Never Walk Alone… A Call to Arms
„Never Walk Alone... A Call to Arms“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот United Abominations | |||||
Издаден | 8 мај, 2007 г.[1] | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 2007 г. | ||||
Жанр | Треш метал | ||||
Должина | 3:54 | ||||
Издавачка куќа | Роудранер | ||||
Композитор | Дејв Мастејн и Глен Дровер | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн и Енди Снип | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Never Walk Alone… A Call to Arms е песна од треш метал бендот Мегадет. Била објавена како трет и последен сингл од нивниот единаесетти студиски албум United Abominations. Ова е единствената песна од целата дискографија на Мегадет, во чие компонирање свој придонес дал Глен Дровер. Видео записот кој бил снимен за промоција на оваа песна, бил номиниран за наградата „Најдобар хеви метал спот“ во уредништво на музичкиот магазин Guitar World.
Спотот бил изработен од групата режисери Labworks, а во него сите членови на бендот настапуваат на една анимирана сцена.[2] Овој сингл немал некој позабележителен успех во САД, ниту во европските земји. Песната во живо била изведена само 56 пати,[3] а од 2008 г. повеќе не се наоѓа на репертоарот на Мегадет.
Список на песни
[уреди | уреди извор]- „Never Walk Alone... A Call to Arms“ – 3:54
Музички персонал
[уреди | уреди извор]- Дејв Мастејн - вокал, ритам гитара и продукција
- Глен Дровер - водечка гитара
- Џејмс Ломензо - бас гитара
- Шон Дровер - тапани, перкусија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Информации за синглот
- ↑ „Податоци од мрежното место на музичкиот канал MTV“. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на 2013-01-10.
- ↑ Статистика за изведбите во живо на песната