Судичка Река (Врсаково)
Изглед
„Судичка Река“
| |
Местоположба | 41°49′01″N 22°07′08″E / 41.81694° СГШ; 22.11889° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Врсаково |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Судичка Река — археолошко наоѓалиште во штипското село Врсаково. Претставува населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, десно од патот за селото Судиќ има рамнина која на источниот крај постепено паѓа кон Судичка Река. Во нивите на В. Николов, Љ. Стојанов и П. Јакимов, со површина од околу 4 хектара, има градежен камен, тегули и имбрекси, а биле раскопувани и темели од ѕидови. Исто така е присутен и голем број фрагменти од керамички садови, како и од пирамидални тегови од печена земја. Исти остатоци се забележуваат и на падините од левата страна на реката.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 430. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |