Волфсбург (германски: Wolfsburg) — петти најголем град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на реката Алер, оддалечен 75 километри источно од Хановер и 230 километри западно од Берлин.

Волфсбург

Wolfsburg

Поглед на „Автоград Волфсбург“ од Средногерманскиот Канал
Поглед на „Автоград Волфсбург“ од Средногерманскиот К��нал
Поглед на „Автоград Волфсбург“ од Средногерманскиот Канал
Знаме на Волфсбург
Грб на Волфсбург
Волфсбург во рамките на Германија
Волфсбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Урбан округ
Градски единици 16 окрузи,
40 единици
Градоначалник Клаус Морс (СДП)
Основни податоци
Површина 204,02 км2
Надм. височина 63 м
Население 125.961 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 617 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WOB
Пошт. бр. 38400–38448
Повик. бр. 05361, 05362, 05363, 05365, 05366, 05367, 05308
Портал www.Wolfsburg.de
Местоположба на градот Волфсбург во рамките на Долна Саксонија
Карта
Карта
Координати 52°25′23″N 10°47′14″E / 52.42306° СГШ; 10.78722° ИГД / 52.42306; 10.78722

Во 2013 година, Волфсбург бил најбогат град во Германија со БДП по глава на жител од 128.000 долари, пред сѐ поради неговата автомобилска индустрија.[2]

Во Волфсбург се наоѓа седиштето на Фолксваген и најголемата фабрика за автомобили во светот. Автоград е атракција за посетителите веднаш до фабриката на Фолксваген. Волфсбург е еден од малкуте германски градови кои биле изградени во текот на првата половина на XX век. Од основањето на 1 јули 1938 како дом на работници, кои ги произведувале автомобилите „фолксваген буба“, до 25 мај 1945 година, градот бил наречен „Градот на Фолксваген буба кај Фалерслебен“ (Stadt des KdF-Wagens bei Fallersleben). Во 1972 година, градот надминал бројка од 100.000 жители.

Географија

уреди
 
Поглед на областа
 
Дијаграм за врнежите во градот

Реката Алер со Средногерманскиот Канал поминува низ градот во насока исток-запад. Највисоката точка се наоѓа на 140 метри надморска височина кај Алмке, додека најниската точка се наоѓа на 54 метри во Илкербрух.[3] Највисоката точка во јадрото на градот е 110 метри на Клиферсберг.

Клима

уреди

Годишните врнежи изнесуваат 532 мм и со тоа се наоѓа меѓу најсушните места во Германија; само на 7% од метеоролошките станици на Германската временска служба се забележани пониски вредности. Најсув месец е октомври, додека најмногу врнежи има во јуни; во овој месец паѓаат 1,9 пати повеќе врнежи отколку во октомври.

Соседни окрузи и општини

уреди

Следниве окрузи, градови и општини се граничат со градот Волфсбург (надесно, почнувајќи од запад):

Поглед на центарот Шилертајх на градското јадро

Градски единици

уреди
 
Поделбата на градот Волфсбург
 
Средногерманскиот Канал близу фабриката на Фолксваген

Градското подрачје на Волфсбург се подели на 40 градски единици. Една градска единица или повеќе заедно создаваат вкупно 16 градски окрузи, кои ги предводат окружни совети. Секој окружен совет избира свој предводник.

Градски окрузи[4] (со број на жители во 2015 г.) и соодветните градски единици се следниве:[5]

  • Алмке-Најндорф (2.144) со единиците Алмке и Најндорф
  • Барншторф-Нордштајмке (3.982) со единиците Барншторф и Нордштајмке
  • Бракштет-Фелштофе-Варменау (3.001) со единиците Бракштет, Фелштофе и Варменау
  • Детмероде (7.640), воедно и градска единица
  • Емен-Мерзе (8.987) со единиците Емен и Мерзе
  • Фалерслебен-Зилфелд (14.191) со единиците Фалерслебен и Зилфелд
  • Хаторф-Хајлигендорф (4.017) со единиците Хаторф и Хајлигендорф
  • Хелинген (1.854), воедно и градска единица
  • Кешторф-Зандкамп (1.994) со единиците Кешторф и Зандкамп
  • Мите-Вест (17.942) со единиците Ајхелкамп, Хагеберг, Хоенштајн, Клиферсберг, Лагберг, Рабенберг и Волтберг
  • Нојхаус-Рајслинген (7.718) со единиците Нојхаус и Рајслинген
  • Нордштат (9.775) со единиците Алт-Волфсбург, Кројцхајде, Тиргартенбрајте и Тајхбрајте
  • Штатмите (15.122) со единиците Хелвинкел, Хеслинген, Келерберг, Ротенфелде, Шилертајх, Штатмите и Штајмкер Берг
  • Форсфелде (12.641), воедно и градска единица
  • Вендшот (2.903), воедно и градска единица
  • Вестхаген (9.206), воедно и градска единица

Посебен округ

уреди

Посебен случај претставува областа на фабриката на Фолксваген и паркот Алер во поделбата на градот: иако се наоѓа во градското подрачје, не припаѓа кон ниту еден градски округ, туку се води како „посебен округ“.

