16 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2025 16 јуни — 167-миот ден во годината според грегоријанскиот календар (168-ми во престапна година). Остануваат 198 дена до крајот на годината.
Настани:
1671 | Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки. |
1779 | Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар. |
1943 | Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“. |
1960 | Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава. |
1963 | Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут. |
1997 | Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1999 | Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка. |
Родени:
1313 | Џовани Бокачо — италијански писател. |
1612 | Мурат IV — отомански султан. |
1859 | Паја Јовановиќ — српски сликар. |
1866 | Германос Каравангелис — грчко духовно лице. |
1890 | Стен Лорел — англиски глумец. |
1924 | Лаки Томпсон — американски џез-музичар. |
1937 | Симеон Сакскобурготски — бугарски премиер. |
1951 | Роберто Дуран — панамски боксер. |
1952 | Јоргос Папандреу (помладиот) — грчки премиер. |
1958 | Зоран Предин — словенечки рок-музичар, член на групата Лачни Франц. |
1960 | Ена Беговиќ — хрватска и југословенска глумица. |
1961 | Витомир Долински — македонски новинар. |
1966 | Јан Железни — чешки атлетичар. |
1967 | Јирген Клоп — германски фудбалски тренер. |
1970 | Коби Џоунс — американски фудбалер. |
1970 | Гоце Димовски — македонски поет. |
1971 | Тупак — американски рапер (п. 1996). |
1986 | Фернандо Муслера — уругвајски фудбалски голман. |
1988 | Пим Лигтхарт — холандски велосипедист. |
1989 | Берт-Јан Линдеман — холандски велосипедист. |
1994 | Душан Мандиќ — српски ватерполист. |
2000 | Бјанка Андрееску — канадска тенисерка. |
Починале:
1834 | Осип Бове — руски архитект. |
1912 | Добри Даскалов — македонски револуционер. |
1977 | Вернер фон Браун — германски физичар. |
1993 | Борко Лазески — македонски академски сликар. |
2010 | Бил Диксон — американски џез-музичар. |