Од Википедија — слободната енциклопедија
И (кирилица: ; глаголица: ) — единаесетта буква во македонската азбука и е дел од скоро сите кирилични азбуки. Буквата ја претставува звучната вредност /i/ или /ɪ/ во украински јазик. Буквата И потекнува од грчката буква ета и поради тој факт сè до 13 век буквата беше пишувана како H. Во старословенскиот јазик, разликата помеѓу буквата И и буквата иже била многу мала а како пример на тоа е разликата помеѓу изговорот на буквата и во сите словенски јазици од една страна и украинскиот изговор на буквата и од друга страна. Во транскрипција буквата се пишува како i.