Прејди на содржината

Хамбург (метрополитенска област)

Координати: 53°30′N 10°00′E / 53.5° СГШ; 10.0° ИГД / 53.5; 10.0
Од Википедија — слободната енциклопедија
Метрополитенска област Хамбург
Metropolregion Hamburg
Лого на Метрополитенска област Хамбург
Лого на областа
Местоположба на метрополитенската област Хамбург во Германија
Местоположба на метрополитенската област Хамбург во Германија
Држава Германија
Покраини Х��мбург
 Долна Саксонија
 Шлезвиг-Холштајн
Најгол��ми градовиХамбург
Површина
 • Метро26,000 км2 (10,039 ми2)
Население [1]
 • Метро5,000,000
 • Метро192/км2 (500/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
Мреж. местоmetropolregion.hamburg.de

Метрополитенска област Хамбург (германски: Hamburg Metropolitan Region) — една од единаесетте метрополитенски области во Германија. Го опфаќа градот-држава Хамбург, како и делови од сојузните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и во помала мера и во покраината Мекленбург-Западна Померанија.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

На 1 јануари 2006 година била отворена Канцеларијата на метрополитенската област Хамбург, како што било договорено во договорот за соработка (Staatsvertrag über Zusammenarbeit) помеѓу Хамбург, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн.[3]

Слободниот и ханзеатски град Хамбург е центарот на метрополитенската област Хамбург, шестата по големина од единаесетте метрополитенски области во Германија. Метрополитенската област до последните проширувања се протегала низ долносаксонските окрузи Куксхафен, Харбург, Хајде, Лихов-Даненберг, Линебург, Ротенбург, Штаде и Илцен и окрузите во Шлезвиг-Холштајн Војводство Лауенбург, Зегеберг, Штајнбург, Штормарн, Пинеберг, Дитмаршен. Метрополитенската област на крајот на 2011 година имало вкупно околу 5,1 милион жители.

  • Агломерацијата Хамбург заедно со блиските градови и општини брои околу 2,6 милиони жители.
  • Сенатот на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, долносаксонската покраинска влада и покраинската влада на Шлезвиг-Холштајн се согласиле во 1991 година, дека нивна регионална политика ќе биде засилување на заедничката соработка во Регионот Хамбург.

На почетокот на 2012 година се променил покраинскиот договор за финансирање и заедничка соработка во метрополитенската област Хамбург и од 1 мај 2012 година влегле и окрузите на Мекленбург-Западна Померанија Лудвигслуст-Пархим (овој се протега на местото на поранешниот округ Лудвигслуст) и Северозападен Мекленбург, како и округот Источен Холштајн (Шлезвиг-Холштајн), како и слободните градови Нојминстер и Либек. .[4]

Оттогаш, метрополитенската област Хамбург опфаќа 5,1 милион жители на област од 26.000 квадратни километри.[5]

Географија

[уреди | уреди извор]

Во 2005, метрополитенската област Хамбург се состоела од градот-држава Хамбург, руралните окрузи на Долна Саксонија и окрузите на Шлезвиг-Холштајн, со повеќе од 800 градови и општини. Областа покривала област од 19.802 км2.[6]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Биненалстер во Хамбург
Приморското одморалиште Травеминде во Либек
Панорама на Куксхафен
Висмар

Покраини и окрузи

Покраина Округ* Нас.
(2012)
Површина
Густина на нас.
(2012)
 Хамбург 1.813.587 755 км2 2.400/км2
 Долна Саксонија Куксхафен 198.115 2.073 км2 96/км2
Харбург 239.269 1.245 км2 190/км2
Лихов-Даненберг 49.082 1.220 км2 40/км2
Линебург 174.685 1.323 км2 130/км2
Ротенбург 162.182 2.070 км2 78/км2
Хајде 136.072 1.873 км2 73/км2
Штаде 195.606 1.266 км2 150/км2
Илцен 93.284 1.454 км2 64/км2
 Мекленбург-Западна Померанија Лудвигслуст 122.564 2.517 км2 49/км2
Северозападен Мекленбург 155.801 2.117 км2 74/км2
 Шлезвиг-Холштајн Дитмаршен 132.965 1.405 км2 95/км2
Војводство Лауенбург 187.905 1.263 км2 150/км2
Либек 211.713 214 км2 990/км2
Нојминстер 76.951 72 км2 1.100/км2
Источен Холштајн 197.882 1.391 км2 140/км2
Пинеберг 298.826 664 км2 450/км2
Зегеберг 261.988 1.334 км2 200/км2
Штајнбург 130.135 1.056 км2 120/км2
Штормарн 232.911 766 км2 300/км2
Метрополитенска област Хамбург[7][8] 4.990.307 26.078 км2 191/км2