Заштитени подрачја

уреди

Во рамките на градското подрачје се наоѓаат осум заштитени подрачја. На запад се наоѓаат областите „Долина на Алер помеѓу Гифхорн и Волфсбург“, „Барнбрух“, „Илкербрух“, „Дипенвизен“ и „Зидлихе Дипенвизен“, на исток се наоѓа подрачјето „Вендшотер и Форсфелдер Дремлинг“ и на југ се наоѓаат областите „Барншторфска Шума“ и „Талнидерунг во Барншторфската Шума“.[6]

Историја

уреди
 
Околината околу Волфсбуршкиот замок во 1654 година
 
Волфсбуршки замок

Волфсбуршкиот замок бил првпат споменат во 1302 година во документ како живеалиште на благородниците Бартенслебен. Првично веднаш до реката Алер, неколку векови подоцна била заштитена со ендек. Во 1372 година се појавува првото спомнување во документ на замокот Нојхаус (Burg Neuhaus), во близина на Волфсбург. По исчезнувањето на линијата Бартенслебен во 1742 година, поседите и Волфсбуршкиот замок (Wolfsburg Castle) припаднале на грофовите на Шуленбург. Замокот бил важен работодавач за соседните населби Ротенфелде и Хеслинген.

Некои од денешните градски окрузи, вклучувајќи го Хеслинген, припаѓале на војводата од Магдебург во текот на XVIII век. Во 1932 година, овие окрузи биле одвоени од пруската покраина Саксонија и припоени кон административниот округ Линебург, кој припаѓал на покраината Хановер.

Други градски окрузи, како Форсфелде и селата префрлени во Волфсбург од округот Хелмштет, припаѓале со векови на подоцнежниот војвода на Брауншвајг. Фалерслебен и други села припаѓале на Изборното кнежевство Брауншвајг-Линебург или на Кралството Хановер.

Волфсбург бил основан на 1 јули 1938 година како „Градот на Фолксваген буба кај Фалерслебен“ (Stadt des KdF-Wagens bei Fallersleben), плански град околу селото Фалерслебен, изграден како дом за работниците на Фолксваген („народен автомобил“), фабрики изградени за изработка на фолксваген буба.

Во текот на Втората светска војна, воените автомобили, авионите и другата воена опрема се правеле тука, главно од принудните работници и воените заробеници. Во 1942 година, германските власти го основале концентрацискиот камп „Арбајтсдорф“ во градот во период од неколку месеци.

За време на британската окупациска зона, градот бил преименуван во денешното име, Волфсбург. Преименувањето било извршено на 25 мај 1945 година, по истоимениот замок сместен во околината. Во 1951 година, Волфсбург бил одвоен од округот Гифхорн и станал урбан округ.

Во 1955 година, милионитиот автомобил „фолксваген буба“ бил произведен во Волфсбург. Повоеното производство на „буба“ завршило во Волфсбург во 1974 година, додека производството на „буба“ продолжило во Емден до 1978 година. Фабриките во Волфсбург останале клучен дел од стопанството на Волфсбург.

Во текот на германското стопанско чудо, Волфсбург имале голем прилив на доселеници, особено од Италија.

Во 1958 година било изградено Градското собрание. Во 1960 година, Фолксваген преминал од друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво.

При административната реформа во Долна Саксонија во 1972 година, 20 села од околината биле додадени кон градот преку т.н. Волфсбуршки закон. Волфсбург стекнал статус на голем град со близу 131.000 жители. Истовремено, површината на градот се зголемила од 35 на близу 204 квадратни километри. Во 1973 година, населението на градот го достигнало врвот од 131.971 жител.

Во 1982 година, автопатот А39, гранка на А2 (Оберхаузен-Хановер-Вердер) бил изграден како директен автопат до Волфсбург.

Во 1988 година, градот станал универзитетски град со основањето на Високата школа Брауншвајг/Волфенбител. Денес, неговото име е Остфалски универзитет за применети науки.

Со започнувањето на петтата генерација од фолксваген голф, градот Волфсбург ги поздравил посетителите на официјалното мрежно место на интернет и на секој знак во градот со името „Голфсбург“, што траело од 25 август до 10 октомври 2003 година. Оваа кампања го привлекла националното внимание.

