Кемер (Штип)
„Кемер“
| |
Местоположба | 41°46′06″N 22°12′04″E / 41.76833° СГШ; 22.20111° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Штип |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Кемер — археолошко наоѓалиште во градот Штип. Претставува аквадукт од римско време.
Во коритото на реката Отиња, на околу 500 м североисточно од градот има остатоци од аквадукт. На десниот брег има стопа навалена на карпест терен, со димензии во основата од 1 × 1,80 м и зачувана височина од 3,40 м. Ѕидана е од кршен камен и хидростатичен малтер, а во горниот дел, каде што започнувала арката, од квадратни и правоаголни тули. На 20 м од неа, односно на левиот брег, има друга стопа со димензии од 2 × 2,40 м, зачувана само во долниот дел. Преку овој акведукт била пренесувана водата собирана од изворите во месноста Суитлак за потребите на градската населба Астибо. На ова упатува и намесничавото постоење на керамички тубули од водоводна инсталација, која по изохипсите на Бело Брдо (Техничка населба) се спуштала до маалото Стар Конак, односно до местото каде што се одредува локацијата на Астибо[1],[2].
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Астибо - Стар Конак — населба од римското време;
- Бабите — тумули од железното време;
- Исар — средновековна тврдина;
- Кемер — Аквадукт од римското време;
- Св. Архангел Главатов — средновековна црква;
- Св. Власиј — средновековна црква;
- Св. Илија — средновековна црква;
- Св. Јован Крстител — средновековна црква;
- Трговски Центар — рудник од римското време;
- Тузлија — некропола од римското време;
- Штип;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта ��а Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Штип“. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-08-24.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |