GeoGuessr
GeoGuessr | |
---|---|
Издавач(и) | GeoGuessr AB |
Дизајнер(и) | Антон Вален |
Подлоги | прелистувач андроид iOS |
Датум на издавање | 9 мај 2013 г. |
Режим(и) | едноиграчки, повеќеиграчки |
GeoGuessr (се чита: Геогесер, буквално: ГеоПогодувач) — прелистувачка игра развиена од шведскиот програмер Антон Вален, објавена на 9 мај 2013 г. Играта користи карти на Google Street View и бара од играчот да ја погоди местоположбата на улица/алеја/автопат во светот со тоа што ќе ја означи на Google Maps. Секој ден (во рок од една недела по објавувањето на играта), 100 — 300 илјади корисници ја посетуваат нејзината веб-страница. Од декември 2015 г, играта е достапна и како iOS-примена.
Развој
[уреди | уреди извор]Антон Вален сакал да оди на веб-страницата на Google Maps и да гледа далечни места на картите на Google Street View. Тој одлучил да додаде играчки елемент кон картите.[1][2] Развојот на играта траел две недели. Вален ја користел библиотеката JavaScript, Backbone.js и верзијата 3 на API на Google Maps за да ја создаде играта. Вален ја објавил играта на Google Chrome Experiment на 10 мај 2013 г.[3][4]
Играчки процес
[уреди | уреди извор]GeoGuessr го сместува играчот на пет алгоритамски одредени места низ светот. Местата се ограничени на патишта (фотографирани од камерите на Google Street View и прикачени на колата). Повеќето места во Азија и Африка, Јужна Америка и Средна Австралија и поголемиот дел од далечниот север во Канада и Русија се исклучени.[4][5]
Прозорецот за уличен приказ на GeoGuessr не дава никакви информации освен слики од самата улица и компас; работи како што се патни знаци, растителност, стандард на живеење, клима и сообраќај на возилата се нудат како трага што можат да му помогнат на играчот да ја одреди неговата местоположба. Играчот може да се движи и по патишта. Откако играчот е подготвен да погоди местоположба, ќе го означи местото врз картата на Google што може да се зголеми. Потоа, GeoGuessr ја покажува вистинската географска положба и му доделува оценка на играчот врз основа на тоа колку оддалечена е означената местоположба на играчот од точното место. Бодовите се движат од 0 (ако точната местоположба е спротивна од предвидената) до 5000 (ако проценетата местоположба е на 150 метри од точната местоположба). Потоа на играчот му се прикажува ново место и процесот се повторува додека играчот не ги пронајде сите пет места. Максималното количество бодови е 25.000.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Morini, Thiago Ferrer (2013-05-26). „Geoguessr: ¿Dónde diablos estoy?“ [Geoguessr: Where the hell am I?]. Vanguardia (шпански). Архивирано од изворникот на 2014-03-18. Посетено на 2013-06-18.
- ↑ Coldwell, Will (2013-06-02). „Where in the world am I? The addictive mapping game that is GeoGuessr“. The Independent. Архивирано од изворникот на 2013-06-23. Посетено на 2013-06-18.
- ↑ Oremus, Will (2013-05-15). „How to Beat GeoGuessr, the Insanely Addictive Google Maps Guessing Game: Tips and tricks from a National Geographic cartographer“. Slate. Архивирано од изворникот на 2017-01-22. Посетено на 2013-06-18.
- ↑ 4,0 4,1 Pitcher, Jenna (2013-05-13). „Get lost with Google Maps-based game GeoGuessr“. Polygon. Архивирано од изворникот на 2014-11-06. Посетено на 2014-11-06. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „Where is Streetview“. Google.com. Архивирано од изворникот на 2015-08-12. Посетено на 2015-08-10. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„GeoGuessr“ на Ризницата ? |