Прејди на содржината

Over the Rainbow

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Over the Rainbow“
Џуди Гарланд ја пее "Over the Rainbow" во Волшебникот од Оз
Песна од Џуди Гарланд
Објавена1939 од Leo Feist, Inc.
Композитор(и)Харолд Арлен
ТекстописецЈип Харбург

Over the Rainbow (македонски: „Над виножитото“) позната и како „Somewhere Over the Rainbow“ ― балада компонирана од Харолд Арлен со текст од ��ип Харбург.[1] Песната била напишана за филмот „Волшебникот од Оз“ од 1939 година и во него била испеана од глумицата Џуди Гарланд[2] која ја глумела главната улога на Дороти Гејл.[1] Песната освоила „Оскар за најдобра оригинална песна“ и станала најпозната песна на Гарланд.

Компонирање

[уреди | уреди извор]

Композиторот Харолд Арлен и текстописецот Јип Харбург често работеле во тандем; обично Харбург предлагал идеја или наслов за кој Арлен ќе направи композиција, а Харбург потоа придонесувал со стихови.[3] За заедничка работа на музиката за филмот Волшебникот од Оз, Харбург рекол дека пронашол инспирација во „балада за мало девојче кое... западнало во проблеми и... сакало да побегне од... Канзас. Суво и безбојно место. Таа не видела ништо обоено во животот освен виножитото“.[4]

Во филмот, како придружба била користена познатата виолина Страдивариус.[5]

Италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ забележал сличност (хармонична и мелодична) помеѓу „Over the Rainbow“ и темата на интермецото (познато како Сонот на Ретклиф) од операта Гилиелмо Ратклиф од Пјетро Маскањи од 1895 година.[6]

Снимки од Џуди Гарланд

[уреди | уреди извор]

На 7 октомври 1938 година, Џуди Гарланд ја снимила песната на звучната сцена на МГМ со аранжман од Мареј Катер. Во септември 1939 година, студиската снимка од песната, не од филмскиот саундтрак, била снимена и објавена како сингл од Decca Records.

Филмската верзија на „Over the Rainbow“ не била достапна за јавноста сè додека MGM не го објавила саундтракот во 1956 година за да се совпадне со телевизиската премиера на „Волшебникот од Оз“.[7] Саундтрак-верзијата била повторно објавена уште неколку пати со текот на годините.[8]

Во 1981 година, снимката на песната од 1939 година во исполнение од Џуди Гарланд и издадена од Decca Records била примена во Гремиевата куќа на славата.[9]

Други стихови

[уреди | уреди извор]

Воведниот стих („Кога целиот свет е безнадежен метеж...“) кој бил исфрлен од филмот понекогаш се користи во театарските продукции на Волшебникот од Оз и е вклучен во музиката за пијано од филмот. Бил користен во верзии на: Клиф Едвардс, Тони Бенет, Ал Боули, Дорис Деј, Ела Фицџералд, Френк Синатра, Сара Вон, Менди Патинкин, Триша Ирвуд, Мелиса Манчестер, Хилари Кол, Џевел, Ива Кесиди и Норма Вотерсон.

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Во март 2017 година, синглот од Џуди Гарланд од 1939 година бил внесен во Националниот регистар за записи при Конгресната библиотека како музика која е „културно, историски или уметнички значајна“.[10] Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) и американскиот Национален фонд за уметност (NEA) песната ја ставиле на прво место на нивниот список од „Песни на векот“ . Американскиот филмски институт ја прогласил за најдобра филмска песна на нивниот список „100 години... 100 песни“.

На „Over the Rainbow“ ѝ била доделена наградата „Towering Song“ од Куќата на славата на текстописците.[11]

Други верзии

[уреди | уреди извор]

Песната исто така била прифатена и од џез-музичарите и брзо станала еден од меѓународните џез-стандарди. Арт Тејтум, Ела Фицџералд и Луис Армстронг исто така ��а снимиле песната. Алт-саксофонистот Арт Пепер често го изведувал делото во живо, вклучително и во соло-импровизација без придружба на мелодијата од песната.  Други познати изведувачи биле: Ерик Клептон, Modern Jazz Quartet, Кит Џерет и Лес Пол.

Како поп и џез-стандард, Over the Rainbow била изведувана од многу изведувачи во различни стилови. Комерцијално најуспешни снимки биле:

Целокупниот список на преработки од оваа песна содржи повеќе од 100 записи.

  1. 1,0 1,1 Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 134. ISBN 1-904994-10-5.
  2. Gioia, Ted (2012). The Jazz Standards: A Guide to the Repertoire. New York City: Oxford University Press. стр. 328–330. ISBN 978-0-19-993739-4.
  3. Shapiro, Gary. 'Over the Rainbow': The Story Behind the Song of the Century“. Columbia News. Посетено на October 30, 2019.
  4. Frisch, Walter (2017). Arlen and Harburg's Over the Rainbow. Oxford University Press. стр. 20.
  5. „Violin used for Wizard of Oz's Over the Rainbow expected to reach $20m at auction“. the Guardian (англиски). June 3, 2022. Посетено на June 12, 2022.
  6. „C'era Mascagni sulla strada di Oz“. September 30, 2017.
  7. The Wizard of Oz Soundtracks (MGM label)“. The Judy Room. Архивирано од изворникот на September 27, 2011.
  8. The Wizard of Oz (Rhino Movie Music label)“. The Judy Room. Архивирано од изворникот на January 26, 2012.
  9. https://www.grammy.com/awards/hall-of-fame-award#o
  10. „National Recording Registry Picks Are 'Over the Rainbow'. Library of Congress. March 29, 2016. Посетено на March 29, 2016.
  11. Shriver, Jerry (June 13, 2014). „Songwriters gala links old and new with a 'Rainbow'. USA Today.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]