Скратеница[1][2] или кратенка[3][4] — скратени, нецелосно напишани зборови.

Скратениците се користат уште од најраните времиња (за заштеда на материјал за пишување, напор за врежување на зборови во камен или метал, за побрзо пишување итн.). Најчесто се кратат: имиња за мерки и пари, лични имиња, почесни звања, занимања, зборови кои често се повторуваат; во старите црковни текстови, т.н. свети имиња.

Кратенката обично се создава:

  • со суспензија или прекин (од зборот се пишува само првата буква или неколку почетни букви), на пр. m = метар, т = тон, проф. = професор
  • со контракција или собирање (почетокот и крајот се пишуваат од зборот, а понекогаш и некоја буква од средината), на пр. д-р = доктор, м-р = магистер
  • со сложување на почетните букви или слогови од неколку зборови во нов збор, на пр. МАНУ = Македонска академија на науките и уметностите, НАМА = Народен магазин (таквите кратенки се нарекуваат акроними).

Посебна категорија се состои од кратенки за кои се користат специјални знаци (на пр. $ = долар, & = и, @ = на). Во денешните научни трудови, во самата книга редовно се наведуваат употребените кратенки.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди