Прејди на содржината

Атички календар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Атички календар е календар кој бил користен во старата Атика, односно на територијата на старо Атинскиот полис, свооето влијание го добива во 5. и 4 век, п.н.р, и поради големиот број на богаства и докази од Атина најдобро е разбран и сочуван од сите Хеленски календари.

Посматран од страна на грегоријанскиот календар овој стар календарски систем има необични особини, и токму ради тоа е и интересен : како културен артефакт, ни отвора прозорец во менталитетот на они кои го користени, или од оние од кои бил користен.

Иако доказите се релативнообилни и шаренолики, и често со противречно толкување, ниту еден современ извор не го опишува системот во целина, бидејќи се сметал за очигледен и познат на сите, покрај тоа во споменатиот период дошло до промени кои не биле добро сватени, и токму ради ова секој опис може да биде неизвесна реконструкција.

Локалниот фокус на календарот

[уреди | уреди извор]

Атичкиот календар бил исклучиво локален феномен, кој бил користен да ги регулира внатрешните работи на Атињанците, со мал значај за надворешниот свет, примез за ова е прекуграничната Бојотија, кои не само што имале различни имиња , туку и годината им почнувала околу зимскиот период, околу краткодне��ницата, додека пак во Атина годината почнувала шест месеци подоцна, малку по долгодневницата, покрај тоа грчките месеци требало да почнуваат со првото видување на младиот месецмеѓутоа ова било одредувано локално и неистовремено, и во многу години месеците во две заедници се поклопувале, меѓутоа нема знави дека се потполно ускладени деновите во месецот, бидејќи не гледале причина за истото.

Разликата меѓу овие два соседни календара најверојатно ја одржувало традиционалното непријателство меѓу двата полиса, и доколку Бојоќаните зборувале на Јонскиот дијалект како и Атињаните можеби би имало преклопување во имињата на месеците, и како пример на ова е Јонскиот остров Делоскаде четири од дванаесете месеци биле викани исто како и во атинскиот, меѓутоа не биле на исто место во годината, таму годината почнувала околу краткодневницата, како во Бојотија наспроти Атинската доминација од околу 479. до 314. п.н.е.

Видови на Календари

[уреди | уреди извор]

Атињанците всушност живееле под неколку истовремени календари, кои биле користени за утврдување на денот за различни цели, и колку некој календар бил значаен за поединецот зависело од неговиот начин на живот и местото во друштвото, и тие се поделени на :

  • Фестивалски календар, со 12 месеци одредени врз основа на месечевиот циклус
  • Календар Атинската демократска држава, со 10 произволно одредени месеци
  • Земјоделски календар Годишно време, со излегување на ѕвезди те као индикатори за одминување на време .
Лето
1 Hekatombaion Јуни/Јули
2 Metageitnion Јули/Август
3 Boedromion Август/Септември
Есен
4 Pyanepsion Септември/Октомври
5 Maimakterion Октомври/Ноември
6 Poseideon Ноември/Декември
Зима
7 Gamelion Декември/Јануари
8 Anthesterion Јануари/февруари
9 Elaphebolion февруари/Март
Пролет
10 Mounichion Март/Април
11 Thargelion Април/Мај
12 Skirophorion Мај/Јуни

Имиња на месеците

[уреди | уреди извор]

Првичната цел на овој календар била одредување на денот за религијски фестивали, и они опфаќале многу широка лепеза на активности, и Атинските месеци биле именувани боговите и фестивалите, и по ова се разликувал од останатите календари на пример во Сумерскиот и Бабилонскиот календар месеците се именувани о земјоделската активност во тој период од месецот што се извршувала, и многу атински фестивали имале врска со различни фази од земјоделскиот циклус, како шт биле фестивалите на сеидба и жетва.

Денови во месецот

[уреди | уреди извор]

од прилика се менувале месеците од 29 и 30 дена, бидејќи месецот трае околу 29,5 дена, со цел да се надоврзе првиот ден од следниот месец со доаѓањето на младиот месец, и кратките месеци од 29 дена биле нарекувани шупливи, а оние од 30 дена полни. Секој месец е поделен во три фази од по десет дена поврзани со растечки полн и смалувачки месец, и именувањето на овие денови било комплицирано, првиот ден од месецот бил noumenia или млад месец, кое име било користено во сите грчки календари, и отогаш се нумерирани деновите до 20-от ден, а во последната третина на месецот броењето се свртело и одбројувало наназад од 10 -от до последниот ден, и само средниот период имал броеви на деновите над 10 и цесто биле викани во стилот трет преку 10, итн.