE)) | 234.917 | 23,7% | 29 | 27,6 |
Социјалдемократска партија (SPD) | 213.586 | 21,5% | 26 | 24,8 |
Сојуз 90/Зелени | 70.906 | 7,1% | 9 | 8,6 |
Национално демократска партија на Германија (NPD) | 45.697 | 4,6% | 0 | 0,0% |
Слободна демократска партија (FDP) | 38.172 | 3,8% | 0 | 0,0% |
Сите други | 67.000 | 6,8% | 0 | 0,0% |
Вкупно | 993.175 | 100,0% | 105 | 100,0% |
Економија
уредиРазвој на економијата
уредиПо повторното обединување на Германија во 1990 година, распадот на неконкурентните поранешни индустрии, предизвикале големи економски и социјални проблеми. Во 2000, Саксонија-Анхалт ја имала највисоката стапка на невработеност од сите германски покраини, со 20,2 проценти.[8]
Меѓутоа, процесот на економска трансформација изгледа е завршен. Масовните инвестиции во модерната инфраструктура, кои се направиле од 1990 ги направиле и постоечките и новоотворените бизниси, високо конкурентни. На пример, индустрија го зголемила за двапати своето учество во меѓународните приходи од 13 проценти во 1995, на 26 во 2008.[9] Во меѓувреме, стапката на невработеност поднала на задоволителни 11,3 проценти (до јуни 2011).[10]
Како дел од оваа обнова била да се добијат добри резултати за германската економија, па така Саксонија-Анхалт не само што го следи националниот тренд, туку и има подобри резултати од некои други германски покраини. На пример, таа е пред 3 други германски покраини по стапката на невработеност (до јуни 2011): германскиот главен град и градот-покраина Берлин (13,3 проценти), Мекленбург-Западна Померанија (11,9 проценти) и градот-покраина Бремен (11,6 проценти).[10]
Структура на економијата
уреди- Хемиската индустрија е важна. Една од најголемите хемиски производствени области може да се најде во околината на градот Битерфелд-Волфен. Поради хемиската индустрија, Саксонија-Анхалт привлекува повеќе странски директни инвестиции, од другите покраини во источна Германија.
- Покраината е место на бројни фарми на ветерници, произведувајќи електрична енергија од ветер.
- Саксонија-Анхалт е исто така позната по нејзината добра почва. Така, прехранбената индустрија има важна улога. Некои од најпозната производи се Баумкухен од Залцведел и чоколадните глобуси од Халорен од најстарата фабрика за чоколади во Германија, од Хале.
Религија
уредиВо 2010, мнозинството граѓани на Саксонија-Анхалт не биле религиски определени и повеќе луѓе ги напуштале црквите отколку што влегувале во нив.[11]
- Не е член на црква или не е религио��но определен: 80%,[11]
- Евангелистичка Црква во Германија: 15%,[12]
- Римокатоличка црква: 3,6%.[13]
- Други (Јудаизам, Нова апостолска црква, Ислам, Мандејство): 2%.[11]
Химна
уреди- Lied für Sachsen-Anhalt („Песна за Саксонија-Анхалт“)
Надворешни врски
уреди- Официјален владин портал Архивирано на 19 јули 2011 г.
- Портал на Саксонија-Анхалт Архивирано на 15 август 2009 г.
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ http://www.stala.sachsen-anhalt.de/gk/fms/fms111.htm
- ↑ „Страница за статистиките на населението на Саксонија-Анхалт (германски)“. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2011-09-25.
- ↑ Закон за окружната реформа Архивирано на 19 јули 2011 г. 11 ноември 2005 (германски)
- ↑ Подоцна, меѓутоа, округот првично не бил сметан како дел од Советската зона, но бил предаден безусловно од Британците на 22 јули.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 "1945–1949", на: Gedenkkultur Dessau-Roßlau. Посетено на 16 август 2011.
- ↑ „Официјални резултати од изборите 2011“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2011-09-27.
- ↑ Статистички уред на покраината Саксонија-Анхалт (2010)
- ↑ Комора за трговија и индустрија на Хале-Десау (2010), стр. 14[мртва врска]
- ↑ 10,0 10,1 Комора за трговија и индустрија на Берлин (2011), стр. 2
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-17. Посетено на 2011-09-27.
- ↑ EKD http://www.ekd.de/download/kirchenmitglieder_2007.pdf
- ↑ chiesa cattolica http://www.dbk.de/imperia/md/content/kirchlichestatistik/bev-kath-l__nd-2008.pdf[мртва врска]