Летото 2009 година, Волфсбург го привлекол фудбалското внимание, кога фудбалскиот клуб, ФК Волфсбург, го освоил германското првенство. Била одржана забава во центарот на градот на која имало околу 100.000 луѓе.

Население

уреди

Од околу 1.000 жители во 1938 година, населението во градот се зголемило на 25.000 жители во 1950 година и се удвоило до 1958 година, на 50.000 жители. На 1 јули 1972 година, населението на Волфсбург првпат го надминало прагот од 100.000 жители, поради вклучувањето на неколку села, со што Волфсбург станал голем град. Во 1973 година, населението го достигнало својот врв: 131.971 жител. На крајот на декември 2010 година, како жители на Волфсбург се броеле 121.451. До крајот на 2012 година, оваа бројка се искачила на 123.144 жители.

Место Националност Население (2013 г.)
1   Италија 5.143
2   Полска 1.022
3   Турција 611
4   Португалија 405
5   Русија 401
6   Тунис 370
7   Сирија 278
8   Србија 272
9   Кина 269
10   Бразил 251

Култура и знаменитости

уреди
 
Поглед на „Автоград Волфсбург“

Средиштето на Волфсбург е уникатно во Германија. Наместо средновековен стар град, Волфсбург има нова и современа знаменитост, наречена Автоград. Во стариот дел на градот Алт Волфсбург се наоѓаат некои велепоседнички куќи во традиционален стил. На врвот на ридот од реката Алер се наоѓа Волфсбуршкиот замок.

Автоград е отворен тематски музеј посветен на автомобилите поседувани и изработувани од Фолксваген. Во центарот на паркот се павилјоните за големите брендови на Фолксваген: Фолксваген и Ауди на север, на југ се Сеат, Шкода Ауто, Ламборгини, Бентли и Бугати. Десно до лагуната е павилјонот на Порше. Павилјонот за комерцијалните возила на Фолксваген се наоѓа во југоисточниот дел на паркот.

Автоградот, исто така, вклучува: планетариум; хотел „Риц-Карлтон“; научниот центар „phæno“, најголемиот научен музеј во Германија; воден скијачки центар и приватен уметнички музеј (Уметнички музеј Волфсбург) специјализиран за современа уметност.

Политика

уреди
 
Градското собрание

Шеф на новиот град во 1938 година станал Карл Бок со одлука бр. 145 на владата на Линебург. Неговите следбеници биле поставени од владата исто така.

Во 1946 година, воената влада на британската окупациска зона воспоставила сличен систем на британскиот. Со тоа, граѓаните избирале совет, кој избирал градоначалник како предводник на градот. По 1946 година, советот избирал нивен претставник за водење на градот. Во 2001 година, двојното водство било укинато. Со тоа бил поставен еден градоначалник. Оттогаш, граѓаните директно го бираат градоначалникот.

Градот бил опишан како „социјалдемократска утопија“.[7]

Градски совет

уреди

Градскиот совет е составен од различни партии (вкупно 47 места) и градоначалникот со посебен глас. Градоначалникот е на чело на градската управа и со тоа претпоставен на сите вработени во градскиот совет. Градоначалникот е поддржуван од четири раководители на оддели, кои се избирани од советот на негов предлог. Заедно го сочинуваат одборот на директори на градската управа.

Резултатите од локалните избори на 11 септември 2016 година:[8]

Партија Места Гласови (%)
СДП 14 29,9%
ДХС 11 24,9%
PUG 8 17,3%
AfD 5 10,5%
Сојуз 90/Зелени 3 7,5%
FDP 2 3,3%
Linke 1 3,0%
PIRATEN 1 1,9%
Фамилие 1 1,1%

Излезност на гласачи: 52,3%.

Амблеми

уреди

Грбот на Волфсбург прикажува сребрен замок со две кули со затворена порта на црвена позадина преку зелена основа со сребрени бранови долу. Златниот волк со син јазик е качен на замокот. Знамето на градот е зелено и бело.

Одделот за внатрешни работи на Долна Саксонија му доделил грб на градот во 1952 година. Во 1961 година бил подобрен хералдички и новододелен од владиниот комитет од Линебург. Симболите на волкот и заокот го прикажуваат името на градот и немаат директно историско значење. Знамето било прифатено во 1955 година.

Фолксваген користел изменета верзија на грбот на Волфсбург како негов амблем до раните 1980-ти години, кога бил заменет од денешниот амблем.