Најголеми градови

Град Нас.
(2012)
Површина
Густина на нас.
(2012)
Хамбург 1.813.587 755 км2 2.400/км2
Либек 211.713 214 км2 990/км2
Нојминстер 76.951 72 км2 1.100/км2
Нордерштет 74.574 58 км2 1.300/км2
Линебург 70.438 70 км2 1.000/км2
Куксхафен 48.829 162 км2 300/км2
Елмсхорн 47.490 21 км2 2.200/км2
Штаде 45.198 110 км2 410/км2
Висмар 42.433 41 км2 1.000/км2
Пинеберг 41.726 22 км2 1.900/км2
Зефетал 39.921 105 км2 380/км2
Букстехуде 39.858 76 км2 520/км2
Буххолц 36.875 75 км2 490/км2
Илцен 33.467 136 км2 250/км2
Винзен 32.638 110 км2 300/км2
Ведел 31.725 34 км2 940/км2
Аренсбург 31.292 35 км2 890/км2
Ицехо 30.956 28 км2 1.100/км2

* Окрузи и слободни градови (Kreisfreie Städte).
Лудвигслуст бил припоен кон Лудвигслуст-Пархим во 2011 г.; податоци за нас. за 2010 г.

  Слободен град

Поголеми урбани зони

[уреди | уреди извор]
Метрополитенски области во Германија

Хамбуршката поголема урбана зона (ПУЗ) како што е одредена од програмата „Урбан Аудит“ (Urban Audit) на Евростат покрива област од 7.303 км2, а во 2004 година содржела 3.134.620 жители[9] (густина на нас. 429 жители/км2). Поголемата урбана зона ги покрива само Слободниот и ханзеатски град Хамбург и непосредните окрузи со кои се граничи градот.[10] Хамбуршката ПУЗ соодвествува на областа што ја опслужува Хамбуршкиот сообраќаен сојуз (Hamburger Verkehrsverbund; HVV).

Покраина Округ* Нас.
(2012)
Површина
Густина на нас.
(2012)
 Хамбург 1.813.587 755 км2 2.400/км2
 Долна Саксонија Харбург 239.269 1.245 км2 190/км2
Штаде 195.606 1.266 км2 150/км2
 Шлезвиг-Холштајн Војводство Лауенбург 187.905 1.263 км2 150/км2
Пинеберг 298.826 664 км2 450/км2
Зегеберг 261.988 1.334 км2 200/км2
Штормарн 232.911 766 км2 300/км2
Хамбуршка ПУЗ[11][12] 2.903.198
 Шлезвиг-Холштајн Либек 211.713 214 км2 990/км2
Источен Холштајн 197.882 1.391 км2 140/км2
Либечка ПУЗ[11][12] 391.373
 Бремен (покраина) Бремерхафен 112.895 79 км2 1.400/км2
 Долна Саксонија Куксхафен 198.115 2.073 км2 96/км2
Бремерхафенска ПУЗ[11][12] 288.635

* Окрузи и слободни градови.
Не е дел од метрополитенската област Хамбург

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 2011-11-12.
  2. ndr.de: Metropolregion wächst Архивирано на 21 април 2012 г., 20 април 2012
  3. Импресум - метрополитенска област Хамбург (германски), Посетено на 24 март 2009
  4. Staatsvertrag zwischen der Freien und Hansestadt Hamburg, dem Land Mecklenburg-Vorpommern, dem Land Niedersachsen und dem Land Schleswig-Holstein über die Finanzierung der Zusammenarbeit in der Metropolregion Hamburg und die Fortführung der Förderung. In: Nds. GVBl. Nr. 4/2012, ausgeg. am 29. März 2012
  5. taz 19 април 2012
  6. Факти за метрополитенската област Хамбург (PDF), Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, 2006, Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-01-18, Посетено на 24 март 2009
  7. Bevölkerungsstand und Bevölkerungsdichte am 31.12.2012[мртва врска], Metropolregion Hamburg, 2013
  8. Flächennutzung: Siedlungs- und Verkehrsfläche nach Art der tatsächlichen Nutzung am 31.12.2012[мртва врска], Metropolregion Hamburg, 2013
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-11-12.
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. Посетено на 2011-11-12.
  11. 11,0 11,1 11,2 Население по ПУЗ, Евростат, 2014
  12. 12,0 12,1 12,2 Карта на метрополитенски области[мртва врска], Евростат, 2012

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°30′N 10°00′E / 53.5° СГШ; 10.0° ИГД / 53.5; 10.0