Peace Sells
„Peace Sells“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот Peace Sells... but Who's Buying? | |||||
Издаден | ноември 1986 | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | април 1986 | ||||
Жанр | Треш метал | ||||
Должина | 4:02 | ||||
Издавачка куќа | Комбат, Капитол | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн и Ренди Барнс | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Peace Sells е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Напишана е од страна на Дејв Мастејн, а заедно со „Wake Up Dead“ од истиот албум се задолжителни на секој нивни концерт. Според Дејвид Елефсон, уште пред издавањето на албумот, имал претчувство дека „Peace Sells“ ќе биде голем хит..[1] Текстот ги побива сите стереотипи за антисоцијалната природа и атеистички определби на лицата кои слушаат хеви метал. Музичката ТВ куќа VH1 ја рангирала песната на 11 место на нивната список на најдобри хеви метал композиции на сите времиња.
Видео запис
[уреди | ур��ди извор]Бил направен посебен видео запис за оваа песна. Највпечатлив е кадарот кога момче со маица на Слеер гледа ТВ програма која прикажува настапи на Мегадет и исечоци од вое��и конфликти. Веднаш потоа влегува таткото и прашува: Какво е ова ѓубре што го гледаш? Сакам да ги слушнам вестите, и го менува каналот. Момчето му одговара: Ова се вестите, и го враќа претходниот канал. Овој дел од спотот бил честопати исмејуван и вметнуван во пародии поврзани со хеви металот. На почетокот на спотот се гледа оригиналниот омот од претходниот албум на Мегадет, Killing Is My Business... and Business Is Good!. Можеби најпрепознатливиот дел од песната е воведот на бас гитара изведено од Дејвид Елефсон.
Преработки и присуство во поп културата
[уреди | уреди извор]- Песната е поставена во видео игрите NHL 10, Grand Theft Auto: Vice City, Rock Band 2, True Crime: Streets of LA и во некои верзии на Guitar Hero 5.
- Првиот бас риф од композицијата многупати бил користен како најавна нумера за емисиите на MTV, но Мастејн никогаш не добил признание за авторски права.
- Глам метал бендот Tigertailz ја преработил нумерата и ја вклучил на нивниот компилациски албум Banzai! од 1991 г.
- Оваа песна се нашла на компилацискиот албум Greatest Hits: Back to the Start, како и на сите други изданија со најголеми хитови на Мегадет; во изборот на песни за споменатиот албум, „Peace Sells“ се нашла на 3-то место според бројот на гласови од обожавателите.
- Статистички гледано, оваа нумера е убедливо најизведуваната песна во живо на Мегадет, со над 1100 досегашни перформанси пред публика.[2]
- Стихот It's still 'We the People', right? очигледно е иронизација на насловот од уставната преамбула на САД.[3]
Коментари од бендот во врска со песната
[уреди | уреди извор]Точно се сеќавам на денот кога ја напишавме Peace Sells. Мастејн и јас го чекавме Гар за да тргнеме кон студиото. Дури се сеќавам и на старото комбе во кое тогаш се возевме. Како и да е, Дејв тогаш ме праша: 'Што мислиш да направиме песна според насловот на албумот?' Кога стигнавме во студиото, тој веднаш го напиша рефренот, а откако го преслушавме неколкупати - бум, ефектот беше силен. За неколку часови песната беше речиси готова. Тоа беше еден од оние магични моменти.
—Дејвид Елефсон, 1998 г.[4]
Мислам дека првичната замисла на Мастејн беше песната да биде околу 8 минути. И тогаш Гар му реплицираше: 'Знаеш што? Песнава е премногу добра за таков аранжман. Ајде да ја скратиме и да ја објавиме како сингл.' Дејв на тоа одговори потврдно, најверојатно поради тоа што го почитуваше мислењето на Семјуелсон и бидејќи тој беше единствениот во бендот со кого Мастејн не сакаша да се скара. Многу го ценеше придонесот на Семјуелсон, и да не беше тој да го наговори Мастејн да ја скуси песната...
—Крис Поланд, 2012 г.[5]
Музички персонал
[уреди | уреди извор]- Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара
- Крис Поланд - водечка гитара
- Дејвид Елефсон - бас гитара
- Гар Семјуелсон - тапани
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ThePOGG интервју со Дејвид Елефсон“. Посетено на 6 ноември 2012.
- ↑ setlist.fm Најизведувани песни во живо
- ↑ „Извадок од статијата на The Realms of Deth“. Архивирано од изворникот на 2000-10-15. Посетено на 2012-12-02.
- ↑ Дејвид Елефсон за создавањето на Peace Sells
- ↑ Поланд во неодамнешниот разговор со Classic Rock магазинот