Windows Internet Explorer
Windows Internet Explorer Составен дел од Microsoft Windows | |
---|---|
Internet Explorer 9 во Windows 7 | |
Подробно | |
Тип | прелистувач |
Се содржи во | Windows 95 OSR 1 и понови Windows NT 4 и понови |
Сродни делови | |
Windows Filtering Platform Windows Update WinSock Верзии: 1 · 2 · 3 · 4 · 5 · 6 · 7 · 8 · 9 · 10 |
Windows Internet Explorer (порано Microsoft Internet Explorer скратено MSIE или IE) се низа на графички прелистувачи развиени од Microsoft и вклучени како дел од Microsoft Windows линијата на оперативни системи почнувајќи од 1995 година.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Историјат
[уреди | уреди извор]Неговото прво појавување му било во пакетот со оперативниот систем Windows 95. По неговото прво појавување, излегле и верзии за оперативните системи Мек ОС и јуникс, но сепак опстанала само верзијата за Виндоуз. До 1999. тој бил најзастапен и најшироко користен пребарувач. Во 2006. година имал преку 900 милиони корисници ширум светот. Најновата верзија на Internet Explorer 7 првично била наменета за најновиот оперативен систем Windows Vista, иако тој може да се користи и за верзијата на Windows XP со инсталиран сервисен додаток 2.
Паралелно со развојот на Internet Explorer, биле развиени и други слични пребарувачи, од кои некои на крајот имаат станато вистински конкуренти на Internet Explorer. Денеска најголем конкурент на Internet Explorer е Mozilla Firefox, кој секојдневно придобива сè повеќе и повеќе корисници. Освен Firefox, тука се и останатите доста јаки конкуренти на Explorer како што се Opera, Netscape, Avant и други. Од скорo и новиoт претражувач Google Chrome претставува нов и голем конкурент на ова поле.
Неколкупати да се зборува за стабилноста и сигурноста на Internet Explorer. Откако шестата верзија била искочена во 2001. година, Microsoft не објавил никакви додатоци за неа. Различни компјутерски експерти, велат дека Internet Explorer не е безбеден и дека овозможува лесен премин на разни штетници од интернет. Додека Microsoft има пауза од 5 години поради ова прашање, Mozilla и останатите имаат развиено свои пребарувачи и во поглед на сигурност се сега многу далеку понапред од Internet Explorer. Иако, во светот има голем број на компјутерски корисници кои не знаат многу за овие работи, а Internet Explorer доаѓа со било која верзија на Windows, почнувајќи од верзијата Windows 98, па поради тоа и понатаму тој има многу корисници.
Тековна верзија 9 значајно е унапредена и по изглед и по безбедност, и претставува голема конкуренција за останатите пребарувачи. Една од главните проблеми е тоа што оваа верзија е достапна само за Windows Vista 7.
Оваа статија за програмска опрема е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Windows Internet Explorer“ на Ризницата ? |
|