Од Википедија — слободната енциклопедија
Двојно ч (Ꚇ ꚇ; закосено: Ꚇ ꚇ) — буква од проширената кирилица[1] која се користела во старите апхаски азбуки и ја претставувала безвучната свиена слеана согласка /tʂ/. Нејзин творец е баронот Петар Карлович Услар, кој ја објавил во неговото лингвистичко дело „Абхазский язык“.[2] Најпрвин буквата имала облик на Ҽ, но во 1887 г. неговиот труд бил преиздаден од М. Завадски, кој ѝ го изменил обликот на буквата во двојно ч.[2] Подоцна е вратен стариот облик на Услар, кој денес се користи во современата апхаска азбука.
Знак |
Ꚇ |
ꚇ
|
Уникоден назив |
КИРИЛИЧНА ГОЛЕМА БУКВА ДВОЈНО Ч |
КИРИЛИЧНА МАЛА БУКВА ДВОЈНО Ч
|
Бр. систем |
дец. |
хекс. |
дец. |
хекс.
|
Уникод |
42630 |
U+A686 |
42631 |
U+A687
|
UTF-8 |
234 154 134 |
EA 9A 86 |
234 154 135 |
EA 9A 87
|
Бројчена ознака |
Ꚇ |
Ꚇ |
ꚇ |
ꚇ
|
- ↑ „Cyrillic Extended-B: Range: A640–A69F“ (PDF). The Unicode Standard, Version 6.0. Unicode Inc. 2010. стр. 998. Посетено на 31 October 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Бгажба Х. С. Из истории письменности в Абхазии. — Тбилиси. 1967. С. 34