Архитектура

уреди
 
Театар Шарун

Историски замоци

уреди
  • Замок Волфсбург (Schloss Wolfsburg), везерски ренесансен замок од XIII век, кој првпат бил забележан како благороднички дом на линијата Бартенслебен во 1302 година. Бидејќи самиот град е именуван по овој замок, претставува вистинска знаменитост;
  • Замок Нојхаус (Burg Neuhaus), средновековен замок од XIV век, кој е поседуван од градската власт од 1981 година; и
  • Замок Фалерслебен (Schloss Fallersleben) бил завршен во 1551 година. Од 1991 година претставува музеј „Хофман фон Фалерслебен“.

Музеи

уреди
  • Уметнички музеј Волфсбург (Kunstmuseum Wolfsburg), меѓународно познат со збирки на современата меѓународна уметност од 1994 година;
  • Градска галерија (Städtische Galerie), сместена во замокот Волфсбург со збирки на современата уметност;
  • Автомузеј Фолксваген (AutoMuseum Volkswagen), бил отворен во стара текстилна фабрика во Хеслинген во 1985 година;
  • Градски музеј (Stadtmuseum Wolfsburg), современ музеј со изложба за историјата на замокот, областа и градот. Музејот е сместен во рамки на замокот Волфсбург;
  • Музеј „Хофман фон Фалерслебен“ (Hoffmann-von-Fallersleben-Museum), сместен во замокот Фалерслебен, ја прикажува историјата на германската поезија и демократија, особено насочена кон животот на Хофман фон Фалерслебен помеѓу 1798 и 1874 година;
  • Куќа Хајнрих Бисинг (Heinrich-Büssing-Haus) во Нордштајмке била отворена на иницијатива на групата МАН во родната куќа на Бисинг во 1988 година. Го прикажува животот на Бисинг и развојот од занаетчиство во индустрија;
  • Замок Нојхаус (Burg Neuhaus), музеј посветен на реплики од замокот и воденицата, средновековни оружја и документи за животот од времето пред 1800 година;
  • Автоград (Autostadt), втор најпосетен тематски парк во Европа, веднаш зад Дизниленд во Париз. Темата се автомобилите и нивното движење;
  • Фено (Phæno), научен центар со 250 експериментални станици на изложбен простор од околу 6.000 квадратни метри. Градбата била осмислена од познатата архитектка Заха Хадид; и
  • Романтикпарк Ландлебен (Romantikpark Landleben), тематски парк во Кешторф, кој ги прикажува селата од Долна Саксонија во историјата, комбинирано со паркови и ресторани.

Спорт

уреди
 
Арена Фолксваген

Најпознат професионален спортски клуб во градот е ФК Волфсбург, основан во 1945 година. Машкиот фудбалски клуб ја освоил Бундеслигата во 2009 година, германскиот куп во 2015 година и германскиот суперкуп во 2015 година. Женската фудбалска екипа била уште поуспешна, освојувајќи ја Бундеслигата во 2013 и во 2014 година, како и германскиот куп во 2013 и во 2015 година. Женската екипа исто така ја освоила европската Лига на шампиони во 2013 и во 2014 година.

Волфсбург е дом на екипата во хокеј на мраз Гризлис Волфсбург, кои од 2007 година се на водечката позиција во соодветната германска лига.

Исто така, во градот се одржува тенискиот турнир Фолксваген Челинџер. Турнирот се одржува секоја година од 1993 година.

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Волфсбург е збратимен со следниве градови:

Волфсбург има партнерства со следниве градови:

Познати луѓе

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. DPA/The Local/jcw (29 јули 2013). „Germany's Motown is country's richest city“. The Local. Посетено на 29 септември 2014.
  3. „Datenblatt auf der Website der Stadt 2014“. Архивирано од изворникот (PDF; 873 kB) на 2016-04-13. Посетено на 2016-10-20.
  4. Hauptsatzung der Stadt Wolfsburg vom 22. Februar 2017 Архивирано на 10 октомври 2016 г. (PDF; 662 kB). In: wolfsburg.de, abgerufen am 6. August 2017.
  5. Statistisches Jahrbuch 2018. Архивирано на 1 декември 2020 г. In: wolfsburg.de, abgerufen am 3. November 2018 (PDF; 7,1 MB).
  6. „Schutzgebiete auf der interaktiven Umweltkarte“. Посетено на 2016-10-10.. – Schutzgebiete auf der interaktiven Umweltkarte. In: nlwkn.niedersachsen.de. Niedersächsischer Landesbetrieb für Wasserwirtschaft, Küsten- und Naturschutz, abgerufen 10. Oktober 2016.
  7. J.C. (15 октомври 2017). „How to keep populists small and marginal“. The Economist.
  8. Wolfsburg hat gewählt! Endgültiges amtliches Wahlergebnis liegt vor.. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. wolfsburg.de/rathaus,.
  9. Bielsko-Biała - Partner Cities. Urzędu Miejskiego w Bielsku-Białej. Посетено на 10 декември 2008.

Надворешни врски

уреди